Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryi486jq43nbds51wS7pp

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека СДСМ води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои денес не се реализирани

— реклама —

„Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто дури мислам дека имаме и обврска пред граѓаните, да ги соочиме со тоа што ВМРО-ДПМНЕ правеше во пресрет на минатогодишните избори, а што од сето тоа што тогаш се зборуваше, имаат исполнето. Понатаму, што советуваа од страна на актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ пред 4 години и што од тоа е исполнето. Тоа е наша обврска. И како што сами гледате во сите тие промотивни спотови, ние ништо не зборуваме, тие зборуваат. Тоа се нивни ветувања во коишто близу 100% не се исполнети. Извинете, но тоа е наша обврска да ги информираме за тоа граѓаните. Тоа воопшто не е црна кампања“, рече Филипче.

— реклама —
— реклама —

Претседателот Филипче исто така рече дека СДСМ немало скриени намери во кампањата туку напротив имале должност да ја кажат вистината пред граѓаните.

— реклама —

„Разбирливо е дека кога владата нема со што да се пофали, нема ниту еден сериозен проект, нема ниту една категорија на граѓани коишто се задоволни и коишто видоа бенефит од ова работење на владата изминативе година ипол  ниту пензионерите, ниту работниците, ниту докторите, ниту наставниците, ниту земјоделците се што има останува е да се занимаваат со опозицијата“, рече Филипче на Сител телевизија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања