„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

филипче

media-libraryic6nb9de2cr05But9tv

(Видео) Филипче: Ги дефиниравме црвените линии за национален консензус, очекувем конструктивност од сите партии

„Јазикот, идентитетот, историјата и културните особености се нашите црвени линии. За нив не се преговара со Европската унија. Ова се нашите црвени линии и сметам дека треба да бидат црвените линии на целата нација“ ,рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој ја презентираше Предлог-резолуцијата за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Македонија во Европската Унија.„Имајќи ги предвид стратешките национални интереси, пред се интересот на граѓаните и огромниот процент на поддршка за процесот на пристапување кон ЕУ, изминатиот период се посветивме на изнаоѓање едно предлог решение со коешто би ги постигнале заеднички сите државни и национални позиции преку консензус. А притоа ќе ги отстраниме сите грижи и сомнежи и дилеми поврзани со заштитата на идентитетските обележја во текот на процесот на пристапување со Европската унија.“ рече Филипче.Во резолуцијата е наведено дека Македонија е подготвена да ги исполни сите обврски од преговарачката рамка, вклучувајќи ги и уставните измени, но „со јасна определба дека тоа е последната пречка без прифаќање нови барања или прашања од билатерален идентитетски карактер. Сите билатерални прашања со Бугарија ќе се решаваат во билатерални разговори и инструменти воспоставени меѓу двете држави на еднакво основа без да се создаваат нови блокади на преговарачкиот процес.„Овој документ ќе го поднесам до политичките партии преку Собранието како работна верзија, со цел сите да го разгледаат убаво, детално да даваат свои предлози ако треба некои делови да модифицираме. Очекувам сите политички чинители да имаат конструктивен пристап, да сериозно го разгледаат овој документ и заеднички да го донесеме во Собранието.“ потецнираше претседателот Филипче.Тој побара резолуцијата да не биде злоупотребена за предизборни цели:„Овој документ да не се злоупотреби во корист на предизборната кампања бидејќи станува збор за нешто што е од национален врвен државен интерес. Сметам дека треба да го оставиме овој предизборен период да помине, секој да го каже своето мислење и веднаш после завршувањето на изборите да заеднички во Собранието го договориме и изгласаме.“Во резолуцијата се вметнати и претходни документи, од резолуцијата од 1993 година за надворешно-политички приоритети, преку кандидатскиот статус од 2005 година и договорите од 2017 и 2018, до Резолуцијата од 2021 година.

Македонија | пред 3 месеци

filipce-ck-sdsm

(Видео) Филипче: Црвените линии за СДСМ се јазикот, идентитетот, историјата и културните особености, за нив не се преговара

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешниот брифинг со медиуми ја презентираше Предлог-резолуцијата за дефинирање на заедничките државни и национални позиции во процесот на зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Тој нагласи дека целта на резолуцијата е постигнување национален консензус и јасно дефинирање на црвените линии кои не смеат да се преминат во преговорите со ЕУ.Филипче посочи дека двата најважни делови од предлог резолуцијата односно црвените линии се определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ.„Тоа се елементи за кои не се преговара со Европската Унија и ова се нашите црвени линии и сметам дека треба да бидат црвените линии на целата нација. Многу од овие одредници се заштитени со претходни декларации документи и договори меѓународни. Тоа што сега нудиме е заеднички пристап како и секоја друга сериозна држава, да имаме заеднички црвени линии. Поради тоа што ако го постигнеме националниот консензус и ако интензивно работиме на реформите притоа државата расте се надградува и зајакнува,никој никогаш и ништо нема може да запре на патот кон Европската унија“, рече Филипче.Тој додаде доколку во преговорите за членство се отвораат или наметнуваат прашања што го доведуваат во прашање македонскиот јазик или идентитет, државниот врв има обврска со заедничко писмо да ја информира ЕУ дека тие теми се неприфатливи и не се предмет на преговори.„Ако во текот на преговорите на членство Европската Унија од страна на европски институции или било која држава членка на ЕУ се отворат прашања со кои се проблематизира македонскиот јазик или било кое друга идентитетско обележје или доколку преговарачкиот процес биде блокиран поради идентитетски прашања или барања кои се надвор од преговарачката рамка и не припаѓаат на Копенхашките критериуми за членство, тогаш со заедничко писмо, Претседателот државата,Собранието Владата имаат обврска да ги информираат сите европски институции, Европската Комисија, Претседателот на Европскиот совет, Претседател на европскиот парламент, еврокомесарот за проширување и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, дека е потребно безусловно почитување на јазичните и идентитетски историски и културни особености како елементи за кои не се преговара.Во својот говор, тој потенцираше дека документот ќе биде поднесен до политичките партии како работна верзија, со цел сите да имаат можност да го разгледаат и да дадат свои предлози и сугестии.„Ова ќе биде еден предлог-документ, една предлог-работна верзија, за којашто очекувам сите политички чинители прво да имаат конструктивен пристап, да сериозно го разгледаат овој документ, да дадат свои предлози и заеднички да го донесеме документот во Собранието,“ рече Филипче, нагласувајќи дека прашањата поврзани со идентитетот не смеат да бидат предмет на нови пречки во процесот на пристапување.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryue9bjbt9ngvg6Rc3kb0

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми, посочи дека единствени кои што се разочарани и незадоволни од неспроведувањето на никакви реформи во правосудството, се само граѓаните.Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството и неспороведувањето на потребните реформи.„Сметам дека е апсолутно недозволиво премиерот да се однесува како независен аналитичар и да ги коментира само состојбите во правосудството, кога тој е директно одговорен за спроведување на реформите.Досега не се спроведени ниту една од предвидените реформи, преку носење на реформски закони во правосудството согласно Планот за раст, рече Филипче.Во изјавата Филипче укажа дека од предвидените во Собранието не е поднесен ниту еден.„За оваа година беа предвидени 12 закони од коишто седум  требаше да се донесат до јуни 2025 година. Во Собранието не е поднесен ниту еден, и дополнителни 5 кои од јуни до декември 2025 година требаше да се донесат согласно Планот за раст - нешто за што е врзан одреден буџет од Европската Унија, којшто секако веќе еден дел сме изгубиле. Од тие 5 закони од Министерството за правда не е донесен ниту еден“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има огромно мнозинство во Собранието, 58 пратеници ВМРО-ДПМНЕ скоро двотретинско мнозинство со владејачката коалиција, поради што нема ниту една причина за тоа што сега се случува со неспроведување на реформите во правосудниот систем.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycc13bg4u4j7r0n2TBmK

Филипче: Гази Баба бара промени, Влатко е чесен, отворен за сугестии и работи за граѓаните

Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво - нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д- р Венко Филипче, во општина Гази Баба.Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината.„Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката дека граѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет“, рече Филипче.Во изјавата, Филипче додаде дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Гази Баба, Влатко Митовски, има реални и издржани проекти кои се одговор на потребите на жителите на оваа општина.„Влатко Митовски пред граѓаните излегува со издржани решенија во програмата, за надминување на проблемот со кучињата скитници, за нова спортска сала, затворен базен но и субвенции за пазарџиите. Потребите на граѓаните на Гази Баба буквално се преточени во соодветни решенија“, рече Филипче.На овие локални избори како што кажа Филипче, разликата е јасна - граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе кои стојат зад својот збор и луѓе кои бегаат како кукавици при првата криза.„Не ветуваме лесен пат, но ветуваме борба – борба со главата високо. Време е за мерка во политиката: компетентност и резултати наместо гол ПР, работа наместо парада, ред наместо партиски хајки. Ве повикувам на заедничка борба, за подобра Гази Баба, за вашето семејство, за вашата улица, за вашиот град, за нашиот дом“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Скопје | пред 3 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и лаги, додека СДСМ настапува со чесни и компетентни кандидати на овие избори.„Оваа власт е се подалечна од народот. Арогантна и самозадоволна, додека семејствата бројат денови до следната плата и ги кратат основните трошоци.  Работниците чекаат повисоки плати, а тие се расфрлаат со нивните пари. Додека платите стагнираа, инфлацијата го јаде секој заработен денар.“ рече Филипче.„Имаме највисоки цени за храна, а власта не прави ништо да ги ограничи додека ни продаваат приказни дека сме на врвот во Европа во економија. Сите изборни ветувања им беа една голема лага, а лажниот патриотизам превез за осиромашување на луѓето,“ посочи тој.Филипче порача дека СДСМ нуди вистинска алтернатива, чесна понуда со остварливи програми:„СДСМ на овие избори оди со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет. Граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе во општините кои ги предлага СДСМ и гол ПР на ВМРО-ДПМНЕ без никакви резултати.“„Ние сме подготвени да работиме сериозно, транспарентно и секогаш со слух и емпатија за граѓаните. Тоа го докажавме во минатото, ќе го докажеме и сега. Државата и општините може да се вратат на вистински пат само со луѓе кои си стојат на зборот и не бегаат како кукавици при првата криза,“ рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ надвор од пропагандата нема што друго да каже, се што ветија, излажаа

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот работен состанок во Струга со кандидатите за градоначалници и советници од СДСМ за претстојните локални избори, порача дека СДСМ има јасна и искрена понуда за граѓаните – квалитетни кандидати кои доаѓаат со силна поддршка и доверба од теренот.Во обраќањето Филипче посочи дека СДСМ е единствана партија која со сите политики и одлуки секогаш пред очи го има граѓанинот, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои се што ветија, излажаа и не исполнија.„Лажеа за Европа, лажеа за сите добри политики. Што збореа за Европа, ќе има подобри преговарачки позиции, судот од Стразбур ќе се борел за да се имплементираат одлуките во Бугарија за нашето малцинство, дека ќе има уставни измени со одложено дејство, дека името ќе го вратат, дека договорот со Бугарија ќе го поништат. Ништо не направија, ништо за граѓаните“, рече Филипче.Во обраќањето Филипче нагласи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради цела политичка стратегија врз лаги и манипулации, кои денес се разобличени пред очите на граѓаните. Паралелно ги одбија сите добри политики на СДСМ за да им е помогне на граѓаните во услови на растечки трошоци живот и стагнирачки ниски плати.„Надвор од пропагандата, оваа власт денес нема што да каже. Дадовме предлог за повисоки плати? Дадовме предлог за ДДВ? Нема шанси, ниту една политика за доброто на граѓаните не ја прифаќаат и немаат намера да направат нешто. Сега луѓето тоа полека го гледаат“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryamgeuglj77o48oQ8S6K

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

„Владата на ВМРО ДПМНЕ  лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација,“ изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тој потенцираше дека токму поради овие лаги и пропусти, власта е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околните населени места.„Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Официјалните податоци, кои беа објавени дури шест дена по пожарот, покажуваат алармантни бројки: 12 пати над дозволеното ниво на кадмиум во воздухот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), покачени вредности на арсен и олово. Ова е воздухот што го дишеле нашите деца,“ предупреди Филипче.Како што кажа тој, ова претставува врв на нестручност, кукавичлук и непрофесионализам.„Македонија се нема соочено со понеодговорна и кукавичка власт, која наместо да соочи храбро со секоја криза, таа се обидува да си го спасува рејтингот и да минимизира. Со оваа власт, граѓаните се во постојан ризик затоа што не може да бидат сигурно дека ќе бидат заштитени од било која закана“,рече Филипче.При тоа, Филипче порача дека одговорност мора да има и бара  оставки од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.„Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов. Барам обвинителството да отвори истрага и да одговараат сите кои дозволија со своето непостапување да се загрози животот и здравјето на луѓето.Итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои со своето непостапување дозволија да се загрози животот и здравјето на граѓаните“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Жално е што реформите за ЕУ интеграциите Владата воопшто не ги спроведува

Да го искористиме времето и искуството на другите земји, за да исчекориме напред и да покажеме резултати во преговорите за членство во Европската Унија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче.На денешната работилница „Придонесот на Собранието во ЕУ преговорите“, организирана во рамки на проектот „Поддршка на Европската интеграција на Северна Македонија“, Филипче посочи дека Македонија нема друга иднина освен Европа, а Националниот совет за евроинтеграции треба да биде платформа која ќе се надградува со искуства од другите земји.„Треба да учиме од туѓи грешки, од туѓи искуства и на тој начин да покажеме дека имаме некаква визија, имајќи предвид дека сме компатибилни како земји и со Црна Гора и со Албанија, коишто се сега неколку чекори пред нас, поради нивната посветеност, којашто ја покажаа во изминатите повеќе години, потврдувајќи ја визијата каде сакаат да ја видат својата земја во иднина“, рече Филипче.На работилницата, Филипче нагласи дека е потребен политички консензус, особено во спроведувањето на реформите кои произлегуваат од преговарачката рамка.„Барем во делот на спроведувањето на реформите, да покажеме некаков перформанс. Жално е што тоа не се случува во овој момент со доволна динамика, така како што треба да се случува. Се доцни со носењето на приоритетните закони од реформската агенда, пред сè од Министерството за правда. Меѓутоа, има еден добар, позитивен момент, имавме заеднички и надпартиски консензус во критиката на министерот за правда на минатиот состанок, од најголемите политички партии“, рече Филипче.Во однос на постигнувањето политички консензус за обезбедување уставни измени и за отпочнување на преговорите со ЕУ, Филипче потенцираше дека Собранието треба да биде телото во коешто тој процес ќе се одвива.„Нема друга институција во државата во која што треба да седнат сите политички чинители и да го постигнат потребниот консензус. Ако и формалниот дел, самото гласање, и така натаму, се одвива во Собранието, нема потреба да бараме други форми“, рече Филипче.Денешната работилница има за цел да ги зајакне капацитетите на Собранието во процесот на Европските интеграции, преку унапредување на неговата улога во вршењето на демократски надзор, поттикнување на инклузивност и градење на политички и општествен консензус околу реформите поврзани со ЕУ. Целта на проектот во рамки на работилницата, кој се имплементира од Канцеларијата на Обединетите нации за услуги на проекти (UNOPS), е да ја зајакне институционалната подготвеност и капацитетите на Северна Македонија за водење ефективни пристапни преговори и успешно управување со процесот на интеграција во Европската Унија.

Свет | пред 3 месеци

filipce

Филипче: Срамен е молкот на институциите, граѓаните во Трубарево да носат маски и да не излегуваат без потреба

Претседател на СДСМ, Д-р Венко Филипче, преку својот профил на Фејсбук упати јавна реакција за пожарот во фабрика за акумулатори во Трубарево и за потенцијалната опасност по здравјето на граѓаните.„Институциите итно мора да излезат со точни податоци дали и колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево. Страшен е молкот и доцнењето во препораките, особено од здравствените власти“, напиша Филипче.Тој предупреди дека дел од информациите укажуваат на горење на литиумски батерии и друг опасен отпад.„Загрижувачки се дел од информациите кои пристигаат дека горат литиумски батерии и друг отпад кој е исклучително опасен“, рече Филипче.Во исчекување на официјални информации, Филипче упати конкретни совети до граѓаните во погодените подрачја:„Препорачувам граѓаните во Трубарево и околните населби да носат маски, да не престојуваат на отворено без итна потреба и да земаат антиоксиданси за превенција“, истакна тој.Филипче ја осуди и реакцијата на надлежните институции, нарекувајќи ја „неодговорна и апсурдна“.„Апелирам до властите – крајно е неодговорно да се молчи во вакви случаи. Исто така е крајно неодговорно наместо решенија, одговорните да измислуваат приказни за хибридни напади, политички потпалени пожари и слично. Ова е надвор од секој здрав разум“, посочи Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

filipce-pozari

Филипче: Македонија е претворена во држава на хаос и опасно место за живеење

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро реагираше на серијата пожари и загадувањето кое последните недели ја погоди земјата.„Состојбата апсолутно излегува од контрола. За неколку дена изгореа две фабрики, а две недели власта не може да ги изгасне депониите Дрисла и Вардариште. Скопјани се трујат во канцерогени материи. Сега гори и фабрика за акумулатори во Трубарево,“ напиша Филипче.Тој нагласи дека „државата наместо горда, стана држава во хаос“ и предупреди дека ваквата состојба ја прави Македонија „опасно место за живеење“.„Мора да се стави крај на оваа неодговорност, башибозук и некадарност,“ додаде лидерот на СДСМ.

Коментари | пред 3 месеци

Venko-8-Septemvri

Филипче: Државата е нашиот дом, борбата за иднината е заедничка обврска

Лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во видео обраќање по повод Денот на независноста – 8 Септември, порача дека државата е дом на сите граѓани и борбата за нејзината иднина е заедничка обврска.Филипче нагласи дека државата не е ничија сопственост, туку припаѓа на граѓаните. „Државата е на граѓаните. Таа е нашиот дом. За нашиот дом мора да се бориме сите. Македонија е и на тие што останаа овде, и на тие што заминаа, ама не заборавија. Мораме да ја чуваме оваа држава, затоа што немаме друга“, истакна тој.Тој повика на политичко и државничко освестување, оценувајќи дека патриотизам е да се обезбеди чист воздух, да се помагаат послабите и посиромашните и да се гради правична држава. „Државата не се брани само со знаме и химна, се брани и со фер институции, и со праведно судство, и со еднакви шанси за сите. Денес заканата не е од оружје, туку од корупцијата, неправдата, дискриминацијата и сиромаштијата“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ потсети дека партијата во изминатите 34 години учествувала во сите клучни државни одлуки, со кои, како што рече, е зачувана државата од војна, изградени институциите, зголемени платите и социјалната помош, обезбедено членство во НАТО и справување со кризите.„Сега е време да се обезбеди иднина што нема да зависи од тоа кој е на власт, туку каква држава сме изградиле. Ако 1991 се изборивме за независност, сега треба да се избориме за иднина. Честит нека ни е Денот на независноста, да ни е силна државата, да ни е чесна борбата“, порача Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

mickoski-filipce

Можеби со странски финансиски извори е финансирана ВМРО-ДПМНЕ, вели Филипче праша: „Зошто Мицкоски комуницирал со следени групи?“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за Слободен печат, укажа дека можеби една од причините поради кои власта се противи на декласификација на документацијата поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност е стравот да не излезат на виделина информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.„Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско ниво. Дел од сознанијата во врска со финансии коишто доаѓаа за време на нашето владеење кон некои структури – исто така. Можеби е тоа една од темите коишто ќе излезат ако се декласифицираат овие податоци сега од АНБ. Мислам дека власта нема да го направи, поради тоа што сметам дека ќе избега од таа тема“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче повторно повика на декласификација на документацијата, велејќи дека тоа е единствениот начин за расчистување на аферата, без потреба од судски одлуки.„Во законот јасно пишува дека дека одговорен за декласификација на документите, доколку постои сомнеж за криминал или злоупотреба, е самата институција, односно АНБ Значи, од Агенцијата за национална безбедност и од директорот зависи дали тие материјали ќе се декласифицираат или не. Ние бараме да се декласифицираат, да видиме кои луѓе биле пратени, кои групации и зошто, да видиме дали имало прекршување од било кој – ако треба некој да понесе одговорност“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, постои едно специфично прашање, а тоа е дали со тие групи кои што биле пратени и биле обработувани материјали согласно капацитетот и ингеренциите на Агенцијата за национална безбедност, комуницирал и премиерот и зошто комуницирал.„Дали тој бил директно пратен или комуницирал со некој кои што биле пратени заради сомнителни активности? И тоа е исклучително прашање. Апелирам да во што пократок рок тие документи се декласифицираат и јавноста да знае за што станува збор“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не ги лаже младите, тие беа заборавени цели седум години

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на Венко Филипче по неговите средби со младите, обвинувајќи го за, како што велат, лицемерие и заборавеност на младите генерации додека неговата партија била на власт.„Филипче им говорел на младите за тешкиот живот, ниските плати и иселувањето, но тоа беа реалностите токму во неговото време. Инфлацијата беше над 20%, платите мизерни, пензиите се зголемуваа за само 185 денари, јавниот долг над 60%, а студентските домови и факултети беа оставени на милост и немилост. Учениците со години учеа без учебници. СДС и ДУИ владееја со државата седум години и токму тие се одговорни за катастрофалната состојба“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека во изминатите 15 месеци, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презела власта, биле постигнати конкретни резултати. „Платите се покачени во администрацијата, здравството, образованието и полицијата. Инфлацијата се контролира и не е веќе 20%, јавниот долг се намали. Странските директни инвестиции достигнаа милијарда и 250 милиони евра. Учениците годинава добија учебници на први септември, а студентските домови и факултетите се реконструираат. Младите добиваат финансиска поддршка за стартапи, земјоделство и субвенции за електронски уреди,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче треба да им се извини на младите што седум години беа целосно заборавени, наместо да ги лаже и манипулира. За сè што направија, СДС и ДУИ веќе беа казнети на избори, а сличен пораз ќе ги снајде и во октомври,“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

MUCUNSKI

Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати, вели Муцунски и упати критика кон Филипче

„Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата,“ изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.Тој потсети дека изминатите години се покажало што значат политиките на брзи потези и празни ветувања, оценувајќи дека СДСМ и ДУИ отворале надеж со секое ветување, а ја поништувале со секој притисок. „Заедничките документи што се носеа во Собранието не донесоа сила, туку слабост – беа дерогирани веднаш штом ќе се појавеше предизвик,“ рече Муцунски.Министерот нагласи дека патот на сегашната влада е поинаков и се базира на решенија кои носат траен напредок. „Подобро е да покажеме трпение и мудрост, отколку да направиме потег кој утре ќе биде уште поголем товар за државата. Тоа е државнички пристап: да мислиме на денес, на утре и на задутре,“ истакна тој.Муцунски додаде дека европската иднина за актуелната влада не е празна фраза, туку борба против корупцијата, модерна администрација, дигитализација, инвестиции во патишта, инфраструктура и нови можности за граѓаните. „Ние веруваме дека резултатите дома создаваат почит надвор. Токму затоа сме решени да обезбедиме европска иднина која ќе биде достојна, одржлива и прифатлива за сите. Тоа го заслужува македонскиот народ,“ порача Муцунски.

Македонија | пред 3 месеци

filipce

Филипче: Преполовени странските инвестиции, пропадна митот за инвестициски бум

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека во првата половина од 2025 година странските инвестиции се преполовени во однос на истиот период минатата година, кога на власт беше СДСМ.„Со овој податок пропаѓа и последната излитена пропаганда на власта, дека во Македонија се случува инвестициски бум. Секојдневно пропаѓа и митот за наводната економска способност на ВМРО-ДПМНЕ. Нема ниту еден економски параметар во кој оваа влада не е барем двојно послаба од владата на СДСМ,“ нагласи Филипче.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања