Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не ги лаже младите, тие беа заборавени цели седум години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на Венко Филипче по неговите средби со младите, обвинувајќи го за, како што велат, лицемерие и заборавеност на младите генерации додека неговата партија била на власт.

— реклама —

„Филипче им говорел на младите за тешкиот живот, ниските плати и иселувањето, но тоа беа реалностите токму во неговото време. Инфлацијата беше над 20%, платите мизерни, пензиите се зголемуваа за само 185 денари, јавниот долг над 60%, а студентските домови и факултети беа оставени на милост и немилост. Учениците со години учеа без учебници. СДС и ДУИ владееја со државата седум години и токму тие се одговорни за катастрофалната состојба“, велат од партијата.

— реклама —
— реклама —

Оттаму додаваат дека во изминатите 15 месеци, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презела власта, биле постигнати конкретни резултати. „Платите се покачени во администрацијата, здравството, образованието и полицијата. Инфлацијата се контролира и не е веќе 20%, јавниот долг се намали. Странските директни инвестиции достигнаа милијарда и 250 милиони евра. Учениците годинава добија учебници на први септември, а студентските домови и факултетите се реконструираат. Младите добиваат финансиска поддршка за стартапи, земјоделство и субвенции за електронски уреди,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Филипче треба да им се извини на младите што седум години беа целосно заборавени, наместо да ги лаже и манипулира. За сè што направија, СДС и ДУИ веќе беа казнети на избори, а сличен пораз ќе ги снајде и во октомври,“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 2 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 2 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања