Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

(Видео) Филипче: Ги дефиниравме црвените линии за национален консензус, очекувем конструктивност од сите партии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryic6nb9de2cr05But9tv

„Јазикот, идентитетот, историјата и културните особености се нашите црвени линии. За нив не се преговара со Европската унија. Ова се нашите црвени линии и сметам дека треба да бидат црвените линии на целата нација“ ,рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој ја презентираше Предлог-резолуцијата за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Македонија во Европската Унија.

„Имајќи ги предвид стратешките национални интереси, пред се интересот на граѓаните и огромниот процент на поддршка за процесот на пристапување кон ЕУ, изминатиот период се посветивме на изнаоѓање едно предлог решение со коешто би ги постигнале заеднички сите државни и национални позиции преку консензус. А притоа ќе ги отстраниме сите грижи и сомнежи и дилеми поврзани со заштитата на идентитетските обележја во текот на процесот на пристапување со Европската унија.“ рече Филипче.

— реклама —

Во резолуцијата е наведено дека Македонија е подготвена да ги исполни сите обврски од преговарачката рамка, вклучувајќи ги и уставните измени, но „со јасна определба дека тоа е последната пречка без прифаќање нови барања или прашања од билатерален идентитетски карактер. Сите билатерални прашања со Бугарија ќе се решаваат во билатерални разговори и инструменти воспоставени меѓу двете држави на еднакво основа без да се создаваат нови блокади на преговарачкиот процес.

„Овој документ ќе го поднесам до политичките партии преку Собранието како работна верзија, со цел сите да го разгледаат убаво, детално да даваат свои предлози ако треба некои делови да модифицираме. Очекувам сите политички чинители да имаат конструктивен пристап, да сериозно го разгледаат овој документ и заеднички да го донесеме во Собранието.“ потецнираше претседателот Филипче.

— реклама —

Тој побара резолуцијата да не биде злоупотребена за предизборни цели:

— реклама —

„Овој документ да не се злоупотреби во корист на предизборната кампања бидејќи станува збор за нешто што е од национален врвен државен интерес. Сметам дека треба да го оставиме овој предизборен период да помине, секој да го каже своето мислење и веднаш после завршувањето на изборите да заеднички во Собранието го договориме и изгласаме.“

Во резолуцијата се вметнати и претходни документи, од резолуцијата од 1993 година за надворешно-политички приоритети, преку кандидатскиот статус од 2005 година и договорите од 2017 и 2018, до Резолуцијата од 2021 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

„Министерот за здравство и сите надлежни мора да поднесат оставка поради Гостивар“, вели Филипче

Македонија | пред 6 дена

media-libraryerfalp35h83kaFMXpBs

(Видео) Филипче: Здравствениот систем е во колапс, државата не го штити здравјето на граѓаните

Македонија | пред 6 дена

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

(Видео) Филипче: „Документи откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок“

Македонија | пред 6 дена

media-librarysjk5kemche6553QKpMV

„Четири земји напредуваат кон ЕУ, Македонија стои во место“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања