Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Гази Баба бара промени, Влатко е чесен, отворен за сугестии и работи за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-librarycc13bg4u4j7r0n2TBmK

Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво - нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д- р Венко Филипче, во општина Гази Баба.

— реклама —

Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината.

— реклама —

„Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката дека граѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет“, рече Филипче.

Во изјавата, Филипче додаде дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Гази Баба, Влатко Митовски, има реални и издржани проекти кои се одговор на потребите на жителите на оваа општина.

— реклама —

„Влатко Митовски пред граѓаните излегува со издржани решенија во програмата, за надминување на проблемот со кучињата скитници, за нова спортска сала, затворен базен но и субвенции за пазарџиите. Потребите на граѓаните на Гази Баба буквално се преточени во соодветни решенија“, рече Филипче.

На овие локални избори како што кажа Филипче, разликата е јасна - граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе кои стојат зад својот збор и луѓе кои бегаат како кукавици при првата криза.

„Не ветуваме лесен пат, но ветуваме борба – борба со главата високо. Време е за мерка во политиката: компетентност и резултати наместо гол ПР, работа наместо парада, ред наместо партиски хајки. Ве повикувам на заедничка борба, за подобра Гази Баба, за вашето семејство, за вашата улица, за вашиот град, за нашиот дом“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 4 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања