„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

филипче

IMG_5169

Филипче: СДСМ се враќа, кризата од изборите е минато

„СДСМ е подигната на нозе и функционална, активна во политичкиот простор и со тоа би рекол првата фаза на стабилизација е целосно завршена“ истакна на денешниот брифинг со медиумите, претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.Тој истакна дека периодов ќе е фокусиран, на средби и разговори со членството, раководствата од партијата, претседателите, извршните одбори. Идните чекори на партијата се да се формираат работни групи, со цел СДСМ да биде функционална, а сите партиски тела оперативни.„Целта е да се формираат работни групи во коишто ќе членуваат не само официјалните во моментот општински раководства туку и овие луѓе коишто на некој начин се тргнати на страна и во рамките на тие групи да почне и формалниот процес на општински конференции во кои ќе започне и изборот на нови делегати на Конгресот имајќи предвид дека мандатот на овие делегати истекува на крајот на септември, а целта е крајот на септември и почетокот на октомври со се ова што го правиме сега да се конституира новиот конгрес со новите делегати којшто ќе го избере централниот одбор којшто понатаму ќе го избере и новото раководство на партијата. До тогаш целиот процес ќе го водат работните групи“ рече Филипче на брифингот.Филипче најави и целосно нова стратегија на СДСМ.„Започнуваме подготовка на целосно нова стратегија и таканаречен „Блупринт за социјадемократија“ Овој документ ќе биде новата идеолошка и политичка стратегија за ребрендирање и модернизација на СДСМ. Со него ќе направиме реафирмација на социјадемократските вредности прилагодени на новото време земајќи ги предвид секако новите политики коишто ќе ги презентираме на еден инклузивен начин, со широка платформа во којашто беа вклучени многу фактори што ги делат нашите вредности“-истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешниот брифинг.

Македонија | пред 1 година

IMG_4456

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од 1.5 мегавати во Дојран, тврди Лефков

„Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од 1.5 мегавати во Дојран“, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и додава:На крајот на минатата 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче, братот на Венко, формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче.Никола Филипче брат на Венко Филипче ја купува земјата во Дојран на која сега е изградена фотоволтаичната централа од 23000 м2 во 2021 година, кога министер за здравство е неговиот брат.Додека Венко Филипче е министер за здравство во владата на Зоран Заев, неговиот брат преку министерството за транспорт добива дозвола за пренамена на земјиштето со цел изградба на фотоволтаична централа. За неполн месец градоначалникот на Дојран од редовите СДС го менува ДУП-от и овозможува Филипче да ја гради централата.За ова Венко Филипче е претседател на СДС, да ги штити бизнисите на семејствата Заеви и Филипче.Филипче е претседател на СДС за да може уште некој градоначалник од оваа партија да направи добра основа за бизнис зделка нему блиски луѓе, како неговиот брат и на Вице Заев.Филипче е прочитан. Одговори и одговорност мора да има.

Македонија | пред 1 година

IMG_5010

Филипче: Кредитот е неповолен, станува збор за политичко заложништво кон Унгарија

Гледано од економски аспект кредитот од 500 милиони евра воопшто не е поволен, владата на СДСМ обезбедувала кредит со камата од 1,6% во споредба со сегашните над 3%, не станува збор економски бенефит туку за политичко заложништво, вели во изјава за Дојче Веле претседателот на СДСМ, Венко Филипче.-Од економски аспект гледано овој кредит воопшто не е поволен. Владата на СДСМ во изминатиот период даде кредит кон стопанството од 150 милиони евра преку Европската банка за развој и тој кредит беше со каматна стапка од само 1,6%. Во споредба со овој којшто се нуди со каматна стапка од над 3% и очигледно некои скриени трошоци кои допрва ќе излезат на виделина. Во ова смисла не станува збор за некаков економски бенефит туку за политичка одлука. И јас сум навистина загрижен дека станува збор за една форма на политичко заложништво кон Унгарија и директно од Виктор Орбан.Очигледно е дека тој сака да стане патрон на Христијан Мицкоски. Да потсетам дека неговата партија е исфрлена од европското семејство ЕПП и сега таа партија од Унгарија соработува со партиите на радикалната десница. Стравувам дека под диктат на Виктор Орбан такви политики Христијан Мицкоски ќе почне да имплементира тука кај нас, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски успеа за многу кратко време да застрани од стратешките позиции на државата кои се градени со децении наназад.-Овој кредит што очигледно е договорен во четири очи, кредит од 500 милиони евра од Унгарија, отвора многу прашања, а најважното од сите е во која насока ќе се движи земјава во следниот период. Во ВМРО-ДПМНЕ многу брзо ја сменија плочата истите тие луѓе кои цела година наназад, зборуваа дека земјата е презадолжена сега го дополнително го оптоваруваат долот со 500 милиони евра, и најинтересно од се е дека очигледно преговарале за зголемување на долгот во истиот период, додека критикуваа дека земјава е презадолжена. На површина излегува нивното лицемерие и очегледно е дека ги изневеруваат граѓаните, потенира претседателот на СДСМ, Венко Филипче за Дојче Веле.

Македонија | пред 1 година

IMG_4456

Европските социјалисти, ПЕС, му честитаа на Филипче за изборот за претседател на СДСМ

Партијата на европски социјалисти, ПЕС, му честитаа на Венко Филипче за изборот за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.-Честитки до Венко Филипче, новиот лидер на нашата сестринска партија, СДСМ. Со нетрпение ја очекуваме нашата соработка, стои во честитката на ПЕС.

Македонија | пред 1 година

IMG_4831

Филипче: Граѓаните денес се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, најмоќниот воен сојуз во светот

Граѓаните денеска се чувствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, најмоќниот воен сојуз во светот, благодарение на посветеноста и одлучноста на СДСМ заедно и граѓаните, потенцира претседателот на СДСМ, Венко Филипче во објава на Фејсбук.-Во 2020 година, благодарение на посветеноста и одлучноста на СДСМ и граѓаните, Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Со ова, земјата ја реализираше една од најважните стратешки цели која стоеше во програмите на сите политички партии од 1990 година па се до тој момент. Денес сме безбедна и стабилна држава, значајна и рамноправна членка на Алијансата.Патот до членство во НАТО не беше лесен. Бараше решителност, стратешка визија и, пред сè, храброст да се донесат одлуки за доброто и иднината на граѓаните. СДСМ презеде одлучни чекори во оваа насока, уште со Преспанскиот договор во 2018 година, а 600.000 граѓани на реферундум го потврдија правилниот пат кој го одбра СДСМ. Одлучноста Северна Македонија да застане рамо до рамо со водечките светски демократии денес изгледа поважно од кога било. Во услови на војна на европско тло и светска нестабилност, нашите граѓани може да се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот.Приклучувањето кон НАТО ја зацврсти нашата национална безбедност, ја подобри нашата меѓународна позиција и отвори нови можности за економски раст и развој. Преку членството во НАТО, СДСМ ја потврди и посветеноста на партијата на развојот, демократските вредности, трајниот мир и безбедноста.Членството во Алијансата е придобивка за сите граѓани и секој политички чинител е должен да го негува и чува ова достигнување. Владата е должна да работи кон понатамошно унапредување на односите со Алинсата и земјите партнери во градење на цврста и долгорочна соработка.СДСМ останува посветена на носење одлуки кои служат за најдобар интерес на нашата нација. Ние веруваме дека само преку стратешко планирање, одлучност и ставањето на доброто на сите пред партиските интереси може да се надеваме на просперитетна иднина, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4891

Филипче оддаде почит за ликот и делото на Глигоров: Нема успешна иднина без почитување на историјата

Претседателот Венко Филипче денеска оддаде почит за ликот и делото на првиот Претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, заедно со неговата ќерка Донка Глигорова, и неговиот шеф на Кабинет, Живко Кондев.-Длабока почит за ликот и делото на првиот Претседател на независна и суверена Македонија и горд носител на членската книшка бр.1, на држовотворната СДСМ, другарот Киро Глигоров. Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата и вредностите врз кои почива современата македонска држава. Секогаш ќе стојам простум пред сите оние кои со своите дела вечно се вградени во темелите на нашата Татковина. Продолжуваме да го чуваме огнот на АСНОМ и НОБ како негови горди наследници и следбеници на тие вредности и идеали. Секогаш на вистинската страна на историјата, порача претседателот Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4846

Филипче: Ќе се формира работно тело кое ќе раководи со партијата до следниот Конгрес

Имам конкретен план, прво што ќе биде направено е едно работно тело кое практично ќе биде една форма на в.д. раководство на партијата до следниот Конгрес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во синоќешната емисија „Топ Тема“ на Телма.-Мандатот на делегатите на Конгресот полека истекува на почеток на есента. Прво што ќе биде направено е едно работно тело во централата, во партијата во Скопје, кое практично ќе биде една форма на в.д. раководство на партијата. Првата задача ќе биде да се постават нови в.д. претседатели на Општинските организации насекаде во државата. Тие општински претседатели ќе треба да формираат свои Извршни одбори исто така како вршители на должноста. Овие општински раководства во првата фаза ќе треба да направат општински конференции во коишто ќе се изберат нови делегати за нов состав на Конгресот, со оглед на тоа што мандатот на сегашните истекува, и нови предлози за членови во Централниот одбор, рече Филипче.Претседателот на СДСМ најави дека во месец октомври ќе се конституира новиот Конгрес на СДСМ којшто ќе ги избере новите раководни структури на партијата и ќе се спроведат статутарни измени.-Во текот на есента, очекувам тоа да биде во месец октомври, ќе се конституира и ќе се состане новиот Конгрес со нови делегати којшто ќе ги избере новите членови на Централниот одбор. Од тој Централен одбор понатаму ќе се изберат новите раководни структури во партијата, како новиот Извршен одбор, новите потпретседатели. И, на истиот тој состанок на Конгресот ќе се спроведат статутарните измени за имплементација на Програмата којашто јас ја предлагам, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Топ Тема“ на Телма.

Македонија | пред 1 година

IMG_4831

Филипче: Ќе се разочараат оние кои сакаат да ја видат СДСМ на колена

Личните интереси настрана и одлуки што ќе бидат за општото добро на сите – членовите, граѓаните и државата. Ова го вети д-р Венко Филипче кој синоќа беше избран за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори.„Многумина сакаат да ја видат СДСМ клекната и поразена. Се надеваат дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз. Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а они кои се надеваат на лоша иднина на партијата, длабоко ќе се разочараат“, потенцираше Филипче.Тој вети дека ќе ја води партијата преку принципите од кои тој се води и во животот – заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација со сите.„Како претседател ветувам дека нема да делам туку ќе обединувам. Ветувам дека ќе водам со пример и тоа ќе го барам од секој во партијата. Ветувам дека силно ќе се спротивставам на оние кои сакаат да ја ослабнат партијата на сметка на личниот интерес. Ветувам дека ќе го заштитам и слушнам секој член и на секому ќе му дадам глас. Ветувам дека СДСМ ќе биде приземна, отворена и модерна партија подготвена за предизвиците кои следат“, рече Филипче.Во своето обраќање, Филипче истакна дека СДСМ ќе дејствува како силна опозиција којашто ќе се бори против лошите политики на власта и секогаш ќе биде гласот на разумот и на граѓанската волја која ќе биде заштитена доколку е погазена.„СДСМ секогаш ја одбирала страната на напредокот, на демократијата, на државноста и европските вредности и затоа мора да продолжиме да чекориме по тој пат. Мора да се бориме граѓаните тоа да го препознаат во нас, бидејќи тоа ќе значи победа за СДСМ“, рече Филипче.Зборувајќи за победата и неговиот избор за претседател на СДСМ, Филипче истакна дека тоа претставува огромна одговорност за него на која ќе одговори со професионализам, емпатија и грижата за луѓето кои се негови основни принципи и принципи по кои ќе функционира и партијата под негово раководство.„Сега е време за обнова на СДСМ и многу работа. Малку имаме за славење. Следи период на реорганизација и реформа согласно моите програмски ветувања со кои сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува. Ова нема да биде ниту брзо ниту лесно. Но јас знам дека нема друг начин да ја вратиме довербата кај членовите освен да направиме вистински темелни промени“, рече Филипче и додаде дека тоа единствено може да биде постигнато преку вистински и истрајни промени што ќе ја вратат довербата во СДСМ и што ќе и овозможат на партијата повторно да биде мотор на општествениот напредок.Филипче се заблагодари за довербата од членството и упати честитки и до своите сопартијци противкандидати и до изборната комисија за спроведени демократски избори и конкурентната борба. СДСМ демонстрираше дека има демократски капацитет, кој како иден претседател ќе го негувам и унапредувам, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4771

Филипче нов претседател на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во Владата на Зоран Заев, го презеде раководењето во СДСМ.Членство му даде поддршка на Филипче на вонредните внатрепартиски избори на кои силите ги одмери со Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во заминување, и Александар Бајдевски, поранешен заменик министер во МИОА.Со оглед дека на изборите гласаа 12 608 социјалдемократи, од запишаните 23 000, Филипче има повеќе од половина што значи дека изборот е во прв круг.

Македонија | пред 1 година

IMG_4793

Филипче: Идниот претседател на СДСМ ќе има целосен легитимитет затоа што го црпи од членовите

Во текот на вчерашниот ден, кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче ја презентираше својата програма пред членовите во Крушево и во Битола. Тој уште еднаш ги повтори заложбите за обединување на партијата и длабока реформа која ќе донесе ефикасно и професионално работење на сите нивоа.Во своето обраќање, Филипче се осврна на процесот на бирање на претседател и демократизацијата на партијата. Тој рече дека СДСМ е партија која на најдемократски начин бира претседател во легитимен и фер процес.„Идниот претседател на СДСМ ќе има целосен легитимитет затоа што го црпи од членовите. СДСМ е демократска партија која уште еднаш тоа го потврдува преку организирање на внатрепартиски непосредни избори. Преку 23 илјади гласачи во недела ќе може да изберат кој сакаат да ја води партијата и ги повикувам масовно да го сторат тоа“, рече Филипче.Тој кампањата ја оцени како фер и демократска и очекува во недела да се заокружи овој процес со легитимен избор на новиот претседател. Филипче уште еднаш се осврна на обединувањето како предуслов за успешно закрепнување на СДСМ и спречување на натамошни поделби.„Јас останав доследен во ветувањето дека оваа кампања не треба и не смее да биде насочена кон никој од противкандидатите. Тоа само го слабее СДСМ и им дава материјал за напад на политичките противници кои гледаме дека тоа веќе го искористат. Ветив дека ќе се задржам на презентација на мојот концепт и обединувањето како предуслов за секој иден успех на партијата. Кој и да биде избран за претседател не смее понатаму да прави поделби во партијата. СДСМ оствари историски најслаб резултат и понатамошни поделби ќе го доведат опстанокот на партијата во прашање“, истакна Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4664

Филипче: Ќе ја отвориме работата на комисиите – политиките ќе се градат врз основа на широка стручна дебата

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, вчера во Куманово пред партиското членство ги образложи главните постулати на неговата програма.Засилена комуникација со членството, формирање на нови тела и органи на партијата на отворен и транспарентен начин и менување на начинот на избор на претседатели на општинските организации и кандидати за градоначалници преку воведување на подемократски и потранспарентен внатрепартиски процес. Ова се главните столбови на кои се потпира визијата на Филипче за „Нов СДСМ за нови победи“.„Целокупното раководство на партијата да биде отворено за секого 24 часа. Едноставно, да се слушаме, да разменуваме мислења и идеи коишто ќе дојдат од сите со цел да се градат политиките. Никој никогаш повеќе во партијата да не наиде на затворена врата за ниту една работа. Имавме многу поплаки во изминатиот период. Заеме со што се соочувавме и мислам дека тоа е нешто што треба да биде главен приоритет во периодот којшто доаѓа“, истакна Филипче.Како втор постулат, Филипче претстави зошто на СДСМ му е потребно освежување на партиската инфраструктура и кои се новите тела и органи кои ќе функционираат во насока на потребите на членството преку постојаната комуникација за подобро градење на политиките и стратегиите во партијата.„Треба да има едно ново тело, нов совет за градење на политики и на стратегии. Сметам дека во тој совет треба да учествуваат наши искусни политичари коишто на дневна основа ќе ја анализираат политиката и врз основа на тие секојдневни настани и случувања ние ќе ја градиме и секогаш ќе ја надградуваме нашата политика и стратегија. Треба да излеземе во пресрет на сите добронамерни сугестии и понатаму преку отворањето на работата на комисиите, коишто ќе ги приближиме на стручната фела, да има стручна дебата и да се слушне и нивниот глас“, рече Филипче.СДСМ има искуство и знаење и нејзиниот потенцијал мора повторно да се обедини за да победува, потенцираше Филипче. Обединети победуваме во минатото, обединети и сега можеме повторно да докажеме дека социјалдемократската идеологија е поважна од кога било и дека прогресивните идеи се потребни во време кога национализмот зазема се поголем замав во светски рамки, смета Филипче.Презентирањето на програмата на Филипче беше во рамки на заедничкото претставување на кандидатите за претседател на СДСМ во Куманово. Покрај тоа, Филипче имаше средба со партиското членство и дискусија за неговата програма и во скопската општина Гази Баба.Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ се закажани за 30 јуни.

Македонија | пред 1 година

IMG_4458

(Фото) Транспарент против Филипче во Аеродром

„Венко (Заев) за вас вратата е затворена“. Пораката која граѓаните на општина Аеродром му ја порачаа на Венко Филипче.Транспарентот стои пред партискиот штаб на СДСМ.Оваа герила акција доаѓа по кандидирањето на Венко Филипче за претседател на СДСМ.

Скопје | пред 1 година

429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома

Неврохирургот д-р Венко Филипче, носител на ИЕ 4 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија во гостувањето на Неформално на Сител Подкаст, говори за можностите кои му ги нуделе светските неврохируршки центри, но сепак одбрал да работи на Клиниката во Скопје. Филипче се враќа во политиката со главен мотив на младите да им се обезбедат можности за напредок и иднина како во напредните европски држави, вели дека тоа е единствениот начин и идните лекари специјалисти својата иднина да ја гледаат дома.Ги одбив понудите за работа во Америка, Швајцарија, Германија за да се вратам дома и да работам на Клиниката за неврохирургија, раскажува познатиот неврохирург Венко Филипче во Неформално на Сител Подкаст. Интересни случувања од периодот кога специјализирал во овие земји и учел за тајните на неговата професија од врвни светски имиња.„Јас останав тука да работам на огромен број на понуди за работа во Америка. За време на престојот во Швајцарија, добив понуда да работам. Бев на неколку турнуси по една недела во Германија. Знам каков е животот во европските земји, знам каков е тука. Јас се вратив тука затоа што сакам да придонесам нашето општество да оди напред. Останав тука да работам на огромен број на понуди за работа во Америка“-вели Филипче.Доктор Филипче вели дека земјата мора да се трансформира по примерот на развиените европски земји и тоа е единствен начин за младите да се задржат да работата дома. Тоа е мотивот зошто неврохирургот се враќа во политика.„Младите нема да останат тука, ако ние не направиме трансформација по примерот на развиените европски општества. Тоа е мојата желба и главниот мотив. И тоа е мојата мисија. Јас затоа верувам во тие политики. Така што ќе направам сè што треба и ќе дадам сè од себе, цела моја енергија и фокус и цела работа конечно оваа држава стане дел од европското семејство народи. Знам каков е животот во европските земји, знам каков е тука. Многу често сум бил надвор и секогаш сум се враќал. Многу потешко ми било кога сум мислел од таму за тука, отколку од тука за таму. Така што ќе направам сè што треба и ќе дадам сè од себе, цела моја енергија и фокус и цела работа да ние конечно оваа држава стане дел од европското семејство народи“-вели д-р Филипче.

Македонија | пред 1 година

429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

Д-р Филипче: Ќе отворам канцеларии во секоја поголема општина и како пратеник ќе се сретнувам редовно со граѓаните

Институцијата пратеник мора да им биде приближена на граѓаните и во таа насока планирам да ја редефинирам оваа функција.Ова го изјави д-р Венко Филипче, кој е носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, во телевизиско интервју.„Мојот план е перцепцијата и практично институцијата пратеник да ја редефинирам, да отворам канцеларии во секоја од поголемите општини во коишто ќе бидам еднаш месечно на средби со граѓаните. Има луѓе коишто не знаат како да дојдат до некоја институција или едноставно затворени им се вратите. Мора да ги приближиме механизмите на служба за граѓаните, блиску до нив, за тие да дадат соодветен резултат“, вели Филипче.Како што наведува, тој и сега ги знае проблемите со коишто се соочуваат граѓаните, а за дел од нив може и многу лесно да се најде решение доколку има кој да ги слушне.„Има многу граѓани кои приоѓаат кога сум јас со мојот тим на терен, приоѓаат граѓани не само партиски членови. Ние сме и на пазар и на улица, по дуќани и така натаму. Луѓето доаѓаат, разговараме, отворам јас лично многу теми коишто сметам да ги засегаат знаејќи некои работи во одредени општини, во одредени региони и едноставно се трудам да им помагам“, истакна Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce-tribina-sdsm-miting

Д-р Филипче до младите во Прилеп: Борете се за тоа што заслужувате, никој нема да ви го даде на тацна

Носителот на листата на СДСМ во Изборната единица 4, неврохирургот д-р Венко Филипче денеска на средба со младите во Прилеп порача дека тој како пратеник ќе направи сè за реализирање на идеите и предлозите што ќе стигнат токму од нив.„Од вас ќе чекам конкретни предлог решенија. Не само констатирање дека нешто не чини. Вие мора да понудите сериозни решенија, а ние ќе најдеме начин да ги реализираме. Вие треба да сте креатори на политиките кои вас ве засегаат, а ние да ве поддржиме во спроведувањето. На младите лекари секогаш им велам, тоа го заслужувате, не чекајте друг да ви го даде на тацна. Барајте го гласно. Ако наидете на затворена врата, ќе влезете преку прозор. Нема друг начин да ги остварите вашите права. Не ја пропуштајте можноста да ги водите промените“ рече д-р Филипче пред младите.Покрај тоа, Филипче ги презентираше клучните младински политики предвидени во програмата на СДСМ што ќе значат континуирано подобрување на образовниот процес кој ќе гради млади со смели и одговорни идеи за иднината на државата и ќе ги задржи дома преку понуда на конкурентни политики за младинско вработување.„ Една од промените што ќе ја направиме е зголемување на програмата „Гаранција за млади" која ќе биде отворена за 35.000 млади кои ќе добијат многу можности за вработување“, истакна д- Филипче.Сакаме да ви обезбедиме стабилност и сигурност, затоа воведуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, додаде Филипче.Филипче истакна дека СДСМ верува во вредноста на образованието и затоа ќе им овозможи на младите подобри услови во сите степени на образование.„Ќе работиме на подобрување на настаните програми, но паралелно ќе се грижиме и за севкупните услови во кои младите се образуваат. Ќе создадеме подобра инфраструктура во училиштата и студентските домови, средина која ќе биде мотивирачка и инклузивна за вие да можете целосно да се посветите на вашиот развој и образовен раст“, рече Филипче.Тој им порача на младите не постои брза приказна за успех, но постои можност со амбиција да го постигнат зацртаното.„Многу скоро ќе дојде време кога вашите генерации ќе треба да ја преземат одговорноста во државата, затоа во вас СДСМ гледа идни носители на развој на македонското општество“, додаде Филипче.Носителот во ИЕ 4 истакна дека СДСМ се грижи младите да ги добијат истите шанси и можности што ги имаат нивните врсници од Европската Унија преку доближување на нашето образование до европското, со програми за размена на студенти, бесплатни екскурзии и укинување на таксите за испити.На крај тој им порача на младите да бидат толерантни едни кон други без разлика на различните определби или интереси, да бидат подготвени и за компромис, но никогаш да не го губат од вид општото добро.„Сакам да ви порачам да бидете толерантни еден кон друг без разлика на различните определби или интереси. Младите не смее да се делат заради политика. Младоста е вашата партија. Мора да развивате политичка култура и меѓусебно да се почитувате“ - порача Филипче.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања