Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Имаме нов тим кој допрва ќе ја освојува политичката сцена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Pretsedatel-filipce-komisijam2

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за емисијата „360 степени“ ја објасни логиката зад изборот на новото раководство на партијата, подвлекувајќи дека процесот бил темелен и консултативен, со цел на површина да излезат најдобрите луѓе кои ќе го носат СДСМ напред. Ова е причината зошто толку долго се чекаше на ново раководство, вели Филипче.

„И членството и симпатизерите, секако и граѓаните, очекуваа да се донесат нови луѓе на раководните места во партијата. Тоа е процес којшто зема време. Саати и саати состаноци во општинските организации беа неопходни за да се идентификуваат вистинските луѓе кои вредат“, рече Филипче.

— реклама —

Тој ги отфрли сомнежите дека постоела кадровска криза во СДСМ нагласувајќи дека новото раководство претставува спој на искуство и нова енергија.

„Не би рекол дека имало проблем, туку предизвик да се направи еден тим којшто ќе биде различен, којшто ќе биде спој на искуство и младост и тим којшто допрва ќе освојува на политичката сцена кај нас“, истакна претседателот на СДСМ.

— реклама —

Филипче особено ја истакна улогата на Фани Каранфилова-Пановска, новата заменичка-претседателка, која, иако не е долгогодишен член на партијата, се докажала со својата работа.

„Фани Каранфилова-Пановска со години наназад работи на подобрување на услугите за граѓаните особено за маргинализираните категории. Таа е неуморен работник, голем професионалец и системот којшто го поставува ќе биде одлично имплементиран и во партијата“, рече Филипче.

— реклама —

Одговарајќи на критиките од ВМРО-ДПМНЕ за наводно наследство од претходното раководство, Филипче потенцираше дека ваквите напади се доказ дека СДСМ е на вистинскиот пат.

„Критиките коишто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, мора да ви кажам, ме прават исклучително среќен и задоволен, поради тоа што сметам дека тоа значи и е потврда дека сме на вистинскиот пат. Не очекувам некаква конструктивност од нивна страна“, истакна тој.

Филипче заврши со јасна порака дека СДСМ продолжува да гради платформа која ги вклучува сите кои веруваат во социјалдемократијата како иднина за Македонија.

„Станува збор за луѓе со многу силен личен интегритет и искуство кои ни помагаат да ја прошириме платформата на којашто делува СДСМ. Тоа е фронт што ќе продолжи да расте, додека оваа влада работи без компас спротивно на интересите на граѓаните“, истакна претседателот на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh1a0pvf66pfuaUCkkFs

Филипче: Со Мицкоски ќе останеме без нација, луѓето масовно бараат бугарски пасоши

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-library1bkovpeakj1f4j9CkQR

Филипче бара СДСМ да дојде на власт и вети: Секој граѓанин акционер во Државна лотарија

Свет | пред 22 часа

media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

Филипче: Мицкоски со години ме руши, ме прават убиец на деца, доктор Менгеле и криминалец

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Нема пазарења со никој – граѓаните во Брвеница сами да одлучат за кого ќе гласаат

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања