Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати, вели Муцунски и упати критика кон Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
MUCUNSKI

„Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата,“ изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Тој потсети дека изминатите години се покажало што значат политиките на брзи потези и празни ветувања, оценувајќи дека СДСМ и ДУИ отворале надеж со секое ветување, а ја поништувале со секој притисок. „Заедничките документи што се носеа во Собранието не донесоа сила, туку слабост – беа дерогирани веднаш штом ќе се појавеше предизвик,“ рече Муцунски.

— реклама —
— реклама —

Министерот нагласи дека патот на сегашната влада е поинаков и се базира на решенија кои носат траен напредок. „Подобро е да покажеме трпение и мудрост, отколку да направиме потег кој утре ќе биде уште поголем товар за државата. Тоа е државнички пристап: да мислиме на денес, на утре и на задутре,“ истакна тој.

— реклама —

Муцунски додаде дека европската иднина за актуелната влада не е празна фраза, туку борба против корупцијата, модерна администрација, дигитализација, инвестиции во патишта, инфраструктура и нови можности за граѓаните. „Ние веруваме дека резултатите дома создаваат почит надвор. Токму затоа сме решени да обезбедиме европска иднина која ќе биде достојна, одржлива и прифатлива за сите. Тоа го заслужува македонскиот народ,“ порача Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj6lg86qtfiga868wmwn

СДСМ: Мицкоски бара алтернатива на Европа - Русија, Кина и Индија

Македонија | пред 29 минути

media-libraryc30rbhp93cghdx2og3q

„Нов ценовен шок, Мицкоски најавуваше намалување а цените на горивата поскапеа“, велат од СДСМ

Македонија | пред 10 часа

media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

„За Орце, Скопје е само билборд за самопромоција“, велат од СДСМ

Македонија | пред 11 час

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ: Како сега Мицкоски нема „чувство“ кој ја затру водата во Гостивар?“

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања