Промени тема
Контакт

Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество во кое младите ќе ја гледаат иднината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryoia7mogq0o415mVPoej

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати божиќна честитка до верниците, повикувајќи на мир, толеранција и заедничко градење праведно и слободно општество, во кое младите ќе ја гледаат својата иднина во државата.

— реклама —

„Ви благодарам на сите за присуството. Го честитам најрадосниот празник во христијанството со традиционалната честитка – Мир Божји, Христос се роди“, изјави Филипче.

Тој им посака мирни и весели празници на сите верници кои денес го празнуваат Божиќ, нагласувајќи дека празникот е традиционален повод за семејно собирање, за покажување почит и грижа кон најблиските.

— реклама —

„Посакувам денот да помине мирно. Мирот, особено во овие турбулентни времиња, ни е повеќе од потребен за да можеме да продолжиме да градиме општество што ќе биде праведно, толерантно и слободно“, порача претседателот на СДСМ.

— реклама —

Филипче потсети дека во изминатиот период биле имплементирани политики кои, како што рече, граѓаните реално ги почувствувале преку подобар квалитет на живот, поголема безбедност и економска сигурност.

„Имплементиравме политики што доликуваат на развиени општества – општество во кое никој нема да се чувствува помалку вреден, без разлика на етничката, националната, верската, културната припадност, родот, полот или сексуалната ориентација“, истакна Филипче.

— реклама —

Тој упати повик за заедничко градење општество без дискриминација и поделби, во кое сите граѓани ќе имаат еднакви можности и достоинствен живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека Мицкоски ги контролира медиумите?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9eo7mjh9rnt466BgeSB

Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Македонија | пред 2 дена

media-librarylk1sn6p76e0k87kZ3Ut

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

Македонија | пред 2 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче со повик до пратениците за поддршка за зголемување на минималната плата на 600 евра

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања