Промени тема
Контакт

Филипче предупредува на ризик од злоупотреба на податоци преку „Сејф сити“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryd5nt83lagu0qaD0vXXk

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, изјави дека СДСМ не е против воведувањето на системот „Сејф сити“ од аспект на унапредување на безбедноста во сообраќајот, но оцени дека во актуелното законско решение постојат сериозни и суштински прашања кои мора дополнително да се прецизираат и јавно да се отворат во Собранието.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче нагласи дека секој закон кој придонесува за намалување на сообраќајните несреќи и за зголемување на безбедноста е принципиелно поддржан од СДСМ, но дека тоа не значи безусловна поддршка на решенијата што моментално се предлагаат.

— реклама —

Тој посочи дека мора да се земе предвид економската состојба во државата и животниот стандард на граѓаните, особено кога станува збор за висината на казните што ќе произлезат од примената на системот.

Покрај економскиот аспект, Филипче како клучно прашање ја истакна и контролата врз податоците што ќе се собираат преку системот „Сејф сити“, оценувајќи дека станува збор за огромна количина чувствителни информации за граѓаните.

— реклама —

Во тој контекст, тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ, како носител на актуелната власт, има, како што рече, историја на злоупотреба на безбедносните служби, следење и прислушкување на граѓани, поради што, според него, не може овој сегмент да помине без сериозна парламентарна расправа.

— реклама —

Филипче нагласи дека токму поради ваквите сомнежи, СДСМ ќе инсистира на дебата во Собранието, со цел да се обезбедат јасни гаранции дека податоците нема да се користат за тесни, партиски или политички цели и дека системот ќе служи исклучиво за јавна безбедност и заштита на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека Мицкоски ги контролира медиумите?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9eo7mjh9rnt466BgeSB

Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Македонија | пред 2 дена

media-librarylk1sn6p76e0k87kZ3Ut

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

Македонија | пред 2 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче со повик до пратениците за поддршка за зголемување на минималната плата на 600 евра

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања