Промени тема
Контакт

Со закани уцени и притисоци Заев и Филипче сакале да ја превземат болницата Жан Митрев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Последните сведоштва во јавноста на др Жан Митрев сè уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер кој ја чува фотелјата на Бихачка, Венко Филипче, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ

„Во екот на ковид пандемијата кога граѓаните се бореа за живот Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат.

Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја превземат приватната болница Жан Митрев.

Заев и Филипче освен притисокот и уцените ветиле и „помош во судски процеси“ во замена за удели.

Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност што претставува организиран грабеж.

— реклама —

Дополнително уште пошокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.

Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче. Ова е само дел од низата случаи во криминалната мрежа на тандемот Заев-Филипче и скандалите како златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија.

Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и Филипче.

— реклама —

Дали вака за СДС изгледа европска Македонија што ја ветуваат?

Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДС сакаат повторно, некогаш да ја управуваат државата?

— реклама —

Венко Филипче после сите афери и скандали кои се врзуваат со неговото име нема кредибилитет да биде на политичката сцена.

После вакви скандали доколку Филипче би имал морал и доблест веднаш би си поднел оставка.

ЈО да не молчи.
ЈО веднаш да го истражи случајот.
Одговорност и правда мора да има“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarybm47u5rus0772ZvkxiC

Заев требаше да биде во владиниот спот за независноста на Македонија, со него беше признат идентитетот, македонскиот јазик, а влеговме и во НАТО, напиша член на СДСМ

Македонија | пред 1 седмица

media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt1j0d7afd4vj8LBIGNG

(Видео) „Ти благодарам многу, ти си душа и срце од човек“ – пратеник објави приватни пораки меѓу Бендевска и Заев од 2021 година

Настани | пред 1 месец

media-library003b8vn3leib0la7zIk

(Фото) Иста јахта како лани: Заев повторно фотографиран на пловило во Халкидики

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања