Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ реагира на критиките од СДС за откупот на пиперките, обвинувајќи ја опозициската партија за лицемерие и политичко мешање во проблемите со откупот.

Од партијата велат дека земјоделците што се соочуваат со проблеми при откупот добро знаат дека меѓу поголемите откупувачи е „Мамас ајвар“, компанија која, според нив, е во сопственост на поранешниот премиер Зоран Заев.

„Лицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперките“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата поставуваат и прашање дали, како што велат, постои политичко замешателство во одржувањето на ниски откупни цени со цел СДС да има политички бенефит.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДС, наместо барањата за откупот на пиперката да ги упатува кон Владата, да ги насочи кон најголемиот откупувач, „Мамас ајвар“, и Зоран Заев.

„Прашањето што е непознато е од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини?“, стои во партиската реакција.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ дополнително обвинуваат дека СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, како што наведуваат, не се радуваат на успесите на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за центри за податоци, како што правеа со марихуаната

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarybm47u5rus0772ZvkxiC

Заев требаше да биде во владиниот спот за независноста на Македонија, со него беше признат идентитетот, македонскиот јазик, а влеговме и во НАТО, напиша член на СДСМ

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt1j0d7afd4vj8LBIGNG

(Видео) „Ти благодарам многу, ти си душа и срце од човек“ – пратеник објави приватни пораки меѓу Бендевска и Заев од 2021 година

Настани | пред 2 месеци

media-library003b8vn3leib0la7zIk

(Фото) Иста јахта како лани: Заев повторно фотографиран на пловило во Халкидики

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања