Промени тема
Контакт

(Фото) Иста јахта како лани: Заев повторно фотографиран на пловило во Халкидики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library003b8vn3leib0la7zIk

Поранешниот премиер Зоран Заев повторно е фотографиран на луксузна јахта во Грција. Фотографиите, направени во туристичкото место Миражио Паљури на Халкидики, ги објави „Нетпрес“, кој, повикувајќи се на свои извори, тврди дека пловилото е во негова сопственост, информација која засега не е официјално потврдена.

Порталот објави дека, според информации до кои дошол, пловилото наводно е во сопственост на Заев, но оваа информација засега не е потврдена.

— реклама —
media-library24hg8q9imln9bWarIkq

„Информациите кои стигнаа до Нетпрес велат дека јахтата наводно чини околу 800.000 евра и дека најверојатно е произведена во 2024 година“, наведува порталот.

Заев и минатото лето беше фотографиран на јахта, тогаш во друштво на Венко Филипче. Според објавените фотографии, може да се забележи дека станува збор за истото пловило, што, според медиумските објави, го покажуваат ознаките поставени на јахтата.

— реклама —

„Скопје1“ побара став од Заев во врска со фотографиите и наводите за сопственоста на јахтата. Поранешниот премиер во изминатите години речиси и да не се појавува во јавноста и не извршува политичка функција.

— реклама —

Целата галерија погледнете ја тука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarybm47u5rus0772ZvkxiC

Заев требаше да биде во владиниот спот за независноста на Македонија, со него беше признат идентитетот, македонскиот јазик, а влеговме и во НАТО, напиша член на СДСМ

Македонија | пред 1 седмица

media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt1j0d7afd4vj8LBIGNG

(Видео) „Ти благодарам многу, ти си душа и срце од човек“ – пратеник објави приватни пораки меѓу Бендевска и Заев од 2021 година

Настани | пред 1 месец

media-librarybv8sotsts27u0ZD0OYB

(Видео) „Шо праите бе другари“ - Заев со аплауз пречекан на јубилејот на СДСМ

Настани | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања