Промени тема
Контакт

Стојаноски: Заев и Филипче му се заканувале на Жан Митрев за да му ја одземат болницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
zaev-filipce-1

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека докторот и сопственик на клиниката „Жан Митрев“, јавно посведочил оти поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче му се заканувале со цел да му го одземат сопствеништвото над болницата.

Според Стојаноски, притисоците се случувале во период кога против Жан Митрев се водел судски случај, а Заев и Филипче, како носители на највисоки државни функции, ја користеле својата позиција на моќ за, како што рече, преку институционални механизми да се обидат да ја преземат клиниката.

„Во тој период биле блокирани и личната сметка на Митрев и сметката на болницата, а имало и забрана за продажба. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени лица од тогашната власт изразиле интерес да му ја одземат болницата, по само една недела забраната била тргната од страна на Јавното обвинителство. Логично се поставува прашањето како и зошто се случило тоа“, истакна Стојаноски.

— реклама —

Тој додаде дека Жан Митрев обелоденил и обид за откуп на болницата по цена значително пониска од реалната и пазарната вредност, што, според ВМРО-ДПМНЕ, укажува на сериозни злоупотреби на власта.

— реклама —

„Згрозени сме до каде биле подготвени да одат Филипче и неговиот ментор Заев за лично збогатување. Во време кога граѓаните секојдневно умираа од ковид, а државата немаше навремено обезбедени вакцини, тие се занимавале со сценарија за одземање приватна болница“, рече Стојаноски.

Тој оцени дека наместо да работат во интерес на јавното здравје, поранешните функционери биле поврзувани со низа афери – од недвижности и компании, до тендери, договори и, како што рече, обиди за преземање болници.

— реклама —

На крајот, Стојаноски упати јавен повик до Јавно обвинителство итно, темелно и неселективно да го истражи случајот и да постапи согласно закон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarybm47u5rus0772ZvkxiC

Заев требаше да биде во владиниот спот за независноста на Македонија, со него беше признат идентитетот, македонскиот јазик, а влеговме и во НАТО, напиша член на СДСМ

Македонија | пред 1 седмица

media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt1j0d7afd4vj8LBIGNG

(Видео) „Ти благодарам многу, ти си душа и срце од човек“ – пратеник објави приватни пораки меѓу Бендевска и Заев од 2021 година

Настани | пред 1 месец

media-library003b8vn3leib0la7zIk

(Фото) Иста јахта како лани: Заев повторно фотографиран на пловило во Халкидики

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања