Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

финансии

IMG_5070

Димитриеска-Кочоска: Процедурата е завршена, средствата од унгарскиот заем веќе треба да легнат на сметката во Народната банка, започната постапката за втората транша

Процедурата за префрлање на средствата од заемот од унгарската Експорт-импорт банка е завршена и денеска се очекува да легнат на сметката на Народната банка, а веќе утре да се трансферираат во Буџетот. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на ТВ Алфа.„Секторот од МФ ме информираше дека сѐ е подготвено и очекувам средствата да бидат префрлени на сметката во Народната банка, а потоа ќе бидат насочени кон општините и компаниите. Проектите на општините кои ќе бидат финансирани од средствата се веќе избрани. Износот што го побараа општините за реализација на нивните проекти беше поголем, при што важно беше тие да бидат во завршна фаза за да може да придонесат и кон економскиот развој“, рече министерката.Во однос на оној дел од заемот којшто е планиран за приватните компании, соопшти дека во петок ќе има средба со Македонската банкарска асоцијација на која ќе се разговара за распределба на средствата кон компаниите, кои ќе бидат распределени по завршување на постапката за нивно префрлање во Развојната банка.Министерката најави дека веќе е започната процедурата за повлекување и на втората транша од заемот од Унгарија, а тие средства ќе се искористат за отплата на еврообврзницата која доспева во јанаури 2025 година.Во интервјуто таа се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година, истакнувајќи дека фокусот ќе биде ставен на фискалната консолидација, поточно зголемување на приходите и намалување на расходите. Следната година, како што посочи, буџетскиот дефицит е планиран на 4%, а потоа да се намали на 3,5% и во 2027 година да достигне 3%.Посочи дека она што беше главна определба или ветување на Владата е предвидено со Буџетот за 2025 година, а тоа е пораст на пензиите за 2.500 денари, средства за образовниот сектор, потоа 250 милиони евра за проекти во општините, средства за инфраструктурни проекти, за коридорите 8 и 10д и сл.Се осврна и на резултатите од работењето на Управата за јавни приходи и на Царинската управа и притоа напомена дека повратот на ДДВ кон компаниите се врши континуирано, па така во септември е извршен поврат во износ од 2,250 милијарди денари, во август 2,116 милијарди денари и во јули 1,740 милијарди денари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-09-101252

Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел од 500 милиони евра

„Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт - импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината“.Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во својата изјава во Будмпешта, при што најави дека средствата согласно потпишаниот Договор ќе бидат на располагање следната недела.„По потпишувањето на Договорот треба да испратиме документи за официјална исплата на средствата и веќе почнавме разговори за дополнителни 500 милиони евра коишто очекуваме да ни ги одобрат до крајот на годината, а потоа да бидат исплатени на почетокот на следната година. Со овие средства би се рефинансирала еврообврзницата којашто ќе доспее во јануари 2025 година“, рече министерката за финансии.Оцени дека станува збор за одлична поддршка од Владата на Унгарија. „Станува збор за средства обезбедени во првите 100 дена, и тоа по многу поволни услови, односно 3,25% каматна стапка, којашто е многу ниска во услови на многу повисоки каматни стапки на меѓународните пазари“, рече Димитриеска-Кочоска.Повтори дека средствата ќе бидат наменети за приватните компании преку Развојната банка и комерцијалните банки, како и за инфраструктурни проекти вклучително и општините.„На тој начин, како што рече, очекуваме навистина многу поголема поддршка за економијата, поголем развој и реализација на веќе започнатото и на сето она што ќе почне да се реализира, а го ветувавме во рамки на програмата во текот на изборите“, изјави таа.Министерката за финансии вчера во Будимпешта во име на Владата го потпиша Договорот за заем со унгарската Експорт - импорт банка, којшто е во согласност со Законот за задолжување на РС Македонија со заем кај унгарската Експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели.

Македонија | пред 1 година

08101

Димитриеска-Кочоска: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка

Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за Закон за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.„Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност. Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните“, рече министерката за финансии по потпишување на Договорот.Заемот, како што истакна, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25%.„Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6% и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање“, рече Димитриеска-Кочоска, која додаде дека ваквите услови се резултат и на политиките што ги води Владата, а за што, како што посочи, минатата недела добивме потврда и од кредитната агенција „Фич“, којашто според неа има значајна улога за каматните стапки коишто ги добива земјата при задолжување на финансиските пазари.Она што е за потенцирање, според министерката, е дека делот од заемот кој ќе оди кон компаниите ќе биде пласиран исто така по поволни услови, што ќе влијае на отпочнување на еден инвестициски цисклус во приватниот сектор од над 500 милиони евра со кој ќе се обезбедат повисоки стапки на економски раст.Средствата, како што рече, до крајот на неделата треба да бидат префрлени на сметките во земјата и потоа да почнат да се реализираат согласно планираното.

Македонија | пред 1 година

kochoska

Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Унгарија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише Договорот за заем од Унгарската Експорт-импорт банка.„Станува збор за потпишување договор за најавениот заем од 500 милиони евра со поволни услови, 15 години рок на отплата, со вклучени три години грејс период и каматна стапка од 3,25%. Средствата од заемот ќе се користат за поддршка за проекти за локален регионален развој, што ќе се реализираат преку општините, како и за поддршка на економијата, односно заеми за компаниите“, соопшти Министерството.Потпишувњето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е согласно усвоениот Закон за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година.Средствата од заемот треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделата, се додава во соопштението на Министерството.

Македонија | пред 1 година

ministerstvo-za-finansii

МФ: Усвоени Фискалната стратегија 2025-2029 и Стратегијата за управуање со јавен долг

Министерството за финансии ги подготви, а Владата на последната седница ги усвои Фискалната стратегија за период 2025-2029 и Стратегијата за управување со јавен долг за 2025-2027 со изгледи до 2029 година. Тоа претставуваат стратешки документи кои ја исцртуваат на среден рок патеката по која ќе движи фискалната политика.„Ваквото среднорочно планирање овозможува поголема предвидливост и транспрентност во креирањето на политиките. Целта на фискалната политика согласно усвоената Стратегија во наведениот период е подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност. Тоа ќе се осtвари преку постепена фискална консолидација, подобрување на управувањето на јавните финансии и одржување на високо ниво на капитални расходи. Истовремено ќе се продолжи и со поддршка на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти, редизијанирање на структурата на јавните финансии во која ќе доминира високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспареноста и отчетноста“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и додаде дека особен фокус ќе биде ставен на намалување на неформалната економија и поголема наплата на приходите во буџетот.На среден рок, со фискалната политика се предвидува етапна фискална консолидација, притоа, буџетскиот дефицит е намален како процентуално учество во БДП. Исто така, ќе се преземат мерки за фискална консолидација, со цел постигнување умерено ниво на задолженост.Имено со усвоената Стратегија за управување со јавниот долг на среден рок се утврдува рамката за дејствување на Владата во насока на прудентно управување со јавниот долг на државата, а притоа да се остварат целите на политиката за управување со јавниот долг за финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок, идентификација за следење и управување со ризиците и развој и одржување ефикасен домашен финансиски пазар.Главна цел на управувањето со јавниот долг е да овозможи потребите и финансиските обврски на државното финансирање да можат да се извршат со најниски трошоци на среден и долг рок, со прифатливо ниво на ризик. Со цел да се задржи нивото на јавниот долг во одржливи рамки, без да се наруши фискалната одржливост, со Стратегијата се утврдуват лимити на вкупниот јавен долг на среден и долг рок. Така согласно проекции во 2024 година на крајот тој ќе достигне ниво од 66,4 % и во наредните години постепено ќе се намалува како резултат на постепената фискална консолидација и во 2029 година ќе биде под утврдениот лимит од 60% од БДП. Исто така, со цел намалување на ризикот од висината на издадените гаранции се дефинира лимит на издадени гаранции и акцент се става на проекти коишто се самоодржливи и генерираат приходи, поддржуваат економски раст и овозможуваат поголема конкурентност на домашанта економија на среден рок.Главна цел на управувањето со јавниот долг согласно Стратегијата е да овозможи потребите и финансиските обврски на државното финансирање да се извршат со најниски трошоци. При тоа една од основните цели во управувањето со јавниот долг е да се овозможи развој на домашниот пазар на државни хартии од вредност со што ќе се создадат услови за намалување на ризикот од рефинансирање на долгот, резистентност на екстерни шокови и обезбедување долгорочна одржливост на долгот.

Македонија | пред 1 година

sudstvo-2

Финансии: Судство и обвинителство има пари за плати и додатоци од 35%, но не и за нови вработувања

Судството и обвинителството во клинч со Министерството за финансии за парите во ребалансот на буџетот. Правосудството тври дека им се кратат пари, од финансии им одговараат:на Обвинителството и судството не им се скратени средства. Кратење има само во делот на новите вработувања затоа што вработувањата не биле реализирани онака како што биле буџетирани.Од Министерството појаснуваат наместо за нови вработувања судството и обвинителството парите си ги трошеле за плати.„И обвинителство и судство имаат право од 35 проценти додатоци заради ризичност. Тоа не значи дека на нив им следува и дека треба да го земат, имаат право на тоа во одредени такви ситуации. Тие предвидуваат во ставката плати постојано како да ќе вработуваат нови кадри. Никого не вработуваат, тук таму по некој и потоа си ги пренаменуваат средствата, а нови вработувања нема никаде, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.Финансии појаснува дека нивото на буџетирање во овие две области го задоволува процентот што го имаат другите земји, но дека процентот на ефикасност е низок и дека довербата во судството е ниски два проценти.„Прво да одговорат зошто се зголемуваат пресудите од Европскиот суд за човекови права каде почнавме да плаќаме огромни суми затоа што не постапувале на време“, побара министерката.Претставниците на Судскиот буџетски совет и на државното Јавно обвинителство Силвија Јаневска и Љубомир Коцевски на првиот ден од расправата за ребалансот на Буџетот излегоа со забелешки дека не смее да има кратење на средствата наменети за судската власт и за обвинителството, бидејќи тоа ќе влијае на нивната автономија и на квалитетот и ефикасноста на правдата.

Македонија | пред 1 година

244471229_207193698150323_2650290680669307320_n

Повреќе пари за пензионерите и општините, се крати од здравство и студентите

Ребалансот на буџетот влезе во Собрание. Со ребалансот на буџетот се предвидува јавниот долг на државата годинава да достигне рекордни 9,2 милијарди евра, односно 68,2 проценти од бруто домашниот производ.Ребалансот предвидува буџетската дупка годинава да се зголеми за нови 180 милиони евра.Намалени се очекувањата за раст на економијата од 3,4 на 2,1 отсто.Според текстот на ревалансот, се крати од здравството, финансиите и одбраната, се додава кај платите за администрацијата, пензионерите, земјоделците, локалната самоуправа.Најголемиот дел од дежавната каса, 4,95 милијарди евра се за социјални трансфери, плати и пензии.Ако се спореди со основниот буџет, средствата за оваа намена се зголемени за 4,9 проценти.За пензии се предвидуваат 1,47 милијарди евра. Овде растот е шест проценти а разликата меѓу ребалансираната и првичната сума изнесува 83 милиони евра.Трошењата пак се намалени:капиталните расходи се пониски за близу 2,6 милиони евра а надоместоците за невработени се помали за 1,6 милиони евра.Кратења на средствата со ребалансот има за пет министерства. Најмногу – за 149 милиони евра – во Министерството за траспорт, 33,5 помалку добива одбрана, 13,3 милиони евра на економија и труд, за 10,3 милиони евра финансии и за 7,5 милиони евра се намалени парите за Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања