Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

франција

42f7afb0-27b6-49d5-af41-daaec94b4239

Голема операција на Франција на остров во Пацификот, се повеќе мртви: „Ние сме под опсада“

Франција започна голема операција за спроведување на законот во јужниот пацифички архипелаг Нова Каледонија за да го расчисти патот до аеродромот, откако во немирите против изборните реформи загинаа шест лица.Оваа операција „со повеќе од 600 жандарми“ има за цел „да ја врати целосната контрола на 60-те километри од главниот пат меѓу Нумеа и аеродромот“, објави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин во пораката на X.Операцијата, меѓу другото, беше започната откако Нов Зеланд побара од Франција да обезбеди аеродром за враќање на нејзините државјани. Подготвени сме да полетаме и чекаме одобрение од француските власти“, изјави министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Петерс.Бидејќи летовите до и од Нова Каледонија беа прекинати од вторникот, владата на архипелагот процени дека околу 3.200 луѓе се блокирани на аеродромот. Франција го обвини Азербејџан дека во петокот поттикнува немири на неговиот пацифички остров Нова Каледонија, преплавувајќи ги социјалните мрежи со лажни фотографии и видеа насочени кон француската полиција.„Ние сме под опсада“, рече градоначалникот на главниот град. Запалени се неколку згради, а ситуацијата е далеку од мирна“, изјави Соња Лагард.Немирите започнаа во понеделникот кога Франција расправаше за нацрт-законот со кој на илјадници француски граѓани во јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право да гласаат на покраинските избори. Движењето за независност на Нова Каледонија стравува дека таквата промена ќе резултира со слабеење на политичкото влијание меѓу домородниот народ Канак. Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас за и 153 гласа против.За Париз, Нова Каледонија е важна воено и геополитички, но и поради наоѓалиштата на никел.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Напад на синагога во Франција, полицијата го убила напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи.Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите.Градоначалникот на Руан Николас Мајер-Росињаол изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок.Според локалните извештаи, полицијата била повикана околу 6:45 часот откако бил забележан чад како се крева од синагогата.Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, еден од полицајците застрелал маж кој бил вооружен со нож и железна шипка.Градоначалникот рече дека пожарникарите се на терен и го контролираат избувнувањето на пожарот во синагогата. Освен вооружениот напаѓач, се чини дека нема други мртви или повредени, додаде тој.Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин ја пофали полицијата „за нивната реакција и храброст“.Франција, како и остатокот од Западна Европа, забележа пораст на антисемитизмот откако Хамас го нападна јужен Израел минатиот октомври, што доведе до актуелната војна во Газа.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Хорор во Франција: Пронајдени посмртните останки на момчето кое исчезна во јули

Остатоците на двегодишното француско момче Емил Солеј, кое исчезна на 8 јули минатата година, се пронајдени на околу километар од село во француските Алпи.Неговите останки биле пронајдени во близина на местото каде што последен пат бил виден.Во саботата, откако ги пронашла посмртните останки на момчето, полицијата започнала нова потрага во тој реон, пишува Фигаро.Адвокатот на родителите на момчето изјавил дека инспекторите продолжуваат со работа за да ги откријат причините за исчезнувањето и смртта на момчето.Обвинителот Жан-Лук Блашон изјави дека полицијата во саботата била известена дека случаен минувач ги пронашол останките во близина на селото Верн и дека генетското тестирање утврдило дека станува збор за останки на исчезнато момче.Причината за смртта на момчето не е позната.Полицијата покрена истрага за можно киднапирање, но причината за смртта се смета за несреќен случај, пишува Гардијан.Солеј исчезнал минатата година кога престојувал кај родителите на мајка му во селото Вернет, а по неговото исчезнување била започната голема потрага во која со хеликоптери и дронови учествувала полицијата и војската, но момчето тогаш не било пронајдено.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Шпионот на Путин: Французите ќе испратат 2.000 војници во Украина

Русија има информации дека Франција се подготвува да испрати воен контингент од 2.000 војници во Украина, изјави директорот на руската надворешна разузнавачка служба (СВР) Сергеј Наришкин, пренесува државната новинска агенција Тас.„Сегашното раководство на Франција не се грижи за смртта на обичните Французи или за загриженоста на генералите. Според информациите кои ги добивме, веќе се во тек подготовките за испраќање контингент. Првично во него ќе има околу 2.000 војници“, рече Наришкин.Според него, француската армија „стравува дека толку голема воена единица не може незабележано да биде префрлена и стационирана во Украина“.„Така, тој ќе стане легитимна приоритетна цел за напади на руските вооружени сили. Тоа значи дека ќе ја доживее судбината на сите Французи кои некогаш дошле во рускиот свет со меч“, најави тој.Францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец одби да ја отфрли идејата за испраќање европски трупи во Украина, иако предупреди дека „не е постигнат консензус“ меѓу сојузниците.„Ништо не треба да се исклучува. Ќе направиме се што треба Русија да не победи“, рече тој.Италијанскиот премиер Џорџо Мелони денеска истакна дека испраќањето копнени трупи во Украина би предизвикало ескалација „што треба да се избегне по секоја цена“. Официјален претставник на Белата куќа рече дека Соединетите држави не планираат да испраќаат војници да се борат во Украина, како и дека исто така нема планови за испраќање војници на НАТО.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Русија: Веќе нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина.„Нема смисла повеќе да се негира“, рече таа за прорежимскиот весник „Известија“.Според руската државна новинска агенција Тас, полскиот шеф на дипломатијата Радослав Сикорски претходно на конференцијата по повод 25-годишнината од членството на Полска во НАТО изјави дека армијата на НАТО е веќе во Украина.Да потсетиме, францускиот претседател Макрон по конференцијата за Украина одржана во Париз на 26 февруари изјави дека не е исклучено испраќање копнени сили на членки на НАТО во Украина. По конференцијата, повеќето земји-учеснички изјавија дека не планираат да испратат војници во Украина за да се борат против Русија.Коментирајќи ги изјавите на Макрон, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија би бил „неизбежен“ доколку западните сили бидат испратени во Украина. Тој, исто така, рече дека земјите од НАТО „треба да ги проценат последиците од таквите дејства“, според Тас.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Француски компании ќе произведуваат воена опрема во Украина

Франција планира некои нејзини производители на оружје да почнат да ја произведуваат многу потребната воена опрема директно на украинска територија за да и помогнат на земјата во војната против Русија, изјави министерот за одбрана Себастиен Лекорну.„Три француски компании ќе воспостават партнерство со украински компании, особено во областа на беспилотни летала и копнена опрема, со цел да се произведуваат резервни делови на украинска територија, а во иднина можеби и муниција“, рече министерот.Лекорну летово најави отворање на првите производствени единици.Што се однесува до француските компании кои би учествувале во производството на воена опрема на територијата на Украина, тој посочи дека, меѓу другото, се работи за производителот на тенкови KNDS, заеднички холдинг на германскиот производител на оклопни возила Краус-Мафеи-Вегман и францускиот државен концерн.

Свет | пред 1 година

makron

„Не можеме да ја исклучиме можноста за испраќање на војници од Европа во Украина, Русија мора да ја загуби војната, порача Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон по самитот на европските лидери во Париз изјави дека не е постигнат консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“.„Во овој момент нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференција, пренесе Ројтерс.Тој додаде дека Франција ќе се приклучи на чешката иницијатива за купување муниција за Украина.„Поразот на Русија е неопходен за европската безбедност“, рече Макрон.Тој додаде дека европските земји ќе воведат дополнителни санкции за оние земји кои и помагаат на Русија да ги заобиколи рестриктивните мерки што и се наметнати. На самитот присуствуваа околу 20 европски лидери кои сакаа да испратат порака до рускиот претседател Владимир Путин за европската одлучност кога е во прашање поддршката на Украина, наведува Ројтерс.

Свет | пред 1 година

selfi

Три лица загинаа додека го фотографираа пејсажот во Етрета, Франција воведе нови мерки за безбедност

Француската населба во северната провинција Нормандија, Етретат, ќе воведе нови мерки за дополнителна заштита на туристите кои ги посетуваат океанските карпи на тоа место, откако минатата година на таа локација животот го загубија тројца туристи.Минатата година тројца туристи загинаа во одделни случаи во Етретат додека го фотографирале пејзажот или правеле селфи, пренесува Фигаро.Францускиот весник наведува дека лизгањето на земјиштето на карпите е вообичаено, но туристите не обрнуваат внимание на тоа и често се шетаат под нив, ризикувајќи да бидат на најлошото место кога почнуваат свлечиштата, додека други се премногу блиску до работ за да го гледаат океанот и со што се ризикува да падне во вода.- Редовно забележуваме невнимателно однесување на овој простор, па затоа во едукативни цели ќе поставиме опрема со известувања за безбедност по целата локација - најавија надлежните од општина Етрета.Фигаро наведува дека освен што ги ризикуваат своите животи со пешачење, невнимателните туристи го загрозуваат и природниот екосистем на карпите, па затоа градот одлучил да работи заедно со одделот за безбедност на областа Приморска Сена за да се осигура безбедноста на туристите, како и „ренатурализацијата“ на карпите.Меѓу предвидените мерки е и ограничување на бројот на посетители, како што е веќе случај во Националниот парк Каланки во Марсеј.

Магазин | пред 2 години

20190715204907

„Макрон згрешил“, Османи ја правдаше употребата на „северномакедонци“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел нагласувајќи дека Макрон го употребил изразот „Северномакедонци“. На ова имаше реакции од јавноста која е децидна дека таква нација не постои. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кажа дека искомуницирале со Амбасадата на Франција во Македонија.„Комунициравме со француската амбасада. И вчера бевме цел ден со неговата делегација. Нема никакви дилеми дека тоа е ненамерна погрешна формулација. Претседателот Макрон нема дилема по однос на идентитетот и прашањата кои овде се дефинирани но и во Обединетите нации и ЕУ.Претходно, Макрон рече: „Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии“, и додаде дека со „северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот.

Македонија | пред 3 години

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Франција ти благодарам, но не“, Милевски се спротистави на францускиот предлог

Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, а македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија, смета министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално демократската партија, Горан Милевски.Тој е првиот функционер во Владата кој гласно се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата.„Франција ти благодарам, но НЕ. Билатералните спорови не смеат да станат европски услови како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше за влез на Хрватска во ЕУ. Јазикот не може да биде компромис, тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.ЕУ треба да знае да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманетни условувања.Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со својата вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.Историската комисија да достави на увид што се договориле со оние од Бугарија. Не може тројца историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус“, објави Милевски.

Македонија | пред 3 години

20190715204907

Макрон бара решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Францускиот претседател изрази подготвеност да биде домаќин на претставници на властите на Бугарија и Македонија со цел да се склучи билатерален договор.Тој договор би овозможил отворање на преговорите за пристапување на Македонија во Европската унија.Сепак, како што рече, тоа ќе се случи „кога ќе дојде време“.Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти синоќа Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Димитар Ковачевски.За време на тие разговори, Макрон изразил „целосна поддршка за договорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедските односи и ќе ја зајакне европската перспектива на Македонија“, соопшти француското претседателство.Бугарија го блокираше пристапот на Македонија во ЕУ во ноември 2020 година поради јазични и историски спорови.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања