Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ФЗО

bankomat

Родилки без породилно за февруари, Фондот без одговор кога ќе има исплата

Мајките родилки реагираат дека сè уште не им е исплатен породилниот надоместок за февруари, иако месецот е при крај. Дел од нив велат дека се соочуваат со сериозни финансиски тешкотии поради доцнењето, особено имајќи ги предвид тековните трошоци за новороденчињата и домашниот буџет.Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, не одговори на прашањата на „Скопје1“ кога е реализирана последната исплата, односно за кој месец се однесувала, како и зошто доцни исплатата за февруари. Од институцијата засега нема официјално соопштение со објаснување за причините за застојот.Ова не е првпат исплатата на породилните надоместоци да доцни во периодот на раководење на Клековски. Во ноември минатата година исто така имаше задоцнување, при што од Фондот тогаш тврдеа дека е невозможно да поминат 30 дена без исплата, иако средствата не беа префрлени на сметките на родилките.Мајките бараат јасен одговор кога ќе ги добијат средствата и дали станува збор за технички проблем или за системски застој во исплатата, оценувајќи дека ваквите доцнења создаваат дополнителен притисок врз семејствата во чувствителен период по породувањето.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0mblvpnjtchc7NAI7QL

Клековски: И во ФЗО ќе се применува моделот за етапно зголемување на платите до 2028 година

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, информираше дека Фондот е целосно посветен на обезбедување пораст на платите за своите вработени, по моделот што е договорен за јавната администрација. Тој денеска остварил конструктивна средба со претставниците на Синдикатот на УПОЗ, како репрезентативен синдикат во Фондот, на која се разговарало за натамошните чекори во насока на подобрување на материјалниот статус на вработените.Клековски го поздрави постигнатиот договор меѓу Владата, УПОЗ и САДУ за етапно зголемување на платите во јавната администрација за вкупно 40 проценти до 2028 година, оценувајќи го како значаен исчекор за илјадници вработени. Според него, Фондот ќе се залага истиот модел да се примени и за 771 вработен во ФЗО, со цел растот на платите да биде усогласен со оној во јавната администрација.На средбата било отворено и прашањето за нерамномерниот обем на работа во подрачните служби на Фондот, кој произлегува од различниот однос меѓу бројот на вработени и бројот на осигуреници. Клековски истакна дека станува збор за сериозен предизвик и дека институцијата ќе продолжи да работи на изнаоѓање системско решение преку дијалог со синдикатите.Директорот потсети дека во изминатите две години веќе се постигнати конкретни резултати во подобрувањето на платите во ФЗО. Најниската нето плата во Фондот во периодот од 2023 до 2025 година е зголемена за 36,3 проценти, од 23.775 на 32.394 денари, при што во 2025 година таа е за речиси 33 проценти повисока од минималната плата во државата. Во исто време, просечната нето плата во Фондот пораснала за 25,1 процент и во 2025 година достигнала 95 проценти од просечната плата на национално ниво, наспроти 88 проценти во 2023 година.Клековски порача дека преку социјален дијалог, партнерство и заеднички напор со синдикатите, Фондот ќе продолжи да работи на соодветно вреднување на трудот на секој вработен и на создавање подобри услови за работа во здравствениот систем.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања