Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Клековски: И во ФЗО ќе се применува моделот за етапно зголемување на платите до 2028 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library0mblvpnjtchc7NAI7QL

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, информираше дека Фондот е целосно посветен на обезбедување пораст на платите за своите вработени, по моделот што е договорен за јавната администрација. Тој денеска остварил конструктивна средба со претставниците на Синдикатот на УПОЗ, како репрезентативен синдикат во Фондот, на која се разговарало за натамошните чекори во насока на подобрување на материјалниот статус на вработените.

— реклама —

Клековски го поздрави постигнатиот договор меѓу Владата, УПОЗ и САДУ за етапно зголемување на платите во јавната администрација за вкупно 40 проценти до 2028 година, оценувајќи го како значаен исчекор за илјадници вработени. Според него, Фондот ќе се залага истиот модел да се примени и за 771 вработен во ФЗО, со цел растот на платите да биде усогласен со оној во јавната администрација.

— реклама —

На средбата било отворено и прашањето за нерамномерниот обем на работа во подрачните служби на Фондот, кој произлегува од различниот однос меѓу бројот на вработени и бројот на осигуреници. Клековски истакна дека станува збор за сериозен предизвик и дека институцијата ќе продолжи да работи на изнаоѓање системско решение преку дијалог со синдикатите.

— реклама —

Директорот потсети дека во изминатите две години веќе се постигнати конкретни резултати во подобрувањето на платите во ФЗО. Најниската нето плата во Фондот во периодот од 2023 до 2025 година е зголемена за 36,3 проценти, од 23.775 на 32.394 денари, при што во 2025 година таа е за речиси 33 проценти повисока од минималната плата во државата. Во исто време, просечната нето плата во Фондот пораснала за 25,1 процент и во 2025 година достигнала 95 проценти од просечната плата на национално ниво, наспроти 88 проценти во 2023 година.

Клековски порача дека преку социјален дијалог, партнерство и заеднички напор со синдикатите, Фондот ќе продолжи да работи на соодветно вреднување на трудот на секој вработен и на создавање подобри услови за работа во здравствениот систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Благодарност до дарителите и нивните семејства

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarytcckb61h292c8J4Zmw4

Клековски се сретна со повредените во „Пулс“, најавена долгорочна здравствена грижа

Македонија | пред 4 дена

media-libraryl0f52n0hq62d8iTpBLq

Клековски во Софија размени искуства за рано откривање здравствени состојби кај новороденчињата

Македонија | пред 4 дена

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 21 октомври, приоритет ќе имаат ризичните групи

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања