Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

ГАШИ

Capture-18

Гаши: Моите информации се дека уставните измени нема да поминат

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во интервју за „Локално“ вели дека неговите информации се дека уставните измени нема да поминат, бидејќи, како што објаснува, самиот начин на кој е донесен предлогот во Собрание зборува за тоа дека на владејачкото мнозинство не му е умот во тоа дали ќе поминат уставните измени, туку да ја стави опозицијата на искушение и тоа да има влијание врз наредниот изборен резултат.За здружувањето на албанската опозиција во еден заеднички блок, Гаши вели дека мора да се воздигнат над личните, партиски и други интереси и да се обединат не само за уривање на корумпираната ДУИ, бидејќи како што истакнува, тоа веќе станува најмалиот проблем, туку за спасување на иднината на децата и младите, кои чекаат од нив обединување, одлучност и политичка понуда.-Идентитетот на секој народ може да се загрози само од припадниците на тој идентитет. Со „францускиот предлог“ ниту се загрозува, ниту се засилува македонскиот идентитет. Македонците се посебен народ, со свој јазик, свое писмо и култура независно од тоа како тоа се перципира од другите. Јас мислам дека нема потреба за никакви декларации, бидејќи таквиот начин на однесување покажува инфериорност и слабост, оценува претседателот на Алтернатива за поднесената Декларација на СДСМ до Собранието во однос на Илинден.

Македонија | пред 2 години

GASI

(ВИДЕО) Гаши до Адеми: Молчи кога зборувам, идиот!

Во својот говор, претседателот на Алтернатива, а истовремено и пратеник, Африм Гаши реагираше кон координаторот на ДУИ, Арбр Адеми, кој го прекинуваше за време на неговиот говорот.Гаши го нарече Адеми „идиот“ и побара од него да молчи додека тој зборува.„Ќути, молчи кога зборувам. Елементарна култура треба да покажеш, срамота! Идиот“, му порача Гаши.

Македонија | пред 2 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев до Гаши: Кој со ѓаоло тикви сади, ѓаоло очи му вади

Лидерот на Левица Димитар Апасиев со народна поговорка ја искоментира поплаката на лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кој се пожали дека довчерашниот нивни коалиционен партнер СДСМ брутално го раскинал договорот за коалицирање.„Гаши, друже, ај да ти набацам една каурска: „Кој со ѓаоло тикви сади, ѓаоло му очи вади“p.s. Идете сега, нека ве гласа „меџународната““, напиша Апасиев.

Коментари | пред 2 години

rama

Рама ли ќе ни ја крои судбината? - Бура во јавноста пред албанските политичари од Македонија да заминат во Тирана

Претставници на партиите на Албанците од Македонија утре заминат во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека состанокот е новогодишна средба со цел размена на мислења по однос на актуелните прашања од регионот.Османи вели дека Рама е докажан пријател на Северна Македонија и затоа смета дека не треба да се создава конспирација околу овој состанок.Реакции има од поранешниот министер Михајло Маневски, кој вели дека Папата Рама ги повикал господарите и управители на Македонија, Ахмети, Таравари, Касами, Тачи и Гаши на „консултации“ и додава дека пред очи ни се ништи државата.„Кај папата Рама'Папата' Рама ги повика во Тирана господарите и управители на Македонија Али Ахмети, Арбен Тарвари, Билал Касами, Мендух Тачи и Африм Гаши на "консултации".Папата Рама има право! Како ќе нема, кога 52% од Владата, министри и заменици министри се етнички албанци.Ова е трета Албанска Влада на балканот!Предавникот и лажоман Зоран Заев и лингурот ќелеш- простачиште Димитар Јовановски Таче уште пошироко ги отвори вратите за ништење и албанизација и бугаризација на Македонија.Овде секој има право, само македонците немаат право.Тие се осудени на уништување и асимилација.Уставобранителите гнијат во затвор, како најголеми злосторници, а криминалците и рушители на Македонија непречено ја ништат и пљачкаат Македонија.Каде оди и кој го штити народот?Трнете смело и храбро или тргнете се.Ова повеќе не се трпиПред очи ни се ништи државата.Рама ли ќе ни ја крои судбината?“, вели тој.Солза Грчева вели дека Еди Рама и Албанија даваат упатства како да се промени нашиот Устав и прашува „што држава сме ние“.„Заради Грција го сменивме УставотБугарија бара да го смениме УставотЕди Рама и Албанија даваат упатства како да се промени нашиот УставШто држава сме ние? Како воопшто оваа марионетска власт, наметната со “шарена револуција”, инсценирана и платена од надвор, може некој да ја смета за своја?Глобалисти, во парчиња ќе се распаднете. Суверенитетот на државите ќе се врати назад!!!“, вели Солза Грчева.Пратеникот Скендер Реџепи реагираше на оваа средба и вели дека лидерите треба да се сретнат со премиерот на Косово, Албин Курти, бидејќи според него Рама нема легитимитет да ги собере политичките партии на Албанците во Македонија.За ова професорката Мирјана Најчевска објави статус во кој прашува „зошто тие би се среќавале со странски државници и дали ќе договараат нешто во интерес на македонските граѓани“.„A зошто претставниците на албанските партии се среќаваат со странски државници?Договараат нешто во интерес на македонските граѓани?Нешто што ќе им го подобри животот?Како да се изборат со корупцијата или загадувањето?Нешто за владеењето на правото?“, вели Најчевска.Солза Грчева вели дека „уште Албин Курти од Косово ни фали да ни држи лекции“.„Уште Албин Курти од Косово ни фали да ни држи лекции.Дали албанскиве партии некогаш ќе ја почувствуваат Македонија како своја, дали не ги боли грбот од веднење кичма пред “поголемите” Албанци кај комшиите, дали и натаму ќе се однесуваат како кукли на конци? Зошто воопшто постојат како партии, кога мозокот на нивното однесување е кај другите Албанци?Нели се срамат и пред своите гласачи?До кога ќе ги тресе синдромот на потчинетост и инфериорност?После се што добија од оваа држава, треба да се засрамат и конечно самораспуштат кога по свое мислење одат кај Еди Рама и Курти.Никакви платформи и други будалаштини веќе не проаѓаат. Ниту Устав ќе се менува!!!“, додава Грчева.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања