Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

ГАШИ

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Денеска Гаши ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се очекува да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда од Кабинетот на спикерот.Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата.Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври.Со чинот на распишување ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Локалните избори треба да се одржат и завршат на 19 октомври за советниците, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето ќе биде на 2 ноември.На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.Веднаш по распишувањето, ќе се состане Државната изборна комисија и ќе го утврди календарот-роковник.Рокот за поднесување на листите, според законот е најдоцна 35 дена пред денот на одржување на изборите, што значи подносителите имаат рок најдоцна до 15 септември за да ги поднесат листите со советници и градоначалници.Државната изборна комисија ќе има неколку дена да ги провери и најдоцна 27 септември да ги утврди листите.Изборната кампања ќе трае започнува на 30 септември.Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони и 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.т

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе тужба против Собранието и претседателот Гаши: „Поништувањето на расправата за Кочани е противзаконско“

Лидерот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, денеска објави дека поднел тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија и неговиот претседател Африм Гаши.Причина за тужбата, како што наведува Апасиев, е одлуката за поништување на надзорната расправа за случувањата во Кочани, која требаше да се одржи токму на Комисијата со која тој претседава. Според него, ваквиот потег е противзаконски.„Денес поднесов ТУЖБА до Управниот суд против Собранието на РМ и спикерот Африм Гаши – за противзаконското поништување на Надзорната расправа за Кочани“, напиша Апасиев на ФБ.

Македонија | пред 4 месеци

afrim-gashi

Африм Гаши хоспитализиран со стомачни болки – состојбата стабилна, засега без потреба од операција, велат од Министерството за здравство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е хоспитализиран и се наоѓа во стабилна здравствена состојба, информира Министерството за здравство.Гаши бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија околу полноќ, поради силни болки во стомакот. Веднаш по приемот му биле направени сите потребни радиолошки и лабораториски испитувања, при што е дијагностицирана интестинална опструкција на тенкото црево – состојба која подразбира нарушено движење на содржината низ цревото.Според официјалната информација, Гаши е задржан на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор. Во моментов се применува конзервативен медикаментозен третман, односно терапија без хируршка интервенција, бидејќи засега нема индикации за операција.Министерството најави дека јавноста ќе биде навремено информирана доколку има промени во неговата состојба.

Македонија | пред 4 месеци

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Кабинетот на Гаши потврди: Хоспитализиран е, состојбата му е стабилна и се вршат испитувања

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, е хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, потврдија денеска од неговиот Кабинет. Во соопштението се наведува дека здравствената состојба на Гаши е стабилна и дека се вршат детални лекарски прегледи.„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на Претседателот на Собранието, ја информираме јавноста дека тој вчера беше примен на Клиниката за дигестивна хирургија. Неговата состојба е стабилна, а сите понатамошни информации ќе бидат навремено соопштени од надлежните институции“, стои во реакцијата на Кабинетот.Скопје1 прв ја доби потврдата од директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски дека Гаши е згрижен на нивниот оддел. Тој изјави дека бил примен околу полноќ со симптоми на претплет на цревата, поради што веднаш бил задржан во болница.„Пациентот е хоспитализиран и засега се третира со медикаментозна терапија. Не е предвидена хируршка интервенција. Состојбата е под контрола и се следи од страна на стручниот тим“, изјави проф. д-р Костовски.

Македонија | пред 4 месеци

gasi-gashi-afrim

Директорот на дигестивна хирургија, Огнен Костовски: Гаши е хоспитализиран на Клиниката, се третира со медикаментозна терапија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Информацијата за неговата хоспитализација ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, за Скопје1. Тој изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.„Пациентот беше примен поради претплет на цревата. Состојбата внимателно се следи, а за сега не е планирана хируршка интервенција. Се третира со медикаментозна терапија и е под постојан лекарски надзор“, ни изјави проф. д-р Костовски.Засега нема официјални информации за тоа колку долго ќе остане на болничко лекување и дали неговата здравствена состојба ќе влијае на неговите активности како претседател на Собранието.

Македонија | пред 4 месеци

291589492_727291811718050_1614932333484865938_n

Околината на Собранието ќе биде безбедна зона, а во неа забрана за протести и дронови

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска најави дека со посебен закон, околината на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона. Тој информира и дека тој дел не е во рамките на реформите кои се подготвуваат за безбедност и независно обезбедување во Собранието.Предлог-законот предвидува сериозни ограничувања во периметарот околу Собранието, вклучувајќи целосна забрана за одржување јавни собири, протести, манифестации и летање со дронови. Покрај тоа, ќе се забранат и сите градежни активности и поставување на инсталациона или линиска инфраструктура во дефинираниот безбедносен простор.Според член 8 од законот, ќе бидат забранети:Градежни активности;Поставување на линиска и инсталациона инфраструктура;Јавни собири, протести и манифестации;Летање со дронови и други беспилотни летала над Собранието и безбедносната зона.Со законот се предвидува и укинување на сите претходно одобрени дозволи за градба во оваа зона, како и раскинување на постоечките договори за земјиште во просторот што ќе биде прогласен за безбедносна зона.Покрај Африм Гаши, предлогот е потпишан и од пратениците Беким Коку, Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски. Надлежно работно тело за разгледување на законот е Комисијата за одбрана и безбедност.Предлогот доаѓа во период на зголемени политички тензии и зачестени протести, што веќе предизвикува реакции во јавноста и кај граѓанските организации, поради можноста за ограничување на уставно загарантираните права и слободи.

Македонија | пред 6 месеци

482229019_1244659017016022_5972897827825566353_n

Спикерот Гаши со народни пари на Ифтар угости премиер, пратеници, политичари

Во Клубот на пратеници, спикерот угости пратеници, премиерот, функционери, припадници на верските заедници. Некои пратеници објавија фотографии и се пофалија дека биле на Ифтарска вечера кај претседателот на Собранието, Африм Гаши.Ова ги изреволтира граѓаните и следуваа коментари, критики но и бришења и менување постови.Граѓаните рекоа, ова е во Клуб на пратеници, значи сте биле кај нас дома, ние го плаќаме. Ако сакал Гаши да ве угости можел дома кај него да ве викне или да плати вечера во некој ресторан. И бидејќи празникот трае еден месец, ифтарски вечери од народни пари сега, по стариот обичај ќе организираат министри, директори и додиректори.А нели ние сме секуларна држава, религијата е одвоена од државата. Дали да очекуваме на кршење јајца, јагнешко и што ли уште не, да поканат претседателката, премиеротот, министрите. И повторно народот да плати.Не чувме дека некој изреагира бидејќи народот вели сложни попови и во петок мрсат.Претходно ова го правеше Талат Џафери. И не држи реченицата, „И вие така правевте“, бидејќи за такво правење и ги сменивме.

Македонија | пред 8 месеци

gasi-gashi-afrim

Гаши објаснува, изгласувањето на интерпелацијата на Даути не значело и нејзино разрешување

Собранискиот спикер Африм Гаши, преку соопштение дообјаснува то значи изгласувањето на интерпелацијата за пратеничката Илире Даути, претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.,,Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот”, стои во соопштението од Собранието.Собранието на Република Северна Македонија, посочуваат, останува цврсто на заложбата за зачувување на институционалниот интегритет, почитување на законите, Деловникот, Уставот и обезбедување на транспарентност во сите собраниски процедури.Останува нејасно што значи изгласувањето на интерпелација и ако тоа не повлекува и разрешување за што денеска дебатираа и се караа пратениците.Инаку интерпелацијата ја поднесе Левица, бидејќи Даути не сакаше да закаже седница на Комисијата во врска со Законот за бранители, предложен од СДСМ, чии пратеници денеска не беа во собраниската сала.

Македонија | пред 10 месеци

afrim-gashi

Толкувањата на Св. Климент „гладен да нахраниш, жеден да напоиш, патник да прибереш и гол да облечеш, чест на презвитери да направиш...“ се врежани во секој наш ден, вели Гаши

„Во име на пратениците и во мое лично име ви го честитам големиот празник "Св. Климент Охридски", патрон на македонската православна црква, прв словенски епископ, духовник, просветител и учител“, вели Африм Гаши, претседател на Собранието и додава:„Толкувањата на Св. Климент „гладен да нахраниш, жеден да напоиш, патник да прибереш и гол да облечеш, чест на презвитери да направиш...“ и денес длабоко се врежани во секој наш ден, постапка и стремеж на чиниме добрина. На овој голем празник да се навратиме на суштината, на темелите на човештвото и да ја шириме добрината, обединето да чекориме кон вредностите за кои беседел Свети Климент“.

Македонија | пред 11 месец

gashi-riga-1

Оштетувањето на каналот во Косово е терористички акт и закана за мирот во регионот, регира Гаши

„Оштетувањето на каналот Ибер-Лепенец и фрлањето на граната во близина на општинската зграда во Звечан, Косово, се терористички и насилнички акти кои имаат за цел дестабилизација и закана на безбедноста и мирот во Косово и регионот“, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши. и додава:Остро ги осудуваме овие кукавички обиди за оштетување на виталната инфраструктура на снабдување и за поттикнување страв и несигурност кај граѓаните.Силно ги поддржуваме институциите на Косово во нивната заложба за заштита на редот, безбедноста и суверенитетот на земјата“.

Македонија | пред 1 година

gashi-riga-2

Гаши од Рига: Оваа битка не е и не смее да биде битка само на Украина

„Дозволете ми на самиот почеток да искажам дека ми е особена чест што сум денеска тука, заедно со моите колеги, претседатели на парламенти на демократски држави, сите обединети во поддршката на Украина и Крим за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и одбрана од руската агресија“, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши на 3. Парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа во Рига.„Оваа битка не е и не смее да биде битка само на Украина. Ова е и наша битка, битка на сите демократски сили, затоа што мора здружено и обединето да се спротивставиме на сите оние кои сакаат со непочитување на територијалниот интегритет и суверенитет, и со непочитување на меѓународното право и принципи, преку агресија да освојуваат туѓи територии и притоа да нанесуваат голема неправда и големо злосторство врз невините граѓани.Честа за мене е голема, но навистина жалам што за некој месец ќе одбележиме три години од агресијата на Русија врз Украина.Тоа се три години страдање, три години кои одземаа многу невини жртви, беа урнати многу домови, милиони Украинци се раселени, одземено е безгрижното детство и уништена е младоста на цели генерации Украинци. Речиси три години војна одземаа значајно време и многу ресурси кои Украина наместо да ги посвети на својот економски развој и напредок, ги посвети на борба за својата слобода и независност.Тоа го гледаме во Крим и во Украина, за жал го гледаме на Блискиот Исток. Со нашето присуство тука, ние денеска ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на принципите кои нѐ поврзуваат заедно: почитувањето на територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоопределување.Ситуацијата на Крим не е само регионална грижа; тоа е глобален предизвик за меѓународниот поредок заснован на правила.Тековната окупација и анексија на Крим од страна на Руската Федерација претставува очигледно кршење на меѓународното право и наша колективна одговорност е да се справиме со оваа неправда.Денеска, кога сме собрани овде на едно место за да ја изразиме нашата цврста поддршка не само на Украина и Крим, туку и за демократските вредности кон кои сите ние се стремиме слобода, мир и почитување на човековите права одбележуваме еден значаен јубилеј, а тоа е 80 години од депортацијата на Кримските Татари од нивните древни огништа.Важно е да се сеќаваме на овие трагедии, да зборуваме за жртвите, за траумите и за последиците од тие трауми, за ваквите злосторства да не се повторуваат.Дозволете ми на крајот, во мое лично име, и во име на Собранието на Република Северна Македонија уште еднаш да ја потврдам нашата подршката за украинскиот народ и држава со сите наши можности, сѐ до целосна слобода на Украина“, изјави Гаши.

Македонија | пред 1 година

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Не бре Гаши, не е ова албанофобија и исламофобија, туку борба со криминалци кои се претставуваат како политичари, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска „удри“ по собранискиот спикер Африм Гаши, кој вчера оцени дека предлог за негова интерпелација е албанофобија и исламофобија.„Ако го обвиниш Африм Гаши дека ги прекршил законите и Уставот тоа е албанофобија. Ако го повикаш Афрм Гаши на одговорност за прекршување на Уставот и законите - тоа е исламофобија. Демократијата и владеењето на правото во една држава се обратно пропорционални со нивото на неказнивост на високите функционери во власта“, вели Најчевска и додава:„Според ситуацијата со Африм Гаши, демократијата и владеењето на правото во Македонија се на 0. Не бре Африм Гаши. Не е ова албанофобија и исламофобија. Ова е едноставно борба со криминалци кои се претставуваат како политичари.

Коментари | пред 1 година

gashi-4

Африм Гаши „на тапет” пред пратениците

Денеска народните избраници за прв пат во овој парламентарен соњтав ќе гласаат за менување или не на првиот меѓу еднаквите, спикерот Африм Гаши.Интерпелацијата за собранискиот спикер Гаши е поднесна од Левица.Според распоредот на силите и најавите кој како ќе гласа, интерпелацијата тешко ќе добие мнозинство.ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН нема да ја поддржат иницијативата за интерпелација, додека пратениците на СДСМ и Коалицијата и Левица ќе гласаат „за“.Од ДУИ нема прецизен одговор. Неофицијално интегративците на Ахмети на почетокот на седницата ќе го искажат ставот зошто и што му забележуваат на Гаши и ќе ја напуштат собраниската без да гласаат.Интерпелацијата, Левица ја засноваа на 7 точки во 10 страници каде според нив собранискиот спикер работел нестручно, неуставно и неделовнички, но и како што наведуваат ја повредил секуларноста на државата бидејќи дозволил извршување на верски обреди на една од седниците на комисиите . Во забелешките е наведен и случајот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром за што Гаши исто така посочи пак дека реагирал со цел да избегне инцидент а останатите прашања повторно ги адресираше на МВР. Според Левица, Гаши како претседател на Законодавниот дом направил и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што заклетвата што ја даде како веќе избран претседател прво ја дал на албански, а не на македонски јазик. Во интерепалцијата е наведено дека спикерот го злоупотребил и Законот за државни симболи .Опозицијата ќе ја искористи можноста и да говори за скандалот со сватовите и свадбата на Косово.Интерпелација е регулирана во Деловникот на Собранието.Право да ја образложи интерпелацијата на седница на Собранието има еден од пратениците што ја поднеле интерпелацијата, во траење од 20 минути.Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација, во траење од 20 минути.Претресот по интерпелацијата трае еден работен ден до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24,00 часот.За да биде разрешен функционер потребна е поддршка од 61 пратеник.

Македонија | пред 1 година

gashi-

Гаши пред обидот за негова интерпелација, испрати порака до пратениците

Среќен сум што имам можност за интерпелација за да објаснам некои работи што во јавноста беа искажани, истакна Претседателот на Собрание Африм Гаши во интервју за ТВ Сител во пресрет на утрешната интерпелација.Според него е ова одраз на демократија и демократки процеси во една една држава: Убаво е да имаме различни мислења, тоа е суштината на демократијата. Би било лошо да има едноумие и тој систем сме го поминале. Многу сум среќен што утре ќе имам шанса да одговорам пред јавноста за се што беше засегната и заинтересирана.Гаши потенцира дека неговата совест е мирна и чиста и со ништо не придонел за да се предизвика проблем.„Имам мирна и чиста совест дека со ништо не сум предизвикал хистерија во јавноста. Самата интерпелација не се однесува за нешто што е принципиелно прекршено во Собранието, или да е скратено правото на некој пратеник или пратеничка група, туку повеќе станува збор за тривијални теми кои добиваат на знаење во социјалните медиуми. Но подготвен сум и за тоа да разговарам. На најдостоинствен начин ја работам својата работа. Најчесно и најодговорно. Утре пратениците ќе го кажат своето мислење, а јас сум подготвен на секаков одговор и секаква одлука што ќе ја донесе нашето Собрание да ја почитувам“. Тој ги повика сите пратеници и од опозицијата и од својата партија утре да гласаат индивидуално според своето лично убедување.„Јас оваа интерпелација не ја гледам тоа од политички аспект, туку индивидуално од секој пратеник. И би го поканил секој пратеник да гласа според своето лично убедување. Ги молам и пратениците од мојата коалиција Вреди, да гласаат на таков начин. Треба да се научиме така да одговараме пред јавноста. Интерпелацијата е една многу демократска алатка што овозможува да дадеме отчет и пред пратениците и пред граѓаните и треба да се научиме на тоа. И утре ќе излезам со свој одговор пред јавноста и пратениците и верувам дека сите ќе гласаат според своето убедување и според својата чиста совест. За оваа интерпелација им се заблагодарувам и на Левица за дадената можност да ги изнесам своите аргументи, позади кои стојам и денес“, дополни спикерот Гаши.

Македонија | пред 1 година

gashi-

ВРЕДИ со осудата на интерпелацијата за Гаши ги напаѓа демократските институции и Собранието, укажува Најчевска

Интерпелацијата на претседателот на законодавниот дом наскоро пред народните избраници. За коалицијата ВРЕДИ, бесмислен политички експеримент и обид за дестабилизација, претставува обидот за смена на Гаши. Според професорката по право, Мирјана Најчевска, ова е напад на ВРЕДИ врз демократските институции.„Како може регуларна демократска процедура како што е интерпелацијата да биде напад врз државните институции и да е против евроатлантската интеграција? Всушност, според мене, ВРЕДИ со самиот акт на осуда на институтот интерпелација директно ги напаѓа демократските институции, функционирањето на Собранието и принципот на владеење на правото“, вели Најчевска и појаснува:„Ваквиот директен напад на институт кој е предвиден и гарантиран со Уставот на Македонија (член 72 од Уставот) е директен акт на повикување на противуставно делување и само чекор од насилно рушење на уставниот поредок. Според членот 72 од Уставот: Интерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција“.

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања