Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Гаши од Рига: Оваа битка не е и не смее да биде битка само на Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
gashi-riga-2

„Дозволете ми на самиот почеток да искажам дека ми е особена чест што сум денеска тука, заедно со моите колеги, претседатели на парламенти на демократски држави, сите обединети во поддршката на Украина и Крим за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и одбрана од руската агресија“, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши на 3. Парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа во Рига.

— реклама —

„Оваа битка не е и не смее да биде битка само на Украина. Ова е и наша битка, битка на сите демократски сили, затоа што мора здружено и обединето да се спротивставиме на сите оние кои сакаат со непочитување на територијалниот интегритет и суверенитет, и со непочитување на меѓународното право и принципи, преку агресија да освојуваат туѓи територии и притоа да нанесуваат голема неправда и големо злосторство врз невините граѓани.

Честа за мене е голема, но навистина жалам што за некој месец ќе одбележиме три години од агресијата на Русија врз Украина.

Тоа се три години страдање, три години кои одземаа многу невини жртви, беа урнати многу домови, милиони Украинци се раселени, одземено е безгрижното детство и уништена е младоста на цели генерации Украинци. Речиси три години војна одземаа значајно време и многу ресурси кои Украина наместо да ги посвети на својот економски развој и напредок, ги посвети на борба за својата слобода и независност.

— реклама —

Тоа го гледаме во Крим и во Украина, за жал го гледаме на Блискиот Исток. Со нашето присуство тука, ние денеска ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на принципите кои нѐ поврзуваат заедно: почитувањето на територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоопределување.

— реклама —

Ситуацијата на Крим не е само регионална грижа; тоа е глобален предизвик за меѓународниот поредок заснован на правила.

Тековната окупација и анексија на Крим од страна на Руската Федерација претставува очигледно кршење на меѓународното право и наша колективна одговорност е да се справиме со оваа неправда.

Денеска, кога сме собрани овде на едно место за да ја изразиме нашата цврста поддршка не само на Украина и Крим, туку и за демократските вредности кон кои сите ние се стремиме слобода, мир и почитување на човековите права одбележуваме еден значаен јубилеј, а тоа е 80 години од депортацијата на Кримските Татари од нивните древни огништа.

— реклама —

Важно е да се сеќаваме на овие трагедии, да зборуваме за жртвите, за траумите и за последиците од тие трауми, за ваквите злосторства да не се повторуваат.

Дозволете ми на крајот, во мое лично име, и во име на Собранието на Република Северна Македонија уште еднаш да ја потврдам нашата подршката за украинскиот народ и држава со сите наши можности, сѐ до целосна слобода на Украина“, изјави Гаши.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library19hifrostl5p7chBud2

Гаши: Собранието ќе продолжи да поддржува политики за одржлив енергетски развој и инвестиции

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library1uhcnkfb1nsh1ocqS7i

Гаши: Западен Балкан не смее да остане „сива зона“ во геополитички контекст

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqt2999uslnvg27dRdCY

Гаши на комеморативната седница за Кочани: Песната на ДНК „Ако утре ме нема“, која до таа ноќ беше само рефрен, денес добива поинакво значење

Македонија | пред 3 месеци

gasi-gashi-afrim

Гаши во официјална посета на Вашингтон

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања