Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Гаши пред обидот за негова интерпелација, испрати порака до пратениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
gashi-

Среќен сум што имам можност за интерпелација за да објаснам некои работи што во јавноста беа искажани, истакна Претседателот на Собрание Африм Гаши во интервју за ТВ Сител во пресрет на утрешната интерпелација.

— реклама —

Според него е ова одраз на демократија и демократки процеси во една една држава: Убаво е да имаме различни мислења, тоа е суштината на демократијата. Би било лошо да има едноумие и тој систем сме го поминале. Многу сум среќен што утре ќе имам шанса да одговорам пред јавноста за се што беше засегната и заинтересирана.

— реклама —

Гаши потенцира дека неговата совест е мирна и чиста и со ништо не придонел за да се предизвика проблем.

— реклама —

„Имам мирна и чиста совест дека со ништо не сум предизвикал хистерија во јавноста. Самата интерпелација не се однесува за нешто што е принципиелно прекршено во Собранието, или да е скратено правото на некој пратеник или пратеничка група, туку повеќе станува збор за тривијални теми кои добиваат на знаење во социјалните медиуми. Но подготвен сум и за тоа да разговарам. На најдостоинствен начин ја работам својата работа. Најчесно и најодговорно. Утре пратениците ќе го кажат своето мислење, а јас сум подготвен на секаков одговор и секаква одлука што ќе ја донесе нашето Собрание да ја почитувам“. Тој ги повика сите пратеници и од опозицијата и од својата партија утре да гласаат индивидуално според своето лично убедување.

„Јас оваа интерпелација не ја гледам тоа од политички аспект, туку индивидуално од секој пратеник. И би го поканил секој пратеник да гласа според своето лично убедување. Ги молам и пратениците од мојата коалиција Вреди, да гласаат на таков начин. Треба да се научиме така да одговараме пред јавноста. Интерпелацијата е една многу демократска алатка што овозможува да дадеме отчет и пред пратениците и пред граѓаните и треба да се научиме на тоа. И утре ќе излезам со свој одговор пред јавноста и пратениците и верувам дека сите ќе гласаат според своето убедување и според својата чиста совест. За оваа интерпелација им се заблагодарувам и на Левица за дадената можност да ги изнесам своите аргументи, позади кои стојам и денес“, дополни спикерот Гаши.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Денеска Гаши ќе ги распише локалните избори

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе тужба против Собранието и претседателот Гаши: „Поништувањето на расправата за Кочани е противзаконско“

Македонија | пред 4 месеци

afrim-gashi

Африм Гаши хоспитализиран со стомачни болки – состојбата стабилна, засега без потреба од операција, велат од Министерството за здравство

Македонија | пред 4 месеци

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Кабинетот на Гаши потврди: Хоспитализиран е, состојбата му е стабилна и се вршат испитувања

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања