Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

ГАШИ

gashi-4

Гаши индиректно призна дека отишол по невеста во Косово: Известивме во МВР!

„Со оглед на неточните и тенденциозни тврдења на одредени медиуми околу вчерашното патување на претседателот на Собранието, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста за следните факти“, велат од законодавниот дом откако ЛДП праша „Носеше ли Гаши патен налог со себе денеска кога со службено возило отиде по невеста во Косово?“. Од Собрание додаваат:Претседателот на Собранието е придружуван од обезбедувањето 24/7, како што е наложено со закон. Овој безбедносен детал функционира строго во законската рамка и ги следи сите протоколи што ги бара државата.Претседателот на Собранието на 17 август 2024 година, заедно со неговото семејство, отпатува во соседната земја Косово. Оваа посета беше целосно транспарентна и усогласена со сите потребни процедури. Пред поаѓањето уредно беа известени и Министерството за внатрешни работи и МНР и e доставена сета потребна документација според утврдениот протокол за секое службено лице кое ја напушта државата.Надлежните органи можат да ја потврдат оваа информација, дека сите постапки се во согласност со одговорностите и обврските на претседателот на Собранието“.

Македонија | пред 1 година

gashi-

Носеше ли Гаши патен налог со себе денеска кога со службено возило отиде по невеста во Косово?, прашува ЛДП

Либерално-демократската партија изразува загриженост од континуираното непристојно однесување и злоупотреба на службената положба на претседателот на Македонското Собрание, Африм Гаши.„Откако неговото обезбедување неодамна успеа да предизвика меѓународен инцидент на Скопскиот аеродром при посетата на косовската претседателка, Вјоса Османи, денеска Гаши повторно е во главна улога, овој пат како сват по невеста, со службено возило во свадбарска колона во соседно Косово.Прашуваме, дали господинот спикер, Африм Гаши, носел со себе патен налог и поседувал официјална документација за да може да оди по невеста со службено возило надвор од државата? Ако имал, бараме образложение по кој основ е издаден тој налог, за која намена, во кое времетраење и нормално, колку сето тоа нѐ чини нас, од чии даноци и се одржуваат возилата и државниот возен парк.ЛДП апелира да престане „каубојското“ однесување на одредени службени лица, претставници на институциите во државата и наместо да мафтаат со пиштоли по аеродроми и да одат на свадби во соседството со службени возила, да седнат и да сработат нешто за доброто на граѓаните и државата. Со единствена цел: спречување на злоупотребата на државните возила, ЛДП предлага сите службени возила да бидат видливо и јасно обележани (како такси возилата во Град Скопје) или сите да бидат бојадисани со иста боја.Само така, со носење на ваква конкретна мерка ќе може да се намалат злоупотребите во иднина, истовремено намалувајќи го и беспредметното трошење на буџетски средства за приватни и лични намени“, велат од Либерално-демократската партија.

Македонија | пред 1 година

gasi-gashi-afrim

Влен го брани Гаши: Со фанфари се бара политичка одговорност, се прави конструкција со обезбедувањето

„Како и во секој политички експеримент, така и во интерпелацијата за Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има неопходни елементи. Потребен е мотив како аеродромскиот инцидент. Потоа, координирано се креира хистерија во јавноста“, велат од Коалицијата ВЛЕН.Тие додаваат:„На фанфари се бара политичка одговорност. Се прави конструкција со обезбедувањето на Претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е подржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор.Што е целта? Сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор, туку целта е да се предизвика политички земјотрес. Зошто? За да се стави на тест владиното мнозинство и да некој да провери дали опозицијата може да најде заеднички интерес да делува здружено.Пратениците на ВЛЕН се подготвени да ја бранат честа на Албанскиот народ, стратешкото партнерство со САД и ЕУ вредностите. Клучната дилема е дали ДУИ до толку е исплашен од тоа што следи што е подготвен да се координира и со Левица само да не се зборува за криминалот на нивните поранешни функционери? Доаѓа време за вистината!“.

Македонија | пред 1 година

vjosa-gasi

Гаши не ја признава државата чиј пратеник е, Османи не ја почитува Македонија, алармира Најчевска по скандалот на аеродромот

Професорката по право, Мирјана Најчевска ја обвини претседателката на Косово, Вјоса Османи за непочитување на институциите на Македонија и државата. Истовремено, смета дека Гаши покажал дека не ја признава државата чиј пратеник е.„Прво, низ скенерот на аеродром не смее да се помине се телефон. Значи телефонот мора да биде оставен настрана. Второ, со претседателката на Косово требало да има лице од амбасадата на Косово во Македонија а нејзиното обезбедување нема никакви ингеренции освен заштита на нејзиниот физички интегритет. Трето, доколку имало некаков проблем лицето од амбасадата треба да реагира до МНР кое е единствено надлежно за разрешување на вакви ситуации.Вмешувањето на обезбедувањето на Гаши е спротивно на законите и треба да биде соодветно санкционирано (доклку имало репетирање на пиштол треба да се бара и кривична одговорност. Со тоа што Претседателката на Косово му се јавила на Гаши наместо да оди преку регуларни канали на институциите на Македонија покажала елементарно непочитување на државата во која во моментот се наоѓа. Со тоа што Гаши испратил свое обезбедување да решава проблем поврзан со странски граѓанин Гаши покажал дека не ја признава државата чии пратеник е и не ги признава нејзините институции“.

Коментари | пред 1 година

gashi-4

Гаши си го правда обезбедувањето за инцидентот на аеродром: Они ги смируваа!

Кабинетот на претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, демантира какво била вмешаност на членови на неговото лично обезбедување во денешниот инцидент на скопскиот аеродром, како што пренесуваат одредени медиуми.“Наспроти овие информации, членовите на безбедносниот тим на претседателот на Собранието Гаши биле присутни само за да се смири ситуацијата настаната од недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, и припадниците на аеродромското обезбедување.Обезбедувањето на претседателот Гаши, кои се вработени во МВР, интервенирале да ја смират ситуацијата и да им помагаат на нивните колеги за спроведување на безбедносните постапки при посета на ВИП личности.Притоа потенцираме дека секое известување кое го сугерира спротивното е тенденциозно. Исто така ги повикуваме и медиумите кои известуваат за овој настан да ги проверат тие информации пред да објават вакви тврдења и да постапат со професионална и етичка одговорност”, велат од Гаши.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Од ТАВ раскажаа што се случило на скопскиот аеродром со обезбедувањето на Гаши: не беше загрозена безбедноста

“Во врска со објавата за инцидентот кој се случи денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје, во ВИП-салонот, би сакале да известиме за следното:Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот.Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет.Сакаме да потенцираме дека авијациската безбедност не беше загрозена, поради тоа што споменатиот инцидент се случи во јавната зона на аеродромот, односно пред пунктот за безбедносна проверка на ВИП-салонот од каде ВИП-патниците откако ќе бидат проверени од Обезбедувањето се упатуваат во безбедносно-контролирана зона на аеродромот.Исто така, сакаме да потенцираме дека ВИП-салонот е посебна зграда изолирана од главната терминална зграда на скопскиот аеродром, што значи дека е комплетно неточно дека била загрозена безбедноста на патниците.Со цел точна слика за случката и спречување на ширење дезинформации, за сите детали во однос на инцидентот, ги упатуваме медиумите да се обратат до надлежните институции”, велат од ТАВ Македонија за инцидентот со обезбедувањето на Африм Гаши.

Македонија | пред 1 година

IMG_4466

Средба на претседателот на Собранието Гаши со албанскиот претседател Бегај

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој престојува во Скопје, во рамки на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).На средбата, соговорниците посебно се осврнаа на соработката меѓу двете земји, при што се согласија дека Северна Македонија и Албанија негуваат одлични меѓусоседски односи и искрено пријателство, иако, како што забележаа, секогаш има простор за уште поинтензивна комуникација на билатерален, но и на регионален план, како и во процесот на интеграција во Европската Унија.Нашите две земји секогаш имале заеднички цели кон кои одиме заедно, рече претседателот на Собранието на РСМ, посочувајќи дека Северна Македонија пред повеќе години се соочи со пречка на патот кон НАТО, каде што, сепак, сега е полноправна членка. Во тој контекст, претседателот Гаши изрази надеж дека овој пат Северна Македонија и Албанија ќе продолжат заедно да напредуваат на патот кон ЕУ и дека во ист ден ќе станат полноправни членки.Претседателот на Албанија истакна дека реформите што ги преземаат двете земји во однос на евроинтеграцијата не се само за остварување на критериумите на ЕУ, туку пред се за развој на земјите и за постигнување бенефити за граѓаните.Како носители на јавни функции, рече Бегај, треба да бидеме фокусирани на сегашноста и на создавање подобра иднина, со цел на новите генерации да им оставиме развиен и просперитетен регион.Соговорниците се осврнаа и на претстојната 11. Пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, што ќе се одржи од 18 до 20 јуни во Собранието на РСМ, по што Албанија треба да го преземе од Северна Македонија едногодишното претседавање со овој процес.Тоа е уште еден знак за нашата посветеност за продлабочување на регионалната соработка, рече Гаши, изразувајќи задоволство што на крајот на оваа пленарна сесија ќе го предаде претседавањето со ПС на ПСЈИЕ на Делегацијата на Парламентот на Албанија.Во насока на понатамошно продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Албанија, како и меѓу сите земји од регионот, претседателот Гаши истакна дека приоритет треба да бидат и инфраструктурните проекти. На тој начин, како што рече Гаши, ќе се обезбеди подобро поврзување меѓу државите и граѓаните, како предуслов и за економско унапредување на регионот во целина. Мора да продолжи изградбата на патиштата, енергетското и железничкото поврзување во рамки на Коридорот 8, со цел поголема размена на луѓе, стоки и услуги, за што постои огромен потенцијал, рече претседателот Гаши.

Македонија | пред 1 година

IMG_4419

Средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Репубика во РС Македонија.Амбасадорот Силвестри му го честиташе изборот на Гаши за претседател на Собранието, како претседател избран со забележителен број гласови, посакувајќи му успешна работа и подвлекувајќи го демократскиот механизам на самиот избор. Притоа, му врачи честитка од претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Русa, со желби за успех во натамошната работа.Претседателот Гаши го запозна амбасадорот со тековните активности на законодавниот дом, претстојното формирање на комисиите и другите работни тела, и очекувањето за брзо формирање на новата Влада. Истакна дека како одговорен претседател ќе остане отворен за соработка со сите политички партии претставени во Собранието, бидејќи сите треба да работат за доброто на граѓаните и државата во целина. Во контекст на билатералната соработка меѓу двете земји, претседателот истакна дека високо ја вреднува соработката со пријателска Италија, земја силен поддржувач на РС Македонија на евроинтеграцискиот пат.Амбасадорот Силвестри го информираше претседателот за постојните релации на планот на меѓупарламентарната соработка и изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина по формирањето на пратеничката група во Собранието за соработка со Италијанскиот парламент. Беше споменато и неодамнешното одблежување на 30 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Италија и Република Северна Македонија, при што амбасадорот му подари примерок од Публикацијата отпечатена по овој повод.Двајцата соговорници разменија мислења за идната законодавна агенда, фокусот кон евроинтеграцијата на земјата и улогата на Собранието во тој процес, задржувањето на конструктивен и пријателски однос со сите соседи и градење на мостови на соработка со земјите од целот регион.

Македонија | пред 1 година

447772326_10228014781289695_6555469959637019341_n

(Фото) Гаши и пишал на Најчевска, таа ја сподели пораката и јавно го испокара: Не се сеќавам!

Професорката по право Мирјана Најчевска сподели порака која ја добила од собранискиот спикер, Африм Гаши. Тој и се претставил како нејзин поранешен студент и укажал дека сака телефонски да исконтактира со неа. Таа возврати дека не се сеќава на него како студент, бидејќи се сеќава само на тие кои и оставиле впечаток. Според неа, Гаши не ја заслужува спикерската позиција во Собрание.„Оваа порака ја добив на WhatsApp од политичарот Африм Гаши: “Pozdrav pocituvana profesorke, Jas sum Afrim Gashi vas student. Procitajte go ovo tekst na Derala i potoa ako sakate mozeme da se slusneme. Inaku sum bil vas student, mozete da se rasprasate za mene vo ISPPI kakov student sum bil zatoa sto ocigledno ste me zaboravile. Jas seuste imam golema pocit kon vas i ne sakam da ve gledam na vakvo nisko nivo vo koe ste podpadnale. Sekoe dobro“.Бидејќи од секогаш сум била против тајни разговори еве јас јавно ќе одговорам на политичарот Африм Гаши. Не се сеќавам на него како студент. Јас се сеќавам само на исклучително добрите студенти кои ми оставиле впечаток. Како прво, со оглед на тоа дека политичарот Африм Гаши не пружи ниту еден против аргумент со кој ќе објасни зошто смета дека е соодветен за дадената позиција и покрај апсолутно пасивниот однос во Собранието во изминатиот мандат, јас останувам на секој збор кој сум го кажала во врска со изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Според податоците со кои располагам (а кои ги има и на официјалната страна на Собранието на Македонија) тој со ниту една своја досегашна активност во Собранието и надвор од него не се покажал како човек кој ја заслужува оваа позиција и кој има капацитет да ја извршува.Во врска со изјавата за неговиот однос со Косово, сметам дека таа не би имала посебно значење доколку не е дадена токму од новата позиција на претседател на Собранието на Македонија. Доколку не е дадена од човек кој завзема клучна позиција во власта, таа би била само дел од општиот податок дека големо мнозинство од етничките Албанци во Македонија се идентификуваат со Косово а не со Македонија.Меѓутоа дадена од позиција на претседател на Собранието на Македонија таа добива многу поинаква тежина. Уште повеќе што не станува збор за изолирано делување и/или однесување. Оваа изјава треба да се стави во контекстот на досегашното делување на господинот Африм Гаши кој од позиција на претседател на Алтернатива врската со Косово ја издигнува на многу високо ниво, а Македонија, граѓаните на Македонија, интересите на граѓаните на Македонија (посебно на етничките Македонци како мнозинско население) едноставно ги нема.Посетата на Албин Курти (премиерот на Косово) на настаните организирани од страна на Алтернатива под претседателство на политичарот Африм Гаши не е единствена прилика кога политичарот Африм Гаши јасно покажува дека не е спремен да ја прифати Македонија како држава со која се идентификува. Како дел од настаните на Алтернатива и како претседател на Алтернатива тој промовира и поддржува единствено етно-национално идентификување во кое нема место за Македонија. Од фотографиите кои се поврзани со неговото партиско делување очигледно нема ни М од Македонија. А токму како претставник на оваа партија Африм Гаши е поставен за претседател на Собранието на Македонија.Само како пример од интернет страната на Алтернатива (https://alternativa.org.mk/kryetari/) - види фотографии подоле.Значи, воопшто не е случајно што политичарот Африм Гаши манифестира посебен однос кон Косово (не како кон соседна држава туку како држава која ја смета за татковина), и јас сум уверена дека во ситуација на конфликт на интересите меѓу Македонија и Косово, политичарот Африм Гаши ќе застане на страната на Косово.Своето непочитување кон мнозинското население чии интереси треба да ги застапува на исклучително високата позиција која што ја има го покажа и со актот на изговарање на заклетвата пред Собранието прво на Албански, а потоа на Македонски јазик (што само по себе значи прекршување на законите).Што се донесува до текстот на Џабир Дерала на кој ме упатува политичарот Африм Гаши (https://civilmedia.mk/gashi-da-se-izvini/), јас одамна престанав да обрнувам внимание на неговите писанија, кои не надминуваат симплифицирано еднострано етно гледање на работите.Да резимирам:- во моментот кога на Македонија и требаат најквалитетните луѓе кои ќе можат да ја извлечат од дупката во која шлајфа со децении, на чело на највисокото законодавно тело доаѓа човек кој бил пасивен, не учествувал во основната работа на Собранието и со ништо во својата досегашна работа не придонел за развој на државата.- во моментот кога на Македонија и е потребно да излезе од стапицата на етно диференцирање и да влезе во просторот на граѓанското, на чело на Собранието доаѓа човек кој целата кариера ја изградил токму на етно диференцирање и кој од првиот момент покажува дека тоа му е приоритет.

Коментари | пред 1 година

IMG_4363

Гаши: Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив

,,Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиумикои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија.Да појаснам и за јавноста, точната изјава во моето интервју беше дека „Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“.Сепак, верувам дека се разбираме доволно добро за да не бараме детални објаснувања за поимите како родно место, татковина или мајковина, бидејќи албанскиот јазик користи и сложена именка што комбинира мајка и земја. За мене најважно е преку нашите постапки да покажеме како ја гледаме нашата земја, која е нашата посветеност кон неа, кои се нашите придонеси и да правиме разлика меѓу оние кои ја градат и збогатуваат и оние кои ја уништуваат и крадат таа. Од тврдењата и изјавите за патриотизам граѓаните немаат никаква корист, а ние не сме тука да се натпреваруваме кој е по патриот. Јас не уживам во такви дебати и ова е мојата конечна изјава за оваа тема.”, напиша Африм Гаши на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

IMG_4354

Средба на претседателот на Собрамието Гаши со бугарскиот амбасадор Ангелов

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, на која се разговараше за односите меѓу двете земји и за можностите за унапредување на соработката на сите полиња.Честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Гаши, амбасадорот Ангелов се осврна на претстојните парламентарни избори во Бугарија, како и на изборите за Европскиот парламент. Тој изрази уверување дека новоизбраните парламенти во Северна Македонија и во Бугарија ќе воспостават добра и интензивна комуникација, посебно преку парламентарните групи за соработка.Двајцата соговорници се согласија дека е потребно постојано да се унапредува климата на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, како соседни земји кои се упатени на постојана соработка.Соговорниците, исто така, разменија мислења и за соработката меѓу двете земји во рамките на НАТО, како и за ЕУ-перспективите на нашата земја во наредниот период.

Македонија | пред 1 година

20230208213949

Мицкоски бара Гаши да се извини ако кажал дека негова татковина е Косово, а не Македонија

Собранискиот претседател, Африм Гаши, треба да се извини веднаш ако кажал дека негова татковина е Косово, порача мандатарот Христијан Мицкоски.„Изјавата на Гаши не сум ја слушнал. Мислам дека неговата татковина е Македонија, а од тоа што сум разговарал и од него сум слушнал е дека наша заедничка татковина е Макеоднија. Ако има таква изјава, треба да им се извини на граѓаните на Македонија, бидејќи од тука тој зема плата, и од страна на Македонците, Албанците, Турците е избран за претседател на Собрание“, рече Мицкоски.Новиот претседател на Собранието Африм Гаши во интервју за „РТК“ зборувал за историјата на неговото семејство кое во 50-тите години на минатиот век се преселило од Качаник во Скопје.„Во 50-тите години на минатиот век дедо ми работеше во Скопје, а поради техничките причини на тогашниот отежнат превоз купил мал дом во центарот на Скопје и семејството го однел овде, но по земјотресот се вратиле во родниот град. ЗА кратко време, потоа се вратија во Скопје и оттогаш дедо ми, вујковците и тетките живеат во Скопје. Јас сум роден во Скопје, а моите двајца братучеди продолжија да живеат во Качаник“, рекол Гаши.Според неговите зборови, „луѓето родени по деведесеттите не можат да го разберат ова, но за мене Косово е мојата татковина, местото каде се родени моите родители и сочувствувам со се што се случува во Косово“.

Македонија | пред 1 година

gashi-

Гаши не гледа одговорност што заклетвата ја читал на албански, а за Бугари во Устав треба да се најдат 80 пратеници

Новоизбраниот претседател на Собранието, Африм Гаши, во интервју за РСЕ отфрла вина дека прекршил одреден пропис со тоа што свечената заклетва ја дал прво на албански јазик.„Тоа се работи само од технички аспект, јас ја прочитав заклетвата на двата јазици. Тоа е од технички причини. Сигурно не било намерно. И да било, тоа е работа на Собранието. Без разлика, јас мислам дека не треба да обрнуваме внимание на такви работи, но и демократско право е на секој пратеник и граѓанин да реагира ако мисли дека некое право е прекршено“, рече Гаши.Гаши зборуваше и за вметнување на Бугари во Уставот.„Не знам точно дали сме ставиле некој датум, но сепак тоа е работа која зависи од 80 пратеници. Треба да се најдат 80 пратеници. Што се однесува до коалицијата ВЛЕН, а мислам дека и сите албански пратеници, ќе гласат за уставните измени кога и тие да дојдат на дневен ред. Така да, ние ќе се залагаме за тој принцип, ќе се залагаме за што побрзо интегрирање на нашата земја во Европската Унија, но тоа знаеме дека е комплексно прашање и ќе работиме сите заедно тоа да се случи што е можно побрзо“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

Capture-18

Африм Гаши нов спикер, го остави претседателското столче во Алтернатива

Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива бидејќи и самиот потврди дека е кандидат за претседател на Собранието.Изборот ќе се изврши денес а потребни му се 61 глас. Според новиот Деловник кој стапува на сила од денес, нема да има маратонска дебата, туку максимум три дена.На последната седница на Централното собрание на Уставот пропишал дека спикерот не може да извршува партиска функција, и затоа Гаши ја поднесе оставката од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата.Гаши го овласти потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до изборот на нов претседател на Алтернатива.

Македонија | пред 1 година

GASI

Африм Гаши, нов собраниски спикер

Иако ВМРО-ДПМНЕ со 58 пратенички мандати се бореше да ги добие сите водечки функции, претседател на државата, спикерското и премиерско место, сепак во рацете на Вреди најверојатно оди претседателското собраниско столче.Според информации на коалицијата Влен битно било прегласувањето во средата кога добија пратеник плус во шестата изборна единица од контото на Коалицијата предводена од ДУИ.Со ова Влен има 14 пратенци а ДУИ второто опозициско место сега го дели со Коалицијата предводена од СДСМ.Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, синоќа во интервју за Алсат ТВ не демантираше дека ќе биде новиот претседател на Собранието. Африм Гаши, за кој од почетокот се шпекулира дека е личноста која ќе седне на чело на Собранието, вели дека на разговорите со ВМРО ДПМНЕ за новата Влада, една од точките била Албанците да го добијат спикерското место.Се ќе биде јасно во вторник на 28 мај кога на конститутивната седница ќе се верификуваат мандатите, ќе се избере комисија за избори и именувања и претседател на Собранието.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања