Промени тема
Контакт

Гаши не гледа одговорност што заклетвата ја читал на албански, а за Бугари во Устав треба да се најдат 80 пратеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
gashi-

Новоизбраниот претседател на Собранието, Африм Гаши, во интервју за РСЕ отфрла вина дека прекршил одреден пропис со тоа што свечената заклетва ја дал прво на албански јазик.

— реклама —

„Тоа се работи само од технички аспект, јас ја прочитав заклетвата на двата јазици. Тоа е од технички причини. Сигурно не било намерно. И да било, тоа е работа на Собранието. Без разлика, јас мислам дека не треба да обрнуваме внимание на такви работи, но и демократско право е на секој пратеник и граѓанин да реагира ако мисли дека некое право е прекршено“, рече Гаши.

— реклама —
— реклама —

Гаши зборуваше и за вметнување на Бугари во Уставот.

— реклама —

„Не знам точно дали сме ставиле некој датум, но сепак тоа е работа која зависи од 80 пратеници. Треба да се најдат 80 пратеници. Што се однесува до коалицијата ВЛЕН, а мислам дека и сите албански пратеници, ќе гласат за уставните измени кога и тие да дојдат на дневен ред. Така да, ние ќе се залагаме за тој принцип, ќе се залагаме за што побрзо интегрирање на нашата земја во Европската Унија, но тоа знаеме дека е комплексно прашање и ќе работиме сите заедно тоа да се случи што е можно побрзо“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

afrim-gashi

Гаши: Интеграцијата во ЕУ мора да донесе конкретни промени за граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
afrim-gashi

Ставот за пресудата на Тачи бил личен, вели Гаши

Македонија | пред 1 седмица

afrim-gashi

„Убеден сум дека нема да има предвремени парламентарни избори“, вели Гаши

Македонија | пред 2 седмици

media-library19hifrostl5p7chBud2

Гаши: Собранието ќе продолжи да поддржува политики за одржлив енергетски развој и инвестиции

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања