ГАЗА

izrael

Германија стопира дел од извозот на оружје за Израел, Нетанјаху е лут: „Го наградувате Хамас“

По одлуката на израелската влада за нова офанзива во Појасот Газа, германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија повеќе нема да испорачува воена опрема „која би можела да се користи во Газа“. Одлуката следи откако Берлин оцени дека Израел се подготвува за „уште поостро воено дејствување“ во регионот, со што презема уште поголема одговорност за снабдување на цивилното население.„Израел мора трајно да ја подобри хуманитарната состојба во Газа и да обезбеди целосен пристап на помошта за ОН и невладините организации“, изјави Мерц, додавајќи и повик до Тел Авив „да не презема чекори кон анексија на Западниот Брег“.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро реагираше, обвинувајќи ја Германија дека со ембаргото „го наградила тероризмот на Хамас“.„Германија го наградува тероризмот со забрана за оружје“, стои во соопштението од неговиот кабинет.Според податоците на германската влада, во периодот од 7 октомври 2023 до 13 мај 2025, во Израел биле испорачани различни видови воена опрема – од огнено оружје, муниција и специјални оклопни возила, до електронска опрема и делови за морнарица. Дел од таа опрема, како противтенковско оружје и муниција, може да се користи и во Газа, но подморниците и системите за одбрана од Иран не се опфатени со забраната.

Свет | пред 5 месеци

gaza

BBC: Израелскиот план за заземање на Газа – прв чекор кон целосна окупација, Британија: „Погрешна одлука“

Одлуката на израелскиот безбедносен кабинет за преземање контрола врз Градот Газа најверојатно претставува прва фаза од поширок план за целосна окупација на Појасот Газа, бидејќи премиерот Бенјамин Нетанјаху отворено изјави дека тоа е неговата цел, пренесува BBC.Планот наиде на силно противење во врвот на армијата – началникот на Генералштабот, генерал Ејал Замир, предупредил дека ваквиот потег може да ја вовлече израелската војска во „замка“.Семејствата на околу 20 израелски заложници, за кои се верува дека сè уште се живи, стравуваат дека продолжувањето на офанзивата – која може да трае со месеци – дополнително ќе ги загрози нивните животи. Постојат и предупредувања дека операцијата може да донесе нови цивилни жртви и да ја влоши хуманитарната криза во Газа.Иако анкетите покажуваат дека повеќето Израелци поддржуваат договор со Хамас во замена за ослободување на заложниците и крај на војната, политичкиот врв во Тел Авив тврди дека Хамас моментално нема интерес за преговори, охрабрен од меѓународниот притисок врз Израел. Некои аналитичари сметаат дека заканата со целосна окупација е само тактика за притисок врз Хамас.Во интервју пред седницата на кабинетот, Нетанјаху најави дека контролата врз Газа ќе ја предаде на „арапски сили“, но не наведе кои држави би учествувале ниту како би изгледал таквиот процес.Британската влада остро ја критикуваше израелската одлука. Министерката за енергетска безбедност и климатска неутралност Миата Фанбуле за BBC изјави: „Веруваме дека ова е погрешен потег. Ќе ја ескалира веќе неподносливата ситуација и ќе донесе уште повеќе крвопролевање.“Таа повтори дека ставот на Лондон останува непроменет – итен прекин на огнот, зголемување на хуманитарната помош за Газа и ослободување на заложниците. „Се надеваме дека израелската влада ќе ја преиспита својата одлука,“ порача Фанбуле.

Свет | пред 5 месеци

gaza

Трагедија во Газа: Камион со хуманитарна помош се преврте, најмалку 20 загинати

Најмалку 20 лица го загубија животот кога камион натоварен со храна се преврте врз група цивили кои чекале ред за помош во централниот дел на Појасот Газа, соопшти Цивилната одбрана на палестинските власти.Несреќата се случила во областа Нусеират во текот на ноќта, кога стотици лица биле собрани во очекување на хуманитарна распределба. Портпаролот на Цивилната одбрана, Махмуд Басал, изјави дека возилото се превртело поради движење по оштетени и претходно бомбардирани патишта.Според Басал, израелската армија го насочила камионот да се движи по нестабилна рута, што резултирало со трагичниот инцидент.

Свет | пред 5 месеци

netanjahu

Трамп без јасен став за анексијата на Газа – Нетанјаху најавува целосна окупација

Американскиот претседател Доналд Трамп избегна директно да одговори дали ја поддржува или се противи на најавената намера на Израел да го анектира целиот Појас Газа, јавува Reuters.„Што се однесува на останатото, не можам многу да кажам. Тоа главно ќе зависи од Израел“, изјави Трамп, додавајќи дека фокусот на неговата администрација е насочен кон зголемување на испораката на хуманитарна помош за палестинската енклава.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, во вторникот повтори дека целосното уништување на Хамас останува клучна цел. Во безбедносен состанок посветен на следната фаза од војната, која според израелски извори е „неизбежна“, тој изјави: „Потребно е целосно поразување на непријателот во Газа, ослободување на сите наши заложници и гарантирање дека Газа повеќе нема да претставува закана за Израел. Ниту од една од овие мисии не се откажуваме“.Израелскиот печат, повикувајќи се на анонимни официјални извори, јавува дека Нетанјаху во приватни разговори изразил подготвеност да нареди целосна окупација на Газа, и покрај внатрешниот отпор во редовите на израелската армија.Американскиот претседател Трамп, во меѓувреме, го нарече „страшно“ видеото на кое се гледа израелскиот заложник Евјатар Давид, објавено неодамна од страна на Хамас.Очекувањата во израелската јавност и медиумите се јасни – следува нов бран ескалација, со можен обид за целосна територијална контрола на Газа од страна на Израел.

Свет | пред 5 месеци

jelena

„Какви луѓе станавме?“ – апел на актерката Јелена Јованова за страдањата во Газа

Актерката Јелена Јованова објави статус на социјалните мрежи, реагирајќи на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа. Таа се обрати до родителите, прашувајќи ги какви вредности им пренесуваат на своите деца во време кога гладот и страдањата се сведени на статистика, а емпатијата се губи во лавиринтот на политички оправдувања.Што им порачавте денес на вашите деца?Сигурно ќе ве прашаат вечерва.На оние во Газа кои умираат од глад, чии мајки ги хранат со сол и вода – не за да бидат здрави, туку за да ги одржат во живот барем уште еден ден, на оние што не се ни живи ни мртви, туку скелети што се движат – е јасно!Што ќе им кажете на вашите? Којa морална, ХУМАНА лекција ќе им ја пренесете?Каде, на пиедесталот, ќе им ја сместите емпатијата, а каде рамнодушноста?Сигурно ќе им спомнете: „Ама ќерко моја, сине мој, не се разбираш во политика.“Се надевам ќе ви одговорат: „За да го разбереш човековото право, хуманоста, не треба да ја разбираш и политиката!“Дека во Газа има недостаток на храна?Се надевам ќе ви кажат: „Не, во Газа се случува воен злостор. Геноцид.“Дека секој има право да се брани?Се надевам ќе ви кажат: „Изгладнувањето не е одбрана! Гладот не е оружје!“Дека и онака не можеме ништо да направиме?Се надевам ќе ви кажат: „Одговорноста е колективна, ама и срамот кога истата не се презема!“Дека е касно и треба да спијат?Се надевам ќе ве прашаат: „Што за вас е поважно од човековиот живот?“...се надевам!

Коментари | пред 6 месеци

gaza1

Собранието не изгласа резолуцијата со која Израел треба да дозволи влез на хуманитарна помош за цивилите во Газа

Мнозинството пратеници не дадоа поддршка за предлог-резолуцијата за хуманитарната ситуација во појасот Газа.Поддршка дадоа само 16 пратеници, меѓу нив и 6 пратеници на Левица.Со резолуцијата беше предвидено Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.Левица остро ја критикуваше одлуката на Законодавниот дом.„Од народ кој во Втората светска војна извијува победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со неоколонијален и вазален менталитет молчиме, додека деца умираат од глад”, реагираше пратеничката на Левица Јована Мојсоска.Со оваа резолуција се бараше од Израел да овозможи без одлагање влез на хуманитарна помош и тоа храна, медицински средства и логистичка поддршка за цивилното население во појасот Газа, во согласност со меѓународното право, како и со одлуките на релевантните меѓународни тела и организации и се упатуваше повик кон Обединетите нации, Европската унија, Исламската Конференција, како и сите други меѓународни организации да засилат дипломатски и хуманитарен притисок врз Израел за прекин на хуманитарната блокада и за подобрување на условите за цивилите.Резилуцијата беше предложена од пратениците Скендер Реџепи, Арбана Пашоли, Рина Ајдари, Муса Џафери, Дијана Тоска, Илире Даути и Сали Мурати.

Македонија | пред 6 месеци

jovana-mojsoska

Мојсоска: Левица гласаше за хуманитарна помош за Газа – собранието ја отфрли резолуцијата

Само 16 пратеници, од кои шест пратеници од Левица, во македонското собрание гласаа за Резолуцијата за хуманитарна помош на Газа.„Во моментов во Собрание само 16 пратеници гласаа хуманитарна помош на Газа (од кои 6 пратеници на Левица) - односно Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.Додека палестински деца умираат од глад, македонското собрание не само што не го осуди ционизмот на Израел (за разлика од многу европски држави) - туку не се уважува барем срамежливо да побара хуманитарна помош пред најголемиот геноцид на нашето време!“, напиша пратеничката на Левица, Јована Мојсоска.Понатаму во својот коментар Мојсоска вели дека од народ кој во Втора светска војна извојувал победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со „неоколонијален и вазален менталитет“ се молчи додека деца умираат од глад.„Се срамам од генерација која е апатична, индиферентна и колаборационистичка пред најголемото злосторство на нашето време“, го завршува својот коментар Мојсоска.Инаку резолуцијата која беше поднесена во македонското собрание бара од државата Израел да дозволи итно воведување хуманитарна помош (храна, медицински материјали и логистичка поддршка) за цивилното население во Газа, во согласност со меѓународното право, како и одлуките на релевантните меѓународни тела и организации. Со резолуцијата исто така се бараше ОН, Европската унија, Исламската конференција и сите други меѓународни организации да го зголемат дипломатскиот и хуманитарниот притисок врз Израел за прекин на хуманитарната блокада и подобрување на условите за цивилите.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_4172

Најмалку 116 мртви во нов крвав ден во Газа – меѓу нив и гладни цивили што чекале помош

Најмалку 116 лица загинаа во неделата во нов напад во Појасот Газа, откако израелските сили отвориле оган и извршиле гранатирање врз Палестинци кои се обидувале да дојдат до хуманитарна помош, соопшти Цивилната заштита во Газа. Според нивните податоци, само во неделниот инцидент загинале 93 лица, а бројот на повредени е значително поголем.Очевидци сведочат дека израелски тенкови пукале „неселективно“ врз луѓето. Еден од нив изјавил: „Прашањето е: дали да го носите ранетиот за да го спасите, или вреќа брашно за да го нахраните семејството?“Светската програма за храна (WFP) соопшти дека нејзини тимови биле сведоци на „огромни толпи гладни цивили врз кои било пукано“ во областа Зиким, во обид да стигнат до помош.Израелската армија, на прашање од новинската агенција АФП, го негираше извештајот од Цивилната заштита и тврди дека нејзините сили отвориле „предупредувачки оган“ како реакција на „непосредна закана“ поради собирањето на илјадници лица во зоната на ризик.Додека хуманитарната криза се продлабочува, Обединетите нации и повеќе меѓународни организации алармираат за сè поочигледниот ризик од масовен глад во Газа, особено меѓу најранливите. Цивилната заштита информираше дека во последните денови е регистрирано зголемување на бројот на смртни случаи кај доенчиња и новороденчиња – само минатата недела починале најмалку три деца поради глад и екстремна неухранетост.

Свет | пред 6 месеци

izrael-vojska

Израел го прифати 60-дневниот прекин на огнот; Трамп: „Прифатете ја понудата, следната ќе биде многу полоша“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека Израел се согласил на условите за постигнување конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, во рамки на обидите за ставање крај на војната во палестинската енклава.„Израел се согласи на потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да го прекинеме воениот конфликт“, објави Трамп на социјалните мрежи.Тој додаде дека Катар и Египет, кои „работеа многу напорно на воспоставување на мир“, ќе го достават конечниот предлог.„Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати понудата – бидејќи подобра нема да добијат, само полоша“, заклучи американскиот претседател.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Крајот на војната во Газа е „близу“, но бројот на жртви расте – Израел потврдува, Палестина тврди за масакр

Израелскиот министер за одбрана, Исраел Кац, изјави дека „операцијата во Газа се приближува кон својот крај“, наведувајќи го ослободувањето на заложниците и уништувањето на Хамас како клучни цели. Изјавата доаѓа по краткиот, но интензивен судир меѓу Израел и Иран минатата недела, и откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „брз прекин на огнот“.Но, на теренот – крвопролевањето продолжува.Палестински извори известуваат дека само во понеделник се убиени најмалку 100 лица во Појасот Газа, вклучувајќи најмалку 34 во напад врз кафуле на крајбрежната шеталишна зона во градот Газа. Меѓу загинатите има деца, жени и новинар, според медицински извори од болницата „Шифа“.Хамас тврди дека израелската ракета погодила камп за раселени лица, додека израелската армија соопшти дека целта биле „оперативци на Хамас“ во северна Газа и дека биле преземени мерки за заштита на цивили, вклучително и воздушно извидување. Случајот е во тек на истрага, но не се објавени информации за цивилни жртви од страна на израелските власти.И покрај најавите за деескалација, понеделникот беше еден од најсмртоносните денови во последните недели. Хуманитарните организации предупредуваат дека состојбата на теренот е катастрофална, а населението страда без вода, струја и медицинска помош.

Свет | пред 6 месеци

gaza44

Крвава ескалација во Газа: Најмалку 21 Палестинец убиен во израелски напади, преговорите за прекин на огнот во застој

Најмалку 21 Палестинец убиен во Појасот Газа во израелски воздушни напади и пукања, соопштија локалните здравствени власти, додека посредници од Израел и Хамас се обидуваат да ги обноват преговорите за прекин на огнот.Според локалните здравствени извори, во израелски воздушен напад биле убиени најмалку девет лица во училиште каде што биле сместени раселени семејства во предградието Шеик Радван во градот Газа. Во друг напад, уште девет лица загинале во близина на шатори во Кан Јунис, на југот на енклавата.Тројца Палестинци биле убиени во израелско пукање, а десетици ранети додека чекале камиони со хуманитарна помош од ОН долж главната рута во централна Газа, изјавија доктори.Израелската војска сè уште нема дадено официјален коментар за денешните напади. Израел тврди дека целта е елиминирање на милитантите на Хамас кои извршија напад врз јужен Израел во 2023 година и ослободување на заложниците што се уште ги држи таа група.Новите жртви доаѓаат во момент кога арапските посредници, Египет и Катар, со поддршка од САД, ги контактираат завојуваните страни обидувајќи се да воспостават нова рунда преговори за прекин на огнот. Сепак, според извори од Хамас, точен датум за продолжување на разговорите сè уште не е утврден.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистира Хамас, кој речиси две децении владее со Газа, да ги ослободи сите заложници, да се откаже од секоја политичка улога и да го положи оружјето за да се стави крај на војната. Хамас, пак, изјави дека ќе ги ослободи заложниците само ако Израел се согласи на траен прекин на огнот и целосно повлекување од Газа.

Свет | пред 7 месеци

gaza44

Седум израелски војници загинаа во борби во Појасот Газа

Израелската армија соопшти дека седум нејзини припадници – еден офицер и шест војници – загинале вчера во борбите на југот на Појасот Газа, во реонот на Кан Јунис.Во одвоен инцидент, исто така на југот, еден израелски војник бил тешко ранет. Според израелски медиуми, загинатите војници се наоѓале во оклопно возило кога експлозивна направа поставена под него детонирала и предизвикала пожар.Во истиот реон минатиот месец израелската армија нареди итна евакуација на цивилите, најавувајќи „невиден напад“. Населението беше насочено кон западниот дел на Појасот Газа, кон областа ал-Маваси, каде што сега се одвива нова офанзива.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.23

Хуманитарна линија претворена во масакр: Израел нападна луѓе што чекаа помош

Израелските тенкови пукаа врз толпа што се обидуваше да добие помош од камион во Газа во вторникот, при што загинаа најмалку 59 лица во еден од најкрвавите инциденти досега, соопштија медицински лица.Видео објавено на социјалните мрежи покажува десетина осакатени тела како лежат на улица во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.Израелската војска, која е во војна со палестинските милитанти предводени од Хамас во Газа од октомври 2023 година, го призна пукањето во областа и рече дека го истражува инцидентот.Сведоци интервјуирани од Ројтерс рекоа дека израелските тенкови испукале најмалку две гранати врз илјадници луѓе што се собрале на главниот источен пат низ Кан Јунис надевајќи се дека ќе добијат храна од камионите за помош што ја користат рутата.„Одеднаш нè пуштија да одиме напред и ги натераа сите да се соберат, а потоа почнаа да паѓаат тенковски гранати“, рече Алаа, очевидец интервјуиран од Ројтерс во болницата Насер, каде што ранетите жртви лежеа распнати на подот и во ходниците поради недостаток на простор.Палестинските лекари изјавија дека во инцидентот загинале најмалку 59 лица, а 221 се ранети, од кои најмалку 20 се во критична состојба. Ранетите биле итно префрлени во болница со цивилни автомобили, рикши и коли со магариња.

Свет | пред 7 месеци

IMG_4172

Израелски војници пукаа врз Палестинците кои дојдоа да земат храна, убија најмалку 22 лица

Спасувачите во Газа изјавија дека во неделата во пукање од израелската армија загинале најмалку 22 Палестинци во близина на место за дистрибуција на помош поддржано од САД, кратко откако Вашингтон го отфрли одговорот на Хамас на предложеното примирје како „целосно неприфатлив“.Меѓународните критичари, вклучително и некои сојузници, го осудија Израел за хуманитарната криза во воено разорената Газа, каде што Обединетите нации предупредија дека целото население гладува по повеќе од два месеци блокада на помошта.Израел неодамна воведе обновен механизам за испорака на помош во соработка со новоформирана организација поддржана од САД, заобиколувајќи го долгогодишниот систем управуван од ОН.Организацијата, Хуманитарната фондација Газа (GHF), вели дека дистрибуирала стотици илјади оброци откако операциите започнаа минатата недела. Но, испораките на помош се нарушени од хаотични сцени во ограничениот број дистрибутивни центри, како и извештаи за жртви од израелскиот оган во близина.Портпаролот на Цивилната одбрана на Газа, Махмуд Басал, изјави за АФП дека израелските сили отвориле оган врз луѓе во близина на еден од центрите во јужниот град Рафа во неделата, при што загинале „најмалку 22 лица и биле ранети повеќе од 120, вклучувајќи деца“.Снимките на АФП од местото на настанот покажале некои цивили како носат тела на колички со магариња, додека други носеле кутии и вреќи со помош на слабото, рано утринско сонце.Ранетите биле однесени во болницата Насер во Кан Јунис, рече Басал.Раселениот жител на Беит Лахија, Самех Хамуда, 33, изјави за АФП дека пешачел од градот Газа и ја поминал ноќта со роднини во шатор во близина на Рафа пред да се упати кон центарот за помош околу 5 часот наутро за да чека меѓу толпата.

Свет | пред 7 месеци

gaza1

Израел прифати прекин на огнот во Газа, Хамас воздржан

Израел ја прифати новата понуда на САД за привремен прекин на огнот со Хамас, соопшти Белата куќа.Хамас, пак, е воздржан. Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, изјави за Асошиетедпрес дека предлогот не одговара на барањата на неговиот народ и бара пред сè запирање на војната и гладта.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одбива да ја заврши војната пред да бидат ослободени сите заложници и Хамас целосно разоружан или протеран.Хамас, пак, бара траен прекин на огнот, целосно повлекување на Израел и размена на заложниците за палестински затвореници.

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања