Промени тема
Контакт

BBC: Израелскиот план за заземање на Газа – прв чекор кон целосна окупација, Британија: „Погрешна одлука“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
gaza

Одлуката на израелскиот безбедносен кабинет за преземање контрола врз Градот Газа најверојатно претставува прва фаза од поширок план за целосна окупација на Појасот Газа, бидејќи премиерот Бенјамин Нетанјаху отворено изјави дека тоа е неговата цел, пренесува BBC.

Планот наиде на силно противење во врвот на армијата – началникот на Генералштабот, генерал Ејал Замир, предупредил дека ваквиот потег може да ја вовлече израелската војска во „замка“.

Семејствата на околу 20 израелски заложници, за кои се верува дека сè уште се живи, стравуваат дека продолжувањето на офанзивата – која може да трае со месеци – дополнително ќе ги загрози нивните животи. Постојат и предупредувања дека операцијата може да донесе нови цивилни жртви и да ја влоши хуманитарната криза во Газа.

— реклама —

Иако анкетите покажуваат дека повеќето Израелци поддржуваат договор со Хамас во замена за ослободување на заложниците и крај на војната, политичкиот врв во Тел Авив тврди дека Хамас моментално нема интерес за преговори, охрабрен од меѓународниот притисок врз Израел. Некои аналитичари сметаат дека заканата со целосна окупација е само тактика за притисок врз Хамас.

— реклама —

Во интервју пред седницата на кабинетот, Нетанјаху најави дека контролата врз Газа ќе ја предаде на „арапски сили“, но не наведе кои држави би учествувале ниту како би изгледал таквиот процес.

Британската влада остро ја критикуваше израелската одлука. Министерката за енергетска безбедност и климатска неутралност Миата Фанбуле за BBC изјави: „Веруваме дека ова е погрешен потег. Ќе ја ескалира веќе неподносливата ситуација и ќе донесе уште повеќе крвопролевање.“

— реклама —

Таа повтори дека ставот на Лондон останува непроменет – итен прекин на огнот, зголемување на хуманитарната помош за Газа и ослободување на заложниците. „Се надеваме дека израелската влада ќе ја преиспита својата одлука,“ порача Фанбуле.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gaza44

Најмалку 73.919 загинати во Газа од почетокот на конфликтот

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-library0717c2blum7jcMdOpag

Бројот на загинати во Газа достигна 73.910, повредени се 174.914

Свет | пред 3 дена

media-library15v3jc6jpufm4Fqs4pH

25 минути овации за „НАЗА“ во Венеција, филмот за Газа е фаворит за Златниот лав

Филм | пред 1 седмица

gaza44

Речиси 1.300 Палестинци загинале по прекинот на огнот во Газа

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања