ГАЗИ БАБА

stefkovski

Стефковски: Донесен буџетот за 2025 година – следува брз развој за Гази Баба

Денес 25.12.2024 година, Советот на општина Гази Баба оддржа редовна седница на која го усвои буџетот за 2025 година.За донесувањето на буџетот, информираше градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на социјалните мрежи.„Со задоволство сакам да Ве информирам дека на денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба донесе буџетот на општина Гази Баба за 2025 година.Овој буџет е реален приказ на Вашите барања и решение на многу Ваши проблеми кои ги нотиравме при процесот на неговото креирање заедно со Вас граѓаните“, напиша Стефковски.

Скопје | пред 1 година

stefkovski1

(Видео) Стефковски со отчет пред граѓаните – Гази Баба бележи историски развој, реализирани се 520 нови проекти

„Отчетноста и транспарентноста во работењето се одлика за ВМРО-ДПМНЕ. Измина третата година од оддржувањето на последните локални избори, а со тоа и третата година од нашиот мандат како градоначалници. Изминатиот период од три години во општина Гази Баба работевме одговорно, чесно и посветено на реализација на што повеќе проекти. Работа што создава дела“, рече Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.„Реализирани или започнати со реализација се 520 нови проекти. Изградивме 34 километри нова мрежа на фекална канализација. Секое домаќинство во населените места Смилковци и Страчинци добија приклучок на фекална канализација, додека во населените места Црешево, Гоце Делчев, Чукур Маало – Трубарево и Јурумлери во тек се постапките за реализација на последните фази по кој и во овие населени места секое домаќинство ќе добие приклучок на нова мрежа.Изградивме две нови училишни спортски сали за учениците од Булачани и Стајковци. Започнавме со изградба на нова училишна зграда за учениците од Крсте Мисирков во Ченто. Градиме и нова детска градинка за дечињата од Трубарево.Сите 6800 ученици и оваа година добија бесплатна училишна униформа, ги стипендираме талентираните ученици и учениците спортисти, а секако не ги заборавивме ниту учениците со посебни образовани потреби за кои покрај стипендиите отворивме сензорни соби, реализиравме бројни програми и активности врз основа на кој општина Гази Баба е прогласена за најинклузивна општина во Македонија.Историски развој бележи и спортот во општина Гази Баба. Изградивме 27 спортски терени на најсовремена тартан подлога, 6 фитнес зони, 4 спортски терени на подлога од вештачка трева и два спортски терени со различни спортски содржини во Стајковци и Хиподром.Рекордно високо ниво се и инвестициите кои ги реализиравме во подобрување на патната инфраструктура. Асфалтиравме повеќе од 150 локални улици на површина од 70.000 метри квадратни, а изградивме пешачки патеки со павер елементи на површина од 30.000 метри квадратни.Денес за разлика од пред три години нема населено место во општина Гази Баба кое нема питка вода за пиење. Го решивме проблемот со водоснабдувањето на жителите од Брњарци и Раштак.Не ги заборавивме ниту нашите најмлади жители во општината. За нив изградивме 50 детски катчиња со најсовремени реквизити за детска забава, а за највозрасните, нашите пензионери отворивме клубови за дружење во Стајковци и Инџиково, а за неколку денови од денес ги отвараме и клубовите во Смилковци, Колонија и Маџари.Воведовме субвенции за граѓаните за набавка на сончеви колектори, инвертер клима уреди, велосипеди, тротинети, печки на пелети, како и чистење на оџаците и вградување на уреди за течен нафтен гас во автомобилите. Општина Гази Баба е првата општина во Македонија која 100% ги покрива субвенциите на граѓаните за стерилизација на домашни миленици како прв чекор кон системско решавање на проблемот со бездомните миленици.Воведовме мерки со кои доделуваме и 5000 денари за секое новороденче и 3000 денари за секое прваче.Изградивме нови зелени паркови на површина од 25.000 метри квадратни, а во моментот градиме нов мега парк на површина од 10.000 метри квадратни во Хиподром 2. Едноставно нема област во која во изминатите три години не се реализирани нови проекти.Но ние тука нема да застанеме! Пред нас е уште една година од мандатот во која следува реализација на уште голем број на проекти кои значително ќе го подобрат животот на граѓаните на општина Гази Баба.Дадените ветувања се реализираат, а проблемите на граѓаните се надминуваат. Нашите зборови, прераснуваат во дела, бидејќи граѓаните тоа го заслужуваат!“, изјави Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.

Скопје | пред 1 година

stefkovski-1

Градоначалникот на Гази Баба: Изречена е казна, нема компромис со чистиот воздух

Во текот на вчерашниот ден, по претходна пријава извршен е координиран увид во правното лице „Римес“ од страна на инспектори за животна средина на Општина Гази Баба и надлежни институции, извести градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.„При направениот увид веднаш е стопиран со работа котелот за загревање на погон кој беше предмет на пријавата. Поведена е инспекциска постапка согласно Закон за управување со отпад и Закон за животна средина од страна на надлежни институции во чија надлежност е одобрената Б-интегрираната еколошка дозвола која ја поседува правното лице „Римес“, кажа градоначалникот и додаде дека според неговите информации, утрово е изречена и глоба кон правното лице.

Скопје | пред 1 година

stefkovski-1

Стефковски: Обезбедуваме бесплатна градинка за дечињата Роми

Општина Гази Баба продолжува со реализирација на проектот за инклузија на децата Роми во јавните установи – детски градинки.За таа цел утрово градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во клубот на пратеници потпиша договор со Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани за реализација на проектот Инклузија на деца ромиво јавните општински установи – детски градинки.Секое дете е важно и токму затоа општина Гази Баба го реализира овој проект. Крајната цел е дечињата од најмали нозе да бидат дел од образовниот процес. Наша обврска како единици на локална самоуправа е да креираме услови со кои дечињата од нашите општини ќе прераснат во силни индивидуи – изјави градоначалникот Стефковски.Престојот на дечињата Роми во детските градинки во општина Гази Баба е бесплатен, односно за истите Советот на општината има донесено Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка.

Скопје | пред 1 година

465088085_584072747337978_5097017272836110917_n

Гази Баба прогласена за најинклузивна општина во Македонија

Општина Гази Баба е прогласена за најинклузивна општина во Република Македонија.Ова признание доаѓа по целосната реализација на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби” кој општина Гази Баба успешно го реализираше заедно со Детската фондација Песталоци и Здружението „Отворете ги прозорците“.За добиеното признание, информираше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на социјалните мрежи во која напиша:„Ова признание доаѓа како резултат на посветена работа и реализација на проекти, програми и активности со цел целосна инклузија на децата со посебни образовни потреби. Среќен сум, што нашата заложба за обезбедување еднаков пристап до образование за сите деца од општината се спроведува во пракса, а доказ за тоа е ова признание“, напиша Стефковски.Изминатиот период, општина Гази Баба реализираше повеќе проекти во оваа насока. Беа отворени сензорни соби во ООУ Дане Крапчев во Ченто и ООУ Наум Наумовски Борче во Маџари, а дополнително се отвори катче во ООУ Стив Наумов во Автокоманда.

Скопје | пред 1 година

stefkovski

Стефковски: Гази Баба ќе субвенционира 100% за стерилизација на домашни миленици

Општина Гази Баба започна со реализација на нова мерка за граѓаните, а тоа е субвенционирање за стерилизација на домашни миленици.Од општината информираат дека е објавен јавен повик на кој граѓаните ќе имаат можност да аплицираат и да добијат субвенција за стерилизацијата на домашните миленици во висина од 100%, но не повеќе од 6000 денари.За новата мерка, информираше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во своја објава на социјалните мрежи во која напиша:„Со задоволство сакам да објавам една нова мерка, а тоа е субвенционирање на граѓаните за стерилизација на домашни миленици.Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок.Придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината.Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност“, заклучи Стефковски.Општина Гази Баба ги повикува граѓаните да аплицираат и да ја искористат можноста за добивање на субвенции.Јавниот повик со условите е објавен на веб страната на општина Гази Баба.

Скопје | пред 1 година

gazibaba48

Општина Гази Баба одбележа 48 години од своето постоење

По повод 3 Ноември, Денот на општина Гази Баба се оддржа свечена академија на која се обрати градоначалникот Бобан Стефковски.Во обраќањето пред присутните, градоначалникот Стефковски се осврна на постигнатите резултати во изминатите три години од неговиот мандат, како и за плановите за престојната година.„За да може да се направи разлика и да се даде оценка на времето кое е сега зад нас, потребно е да се вратиме на почетокот во 2021 година кога го добив мандатот за градоначалник.Во моето обраќање на одбележувањето на денот на општината во 2021 година најавив нов почеток за Гази Баба базиран на четири постулати:Да нема населено место во Општина Гази Баба без чиста вода за пиење;Да изградиме нови училишни спортски сали и нова училишна зграда за општинското основно училиште Крсте Мисирков,Да изградиме детски градинки за дечињата од Инџиково, Керамидница, Трубарево и Сингелиќ,Да изградиме спортски терени и детски катчиња во сите населени места.Најдобриот начин да ја предвидите иднината е истата да ја креирате. Пред 3 години кога ги поставив овие четири постулати, одлучив на себе да го превземам товарот за конечно да ги решиме децениските проблеми и да отвориме едно ново подглавје за нашата Гази Баба.” – истакна Стефковски.Осврнувајќи се на состојбата денес, после три години од неговиот мандат градоначалникот Стефковски ги образложи реализираните проекти во секој од четирите постулати зад кој застанал во првата година од својот мандат.„Заклучокот е едноставен: пред 3 години зборував за постулати, а вечерва зборувам за дела! Покажавме дека само со одговорна, чесна и посветена работа можат да се создадат дела.” – заклучи градоначалникот Стефковски.На свечената академија беа доделени плакети за успешна соработка во 2024 година со општествено одговорни компании и организации на Алкалоид, Пивара, Макстил, Виталиа, МакАутостар, Државна Лотарија на Македонија, Либерти, СОС Детско село, Црвен крст Гази Баба, Здружение за промоција на мото културата Гардијан Енџелс, Општинскиот сојуз за училишен спорт на Гази Баба и Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија. Дополнително за афирмација на општината, плакета добија и Гоце Саздов во областа на фолклорот и културата и 12 годишниот Никола Петровски кој во период од 2019 до 2022 година бил државен првак во шах, а веќе следната недела заминува на светско првенство во Италија.На свечената академија присуствуваа пратениците во македонското собрание Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Бојан Стојановски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заменикот министер во социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, заменикот министер за локална самоуправа Ерџан Селими, градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески, директорот на ЈПДП Коце Трајановски и многу други гости.

Скопје | пред 1 година

mega-park-hipodrom

(Видео) Стефковски: Градиме нов мега парк на површина од 10.000 метри квадратни во Хиподром 2

Започна со изградба најголемиот мега парк на територија на општина Гази Баба кои се простира на површина од 10.000 метри квадратни во новата населба Хиподром 2.Изградбата на мега паркот ја објави градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во видео обраќање на социјалните мрежи.„Градиме нов мега парк на површина од 10.000 метри квадратни. Продолжува нашата грижа кон животната средина, а дополнително создаваме простор на на кој граѓаните ќе имаат можност да спортуваат и рекреираат“, изјави градоначалникот Стефковски.Покрај зелената површина и урбаната опрема во паркот ќе се засадат и нови садници на дрва, а ќе се изгради и спортски терен за кошарка, како и фитнес зона на отворено.Ова не е прв голем парк кој општина Гази Баба го гради. Изминатиот период нови зелени паркови се изградија во Триангла и Ченто.Општина Гази Баба и во следниот период ќе продолжи со мапирање во населените места со цел изнаоѓање на нови просторни капацитети за подигање на нови зелени површини.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Стефковски: Владиниот проект за финансирање на општините значи нивен брз развој

На вчерашното гостување во Тема на денот на Сител Телевизија присуствуваше градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски кој посочи дека проектот за финансирање на општините е многу битен проект реализиран од страна на Владата, за директно финансирање на општините со цел реализација на инфраструктурата.„Овој проект ќе значи брз развој на општините во насока на рамномерен регионален развој и како општина во изминатиов период се подготвувавме со проектна документација за аплицирање на овој повик добивме 184 милиони денари односно 3 милиони евра согласно методологијата на Владата и министерството за локална самоуправа , 44 евра по глава на жител“, рече Стефковски.Тој посочи дека Општина Гази Баба аплицирала со 4 проекти и додаде:„Аплициравме со 4 проекти со изградба на нова детска градинка во населеното место Инџиково , комплетна реконструкција на домот за култура во Ченто, изградба на нова спортска сала во населеното место Црешево, и изградба на улица помеѓу Маџари и Кирамидница , кој што ќе биде предуслов за изградба на нова детска градинка во 2025 година. Сите четири проекти позитивно ни поминаа во комисијата за евалуација и веќе ги потпишавме договорите со ресорните министерства“, истакна Стефковски.Според Стефковски средствата кои не ги доби Општина Струмица се затоа што Општина Струмица аплицирале со проект за кој веќе е завршена тендерската постапка што подразбира дека Општина Струмица веќе обезбедила средства за реализирање на тој проект.„На сите средби со Златко Перински ни беше посочено за кои проекти можеме да аплицираме. На тие средби присуствување и градоначалникот Костадинов и таму беше детално потенцирано дека ќе се подржат проекти кои ќе подразбираат инфраструктурен развој и доколку проектот опфаќа голема финансиска конструкција тој може да се подели во фази и да се аплицира фазно за обезбедување на средства од страна на Владата“, потенцираше Стефковски.

Скопје | пред 1 година

464685840_576602018085051_4995671873293861305_n

Стефковски промовираше Итно копче за бесплатна помош на болни лица во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со тим од Црвениот крст на Град Скопје беше во посета на Ленче Џингова од Ченто која е корисник на услугата Итно копче која ја спроведува Црвениот крст на Град Скопје со цел помош на болни и изнемоштени лица над 65 години кои живеат сами.Денес општина Гази Баба во соработка со Црвениот крст на Градот Скопје отпочнува со реализација на заедничкиот проект Итно копче.Со овој проект овозможуваме 24 часовна помош за лица над 65 годишна возраст кои живеат сами и се болни и изнемоштени.Заедно со тим од Црвениот крст ја посетивме тетка Ленче од Ченто која ја користи услугата Итно копче. – изјави Стефковски при посетата.Црвениот крст на Град Скопје оваа услуга ја реализира со поддршка на општина Гази Баба која ги обезбедува финансиските средства за граѓаните да можат услугата да ја користат бесплатно.Корисникот на оваа услуга ќе го поседува уредот Итно копче и со неговото притискање веднаш ќе биде контактиран од контакт центарот на Црвениот крст и по утврдена потреба се испраќа тим за прва помош во домот на корисникот.Оваа услуга од Црвениот крст за корисниците од општина Гази Баба ќе биде бесплатна. Финансиските средства за нејзината реализација целосно ги обезбедува општината.Договорот за реализација на овој проект со Црвениот крст го склучивме во јули и веќе 8 граѓани ја користат оваа услуга.Со реализација на овој проект, како одговорна локална самоуправа уште еднаш на дело ја покажуваме својата грижа кон ранливите категории на граѓани. – заклучи градоначалникот Стефковски.Ленче Џингова која е корисник на услугата ја искажа својата благодарност за професионалниот пристап на тимовите на Црвениот крст на Град Скопје кон неа како корисник на услугата.Најголема благодарност до градоначалникот Бобан Стефковски кој како млад човек има високо развиена свест за помош и поддршка кон сите категории на граѓани во општината без разлика на нивната возраст. Ова е услуга која е од големо значење за нас кои живееме сами и сме соочени со повеќе болести, но истата без финансиската поддршка од општината ние сами како граѓани неможеме никогаш да ја имаме – истакна Ленче Џингова.

Скопје | пред 1 година

464442010_572281615183758_3861284137895232993_n

Стефковски: Изградено ново детско катче во Црешево кое е 50 по ред во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес беше во населеното место Црешево каде што се изгради ново детско катче со најсовремени реквизити за детска забава.Местото на кое се изгради новото детско забавно катче многу често во минатото претставуваше простор на кој се создаваше дива депонија, а истото денес е комплетно уредено со павер елементи, поставена е урбана опрема и изградено е ново детско забавно катче, вели градоначалникот Стефковски.Ова е 50 по ред, детско забавно катче кое општината го има изградено во изминатите три години од мандатот на градоначалникот Бобан Стефковски.Детски забавни катчиња во минатото се изградија во Автокоманда, Железара, Керамидница, Триангла, Маџари, Ченто, Стајковци, Инџиково, Трубарево, Гоце Делчев, Колонија и други населени места, соопштија од општината.

Скопје | пред 1 година

Stefkovski

Стефковски: Тука сме за потребите на сите граѓаните, средствата не се делат по партиски клуч

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека неговиот фокус е на потребите на граѓаните.„Тука сме во функција на градоначалници за потребите на граѓаните. Настојуваме да ги решаваме проблемите на граѓаните“, рече Стефковски, во емисија на ТВ 24.Во врска со тоа што беа одбиени општините Скопје, Струмица, Сарај, Теарце, Стефковски појасни дека министерот за локална самоуправа Златко Перински бил јасен дека нема да има селекција или партиски клуч при одлучувањето за распределба на средствата.Стефковски додаде дека проектот не сегрегира ниту една општина, посочувајќи дека градоначалниците од СДСМ не се исклучени од процесот.„Оваа Влада не ги дели општините според тоа од која партија доаѓа градоначалникот. Одредени ресурси од ресорните министерства се доделувале за проекти во општини како Делчево, Крива Паланка и Берово кои управувани од СДСМ“, појасни СтефковскиСтефковски истакна дека Струмица аплицирала за изградба на градски пазар, но веќе има договор и обезбедени средства за реализација.„Детално се разговараше за тоа кои проекти можат да бидат финансирани од страна на владата“, рече Стефковски, објаснувајќи дека општините можат да аплицираат за проекти кои можат да се реализираат во фази.

Скопје | пред 1 година

18102024-Mickoski-7

(Видео) Мицкоски: Започна изградба на ново основно училиште за 700 ученици во Гази Баба

„Задоволство за мене претставува секогаш кога ќе бидам дел од ваков настан, каков што е овој да отпочнеме со една нова градба на основно училиште, каде што од тоа што успеав да го дознам од градоначалникот повеќе од 700 дечиња ќе можат да се стекнуваат со знаење“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Му честитам на градоначалникот, на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овде, од Општина Гази Баба, на администрацијата којашто е секогаш тука да помогне во реализација на вакви проекти.Ние заедно како Влада со Министерството за образование и наука ќе продолжиме да помагаме во ваков тип на објекти, капитални инвестиции. Образованието претставува наш фокус и образованието е основа за правилен раст и развој на децата, но истовремено и темел на којшто треба понатаму да се гради една држава.Така што уште еднаш дозволете ми еве да го искажам моето огромно задоволство што мислам градоначалникот рече во рок од максимум две години, овде ќе биде изградена една нова претставителна со европски квалитет зграда во којашто повеќе од 700 дечиња ќе можат да стекнуваат знаења, да се дружат и да ги поминуваат своите ученички денови во ова основно училиште“, изјави премиерот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-17-112339

(Видео) Стефковски: Изминатите 3 години од мандатот реализиравме 530 нови проекти

По повод три години од оддржувањето на локалните избори, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово преку видео обраќање се обрати на граѓаните во кое информираше за сработеното во изминатите три години од неговиот мандат.Во обраќањето градоначалникот Стефковски истакна дека денес повеќе нема населено место во општина Гази Баба кое нема вода за пиење, а по однос на проблемот со недостатокот на фекалната канализација тој полека но сигурно се надминува.„Изградивме спортска сала во Стајковци, а за неколку дена од денес ќе ја пуштиме во употреба и новата сала во Булачани. Дополнително до крајот на годината ќе започнеме со изградба на нова сала и во Црешево. Градиме нова детска градинка во Трубарево, а за неколку недели од денес ќе започнеме со изградба на нова градинка во Инџиково“, порача Стефковски.„На крајот од обраќањето градоначалникот Стефковски порача: тука нема да застанеме. Продолжуваме со уште посилно темно да работиме со цел реализација на проект повеќе. Ветив одговорна, чесна и посветена работа и докажав дека тоа е возможно. До последниот ден од мандатот ќе го вложувам и последниот атом од мојата енергија, бидејќи граѓаните заслужуваат дела“, заклучи Стефковски.Мотото под кое градоначалникот Стефковски ќе даде отчет за третата година од неговиот мандат е: 3 години – Дела за Гази Баба.

Скопје | пред 1 година

461999628_566500442428542_5617131054141751669_n

6800 ученици од Гази Баба добија бесплатни училишни униформи

Општина Гази Баба успешно го реализираше проектот за обезбедување на бесплатни училишни униформи за сите ученици кои го следат образовниот процес во општинските основни училишта на нејзината територија.Од општината информираат дека со проектот се опфатени 6800 ученици кои добиваат сет на бесплатни училишни униформи кој содржи две поло маици, една блуза со долг ракав и еден дуксер.Вредноста на проектот е 14.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.Овој проект за прв пат се имплементираше во општина Гази Баба минатата година и истиот претставува реализирано ветување од изборната програма на актуелниот градоначалник Бобан Стефковски.За реализираниот проект, градоначалникот Стефковски истакна дека истиот е од голема важност за општината и е посебно среќен бидејќи учениците се ослободени од предрасудите и на сите нив им останува единствено обврската да се посветат на совладување на материјалот кој им се предава од страна на наставниот кадар.Општина Гази Баба продолжува со реализација на проекти кои ќе обезбедат поквалитетно образование и воспитание на децата.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања