ГАЗИ БАБА

Screenshot-2024-10-07-115203

Гази Баба доделува стипендии за талентирани ученици, спортисти и ученици со посебни потреби

Општина Гази Баба денес распиша Јавен повик за доделување стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби за учебната 2024/2025 година.Од општината информираат дека целта на распишаниот јавен повик е директна финансиска поддршка за најдобрите ученици.Со јавниот повик се доделуваат 25 стипендии на талентирани ученици, 25 стипендии на ученици спортисти и 5 стипендии на ученици со посебни образовни потреби.Износот на стипендијата е 3000 денари месечно, персоналниот данок го пресметува и плаќа општина Гази Баба.Стипендијата се исплаќа во период од девет месеци од октомври, заклучно со јуни.Јавниот повик е во траење од 10 дена од денот на објавување на веб страната на општина Гази Баба.„Ги повикуваме граѓаните на општина Гази Баба да аплицираат и да ја искористат можноста за добивање на стипендија. Сите заинтересирани граѓани можат да се информираат за условите од јавниот повик на следниот линк“, велат од општината.

Скопје | пред 1 година

amadeus-hari

Вечерва започнува музичкиот викенд во Автокоманда ќе настапат Хари Мата Хари и Амадеус бенд

Вечерва и утре на плоштадот во Автокоманда, Општина Гази Баба ја организира големата музичка манифестација за храна, угостителство, туризам и култура „Вкусовите на Гази Баба” која ќе започне од 19:30 часот.Од општината информираат дека за манифестацијата имаат подготвено богата музичка програма во која учество ќе земат естрадни уметници од Македонија и балканот.За забавата на плоштадот во Автокоманда, вечерва скопјани ќе ги забавуваат Гоце Пејковски, Бојана Скендеровски, ДНК и познатиот српски Амадеус бенд.Додека утре - сабота, граѓаните ќе имаат можност да уживаат во настапот на Огнен Здравковски, Таско и балканската ѕвезда Хари Мата Хари.Општина Гази Баба ги поканува сите граѓани на добра музика за сите генерации, ладно пиво и квалитетна храна.

Магазин | пред 1 година

IMG_6193

Стефковски: Од денес акција за чистење на сите јавни површини во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека денес започна голема акција за чистење на јавните површини од страна на ЈКП Гази Баба.,,Утрово од Автокоманда започна со реализација големата акција на ЈКП Гази Баба за чистење на јавните површини во општината.Во рамките на акцијата ќе се изврши метење на улиците и тротоарите, косење на тревните површини, кастрење на дрвата, а на крајот ќе се пристапи и кон миење на улиците.Во следните денови ваква акција ќе се реализира и во Железара, Маџари, Триангла, Кирил Петрушевски, Хиподром, Ченто и останати населени места.Остануваме посветени кон тоа општина Гази Баба да има чисти јавни површини!”, напиша Стефковски.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Стефковски побара оставка од градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска

,,Време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка!Кредибилитетот и легитимитетот на секој вршител на јавна функција која се избира на непосредни избори извира и им припаѓа директно на граѓаните, без разлика дали се работи за претседател на држава, пратеник, градоначалник или советник..Бројките велат дека во 2021 година, Данела Арсовска е избрана за градоначалник на градот Скопје со гласовите на 118.545 скопјани, а на вчерашните избори Данела Арсовска преку нејзината партија во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Сарај и Шуто Оризари освои вкупно 2584 гласови.По ваквиот резултат јасно е дека Данела Арсовска го загуби кредибилитетот да продолжи да го води градот Скопје.Скопје му припаѓа на скопјани, а не на Данела Арсовска.Скопјани вчера и порачаа на Арсовска дека е време да си замине!Затоа ја повикувам Данела Арсовска да поднесе оставка од функцијата градоначалник на градот Скопје, бидејќи тоа е волјата на скопјани.Време е Скопје да се врати на скопјани! - пишува Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

Скопје | пред 1 година

364680551_312451484500107_5966318690842762020_n

Вонредни еко патроли во Гази Баба, Стефковски бара од Град Скопје итно решавање на проблемот со депонијата Вардариште

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот фејсбук профил објави дека започнуваат вонредни еко патроли со цел спречување на загадувањето на воздухот и животната средина.„Попладнево заедно со вработените од Секторот за инспекциски работи во општина Гази Баба и претставници на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба започнавме со вонредни теренски еколошки патроли.Животот и здравјето на граѓаните немаат цена!Компромис со кршењето на Законот, ниту сум правел ниту ќе правам!Реакциите на граѓаните за загадување на амбиенталниот воздух како последица од недозволени дејствија на поединци се оправдани.Поради тоа на утринскиот колегиум:- Го задолжив Секторот за инспекциски работи почнувајќи од денес па во следниот период да спроведува теренски контроли секој ден во две смени.- Испратив писмено барање до градот Скопје под чија директна надлежност е дивата депонија Вардариште за постапување на градските инспекциски служби во санкционирање на лицата кои вршат спалување на разни видови отпад.Градот Скопје потребно е итно да преземе чекори за конечно решавање на проблемот со депонијата Вардариште, а до тој момент неопходно е нејзино физичко затварање, преку затварање на сите пристапни патишта , 24 часовна контрола од МВР и инспекцијата на Град Скопје.Утврдени се неколку критични точки на кои несовесните граѓани го вршат спалувањето и на истите ќе има редовна контрола.Општината во соработка со надлежни институции ќе го санкционира секој сторител на вакво или слично дело со кое го загрозува животот и здравјето на граѓаните“, вели Стефковски

Скопје | пред 2 години

deca-poprecenost

Директорката на градинката во Гази Баба вели дека градоначалникот Стефковски ја клевети

Јас, Анета Петровска, директор на Јавна установа за деца – детска градинка „Детска радост“ – општина Гази Баба, Скопје, преку полномошник адвокат Златка Денковска од Скопје, во согласност со член 14 од Законот за граѓанската одговорност за клевета и навреда го поднесуваме следниот демант на изјава дадена од страна на градоначалникот Бобан Стефковски на општина Гази Баба во врска со донесена одлука за разрешување на лицето Анета Петровска.Бараме демантот да биде објавен целосно со сите придружни документи во најбрз можен рок сè со цел да се спречат навредите и клеветничките изјави од страна на градоначалникот Бобан Стефковски на општина Гази Баба.Имено, лицето Анета Петровска за одлуката за разрешување дознава од страна на медиумите и острите напади од страна на градоначалникот Бобан Стефковски на општина Гази Баба, таа моментно се наоѓа на боледување поради влошена здравствена состојба на своето малолетно дете.Најпрвин укажуваме дека ревизорскиот извештај од ТП „Ревизија Чулева“, за кој сега говори градоначалникот, е од 15.3.2022 година, значи оваа ревизија беше извршена веднаш по првото разрешување на директорката Анета Петровска, но бидејќи во постапката за разрешување, кога беа повикани претставници на Министерството за труд и социјална политика, ги проверија наводите, односно сите фактури за слободни јавни набавки, и утврдија дека нема пречекорување на законскиот минимум за слободна јавна набавка и дадоа негативно мислење по предлогот за разрешување по што и самиот градоначалник си го поништи своето решение за разрешување.ДОКАЗ: Произнесување – давање мислење за разрешување на директорката на детската градинка „Детска радост“, Анета Петровска, предложено до Управниот одбор на градинката врз основа на конечен извештај за извршена ревизија броја 03-2/3 од 10.1.2022 година од Добри Петров од Министерство за труд и социјална политика.Овој ревизиски извештај е направен во време на мандатот на в.д. директорката Маринела Бошевa, и тоа во период од само 3 (три) часа, па се поставува прашањето како „Ревизија Чулева“ направи извештај за само 3 (три) часа на цели 12 (дванаесет) класери, односно за целокупното работење на директорката Анета Петровска за 2021 година.Нејасно е дека како градоначалникот Бобан Стефковски сега одржува прес-конференции укажувајќи дека нема да дозволи незаконско работење кога за овој извештај веќе една година не презема ништо доколку реално имаше основ за разрешување.Имено, сакаме да ѝ го појасниме на пошироката јавност следново дека ТП „Ревизија Чулева“ не е надлежна за вршење ревизија во ЈУДГ „Детска радост“ – Скопје. Ненадлежноста на ТП „Ревизија Чулева“ произлегува од тоа што таа може да врши ревизија само во приватни субјекти, и тоа во согласност со член 1 од Законот за ревизијата, каде што е уредено:„Член 1Со овој закон се уредуваат условите за вршење ревизија во правните лица што вршат дејност во Република Македонија“.Закон за ревизија страна 1Имено, за тоа кој е надлежен за вршење на ревизија во во државни субјекти е уредено согласно член 1 од Законот за внатрешна ревизија каде е уредено:„ Член 1(1) Со овој закон се уредува системот за внатрешна ревизија заснован согласно со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија, целите, принципите, организацијата, функционирањето и надлежностите на внатрешната ревизија на субјектите во јавниот сектор во Република Македонија.(2) Одредбите на овој закон се однесуваат на следниве субјекти од јавниот сектор (во натамошниот текст: субјекти): корисниците на средства од Буџетот на Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот за магистрални и регионални патишта, Агенцијата за вработување на Република Македонија, општините и градот Скопје, агенциите и другите институции основани со закон, јавните претпријатија, како и правните лица во кои државата е доминантен акционер. “Закон за внатрешна ревизија страна 1Со оглед на тоа што ЈУДГ Детска Радост Скопје е државен субјект, а не приватно правно лице јасно е дека ТП Ревизија Чулева е ненадлежна за вршење на ревизија.II) Ненадлежноста на ТП Ревизија Чулева произлегува и од тоа што видно од Понуда за ревидирање на финансиски извештаии (самофинансирачка сметка 777010203878714) за годината што завршува на 31 декември 2021 доставена од страна на ТП Ревизија Чулева од страна број 3 (три) под точка 8 има наведено дека услугите ќе се наплатат од самофинансирачка сметка на ЈУДГ Детска Радост Скопје.Појаснуваме дека согласно член 32 од Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници е предвидено дека:„На сметката 425 – Договорни услуги, се искажуваат расходите за изнајмување на канцелариски простор и на магацински простор, изнајмување на друг тип на простор, изнајмување на канцелариска опрема, изнајмување на моторни возила, друга опрема и опрема за специјални намени, провизија за платен промет; банкарска провизија; осигурување на вработени, осигурување за повреда и инвалидитет; осигурување на недвижности и права, осигурување на моторни возила, осигурување на воздухоплови, други финансиски услуги, правни услуги, судски вештачења, судски преведувачи, судска експертиза, судски курирски услуги, плаќања за здравствени организации од Министерството за здравство, примарна здравствена заштита, специјалистичко-консултативна заштита, болнички услуги, здравствени услуги во странство, ортопедски услуги; други здравствени услуги, ветеринарни услуги, заштита од штетници во земјоделството; уништување на штетни животни; земјоделски производни услуги; услуги за заштита на водите, реките и езерата, метеоролошки и хидрометеоролошки набљудувања; испитување на квалитетот на водите и воздухот; изработка на просторни и урбанистички планови, обука за техничка култура, услуги за развој на наставниот план и програма, инструктори на кратки курсеви, дополнителни активности, услуги за вонучилишни образовни активности; превозни услуги во образованието, други образовни услуги, преведувачи, услуги за копирање, печатење и издавање, научно истражување, рушење на објекти, плаќање за користење на приватен имот во одбраната, пренос на програмите на МРТВ преку сателит и други договорни услуги..”ПРИЛОГ: Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници страна број 1 и страна број 12Согласно напред наведеното произлегува дека не може ревизиски извештаи да се наплатуваат од самофинансирачката сметка – конто 425 – Договорни услуги, па оттука произлегува ненадлежноста и нестручноста на ТП Ревизија Чулева.III) Нестручноста на ТП Ревизија Чулева при постапувањето произлегува и од тоа што истата ревизијата ја има направено само паушално и тенденциозно, бидејќи истата никогаш ја нема ревидирано работата на директор Анета Петровска. Ова произлегува од тоа што ТП Ревизија Чулева согасно член 15 став 2 од Правилникот за начинот на извршување на внатрешната ревизија и начинот на известување за ревизија е уредено дека по изготвениот претходен извештај потребно е да се достави до раководителот на раководната организациона единица, во конкретниот случај Директорот Анета Петровска, која ќе има рок од 10 (десет) работни дена да се произнесе по истиот, па стои:„ Член 15(1) Претходниот извештај е првата официјална верзија на ревизорскиот извештај кој се изготвува во рок од еден месец по завршувањето на ревизијата и истиот раководителот на единицата за внатрешна ревизија го доставува до раководителите на ревидираните организациони единици. Претходниот ревизорски извештај ги вклучува и резултатите од завршниот состанок.(2) Раководителите на ревидираните организациони единици во рок од десет работни дена од приемот на претходниот ревизорски извештај треба да достават одговор по истиот.(3) Одговорот на раководителите на ревидираните организациони единици по претходниот ревизорски извештај, содржи коментари за содржината на извештајот и акциски план за спроведување на препораките со конкретно дефиниран период на извршување и одговорни лица.(4) Коментарите треба да содржат конкретни докази со цел да го оспорат мислењето на внатрешната ревизија пред да се објави конечниот извештај. “ДОКАЗ: Правилник за начинот на извршување на внатрешна ревизија и начинот на известување за ревизијта страна 1 и страна 8Со оглед на тоа што претходниот извештај никогаш не е доставен до Директорот Анета Петровска за да се произнесе по истиот, јасно е дека ТП Ревизија Чулева постапува тенденциозно, на начин што само ги има препишано наводите од ревизијата извршена од страна на Добри Петров.Воедно, ве известувам дека во поглед на работењето на Директор Анета Петровска во текот на 2021 година, се со цел да се утврди дали има недостатоци беше поднесено барање за вршење на ad hoc ревизија до Централната единица за хармонизација на системот на јавна внатрешна финансиска контрола од 07.02.2022 година, по што истиот изготви Претходен извештај за извршена супервизија на квалитетот на работењето на единицата за внатрешна ревизија во Општина Гази Баба од април 2022 година каде на страна број 10 (десет) во вториот пасус јасно е констатирано дека извршената ревизија е извршна со многу низок квалитет на работењето на внатрешната ревизија.ДОКАЗ: Претходен извештај за извршена супервизија на квалитетот на работењето на единицата за внатрешна ревизија во Општина Гази Баба од април 2022 годинаПа така на ден 10.04.2023 година во 10 и 15 часот во градинката Детска Радост беше одржана седница на Управниот одбор на која повторно беа повикани преставници од Министерството за труд и социјална политика за да дадат мислење по предлогот за разрешување на Директорот Анета Петровска. На Управниот одбор се утврди дека повторно се дискутира за истите наводи и за работата на Директорот Анета Петровска за 2021 година која е детално разгледана и останаа на истото мислење односно не сметаа дека е оправдано разрешувањето на Директорот Анета Петровска.ДОКАЗ: Записник број 16 од Управен одбор на Детска Градинка “Детска Радост” СкопјеЗаписник бр.16(1) од 10.04.2023 годинаСпоред сето напред наведено јасно е дека разерушувањето кое е сторено медиумски е тенденциозно и со намера да се наруши честа и угледот на Анета Петровска, наводите за кои ги објавува Градоначалникот Бобан Стефковски се истите за кои еднаш ја веќе ја разреши па ја повлече одлуката и ја врати за директор.

Скопје | пред 2 години

324111914_712949690284583_4606600063016674292_n

Пожарот го остави семејството Марковски без покрив над главата, бараат облека, храна, млеко, пелени

Вчера вечер се запали куќа во населеното место Гоце Делчев во општина Гази Баба. Семејствата се евакуирани и во истиот нема повредени.Пожарот за кратко време бил ставен под контрола и било спречено истиот да се прошири на останатите куќи кои се наоѓаат во околината, со оглед на тоа дека станува збор за густо населена средина.Семејството Марковски кое остана без својот дом преку социјалните мрежи упати апел за помош со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства.„За жал јас и моето семејство останавме и без тоа малку што ни остана. Би сакал да Ве замолам во името на целото мое семејство за помош. Огнот ни одзема буквално се, со нас е само облеката што беше на нас, немаме ниту финансии за основни работи. Комшии мои доколку сте во можност да ни помогнете со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства ќе ви бидам благодарен. Господ да Ве чува“, стои во објавата.Градоначалникот на општина Гази Баба на социјалните мрежи објави дека на семејството му е понудена помош за сместување, а комисија од општината ќе излезе на терен за отпочнување на постапка за финансиска помош.„Како градоначалник понудив помош за сместување на семејствата кои останаа без свој дом, а утре комисија од општината ќе излезе на терен со цел отпочнување на постапка за финансиска помош.Им благодарам на вработените во Противпожарната бригада на Градот Скопје за брзата реакција и нивната пожртвуваност и силна борба со огнените стихии“, вели градоначалникот.

Скопје | пред 3 години

pozarna

Запалено „ауди“ во Гази Баба

На 22.06.2022 во 03.45 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(36) од Скопје пријавил дека околу 03.15 часот пред неговиот двор на подрачје на Гази Баба настанал пожар на неговото возило „ауди“.Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

268754491_138599321874478_569466477324971993_n

Гази Баба субвенционира купување на електричен тротинет

Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од објава на Јавниот повик, 03.05.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на тротинетот. Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.„Од вчера општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од објава на Јавниот повик, 03.05.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на тротинетот. Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Субвенции за електрични тротинети на територија на општина Гази Баба се воведени за прв пат. Ги повикувам граѓаните да аплицираат и да ја искористат можноста“, вели Бобан Стефковски.ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување електрични тротинети во 2022 година - Општина Гази Баба (gazibaba.gov.mk)

Скопје | пред 3 години

276202269_158603549884902_3650311802549429907_n

Стефковски: Започнуваме низа активности за почетокот на пролетта

По повод почетокот на пролетта, денес 20.03.2022 година градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со советници од Советот, вработени во општинската администрација и вработените во ЈКП Гази Баба доброволно учествуваа на еколошката акција за чистење на патот Раштак - Бутел што денес ја организираа жителите на Раштак.За акцијата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:Почетокот на пролетта го означивме со работна акција организирана од страна на жителите од Раштак за расчистување на патот Раштак - Бутел. На денешната акција доброволно се приклучија и вработените во општинста администрација, членовите на Советот на општина Гази Баба и вработените во ЈКП Гази Баба.Јавна благодарност до жителите на Раштак за нивната општествена одговорност и иницијативност за денешната акција.Оваа акција на жителите на Раштак нека биде пример и поттик за сите останати населени места, а општината, ЈКП Гази Баба и јас како градоначалник ја прифаќаме секоја иницијатива која ќе се реализира за општо добро.Општина Гази Баба по повод почетокот на пролетта во следниот период ќе реализира низа активности.Заштитата на животната средина останува на врвот на моите приоритети. Следниот период ќе засадиме голем број на нови садници и ќе подигнеме нови зелени површини - напиша Стефковски.

Скопје | пред 3 години

Boris-georgievski

Кузеска да се информира од Георгиевски за тоа колку трошел за привремени вработувања, вели Стефковски

Лицемерието на политичката партија СДСМ го достигна врвот, вели градоначалникот на Гази Баба во реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ„Наместо да се обидува да манипулира со граѓаните, ја упатуваме Богданка Кузеска од СДСМ да се ифнормира од нивниот претходен градоначалник на општина Гази Баба Борис Георгиевски за тоа колку трошел за привремени вработувања? Денешниот договор за привремени вработувања е помал од оние во времето на претходниот градоначалник за околу 5 милиони денари.Во периодот на владеењето на СДСМ со општина Гази Баба биле склучувани договори со лица кои никогаш не се појавиле на работа во општинската администрација, а примале плата од буџетот на општината со месеци.Дополнително на оние кои биле со договор за привремени вработувања висината на платата им се определувала паушално и надвор од утврдената систематизација.Овие појави во општина Гази Баба станаа минато.Времето на незаконско работење во општина Гази Баба заврши.Ги упатуваме СДСМ да се информираат од своите функционери зошто не даваат согласности за вработување во градинките, па мора општината од својот буџет да издвојува средства“, се вели во реакцијата.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања