Промени тема
Контакт

Стефковски: Започнуваме низа активности за почетокот на пролетта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
276202269_158603549884902_3650311802549429907_n

По повод почетокот на пролетта, денес 20.03.2022 година градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со советници од Советот, вработени во општинската администрација и вработените во ЈКП Гази Баба доброволно учествуваа на еколошката акција за чистење на патот Раштак - Бутел што денес ја организираа жителите на Раштак.

— реклама —

За акцијата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

Почетокот на пролетта го означивме со работна акција организирана од страна на жителите од Раштак за расчистување на патот Раштак - Бутел. На денешната акција доброволно се приклучија и вработените во општинста администрација, членовите на Советот на општина Гази Баба и вработените во ЈКП Гази Баба.

— реклама —

Јавна благодарност до жителите на Раштак за нивната општествена одговорност и иницијативност за денешната акција.

— реклама —

Оваа акција на жителите на Раштак нека биде пример и поттик за сите останати населени места, а општината, ЈКП Гази Баба и јас како градоначалник ја прифаќаме секоја иницијатива која ќе се реализира за општо добро.

Општина Гази Баба по повод почетокот на пролетта во следниот период ќе реализира низа активности.

Заштитата на животната средина останува на врвот на моите приоритети. Следниот период ќе засадиме голем број на нови садници и ќе подигнеме нови зелени површини - напиша Стефковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhlubqs1lh1c26gBcC5z

Синоќа започна миењето на улиците во Гази Баба

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryhlo1d0tkqgarcpfMfPf

Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“: Се санира 1,5 километри коловоз

Скопје | пред 2 седмици

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 3 седмици

uchilishte-deca-uchilnica

Стефковски: Секој понеделник наставата во Гази Баба ќе започнува со македонската химна

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања