Промени тема
Контакт

Вонредни еко патроли во Гази Баба, Стефковски бара од Град Скопје итно решавање на проблемот со депонијата Вардариште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
364680551_312451484500107_5966318690842762020_n

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот фејсбук профил објави дека започнуваат вонредни еко патроли со цел спречување на загадувањето на воздухот и животната средина.

„Попладнево заедно со вработените од Секторот за инспекциски работи во општина Гази Баба и претставници на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба започнавме со вонредни теренски еколошки патроли.

Животот и здравјето на граѓаните немаат цена!

Компромис со кршењето на Законот, ниту сум правел ниту ќе правам!

Реакциите на граѓаните за загадување на амбиенталниот воздух како последица од недозволени дејствија на поединци се оправдани.

— реклама —

Поради тоа на утринскиот колегиум:

- Го задолжив Секторот за инспекциски работи почнувајќи од денес па во следниот период да спроведува теренски контроли секој ден во две смени.

— реклама —

- Испратив писмено барање до градот Скопје под чија директна надлежност е дивата депонија Вардариште за постапување на градските инспекциски служби во санкционирање на лицата кои вршат спалување на разни видови отпад.

Градот Скопје потребно е итно да преземе чекори за конечно решавање на проблемот со депонијата Вардариште, а до тој момент неопходно е нејзино физичко затварање, преку затварање на сите пристапни патишта , 24 часовна контрола од МВР и инспекцијата на Град Скопје.

Утврдени се неколку критични точки на кои несовесните граѓани го вршат спалувањето и на истите ќе има редовна контрола.

— реклама —

Општината во соработка со надлежни институции ќе го санкционира секој сторител на вакво или слично дело со кое го загрозува животот и здравјето на граѓаните“, вели Стефковски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 2 дена

— реклама —
uchilishte-deca-uchilnica

Стефковски: Секој понеделник наставата во Гази Баба ќе започнува со македонската химна

Скопје | пред 2 седмици

opshtina-gazi-baba

„СДС се мајстори за изигрување на закон“, велат од Општина Гази Баба

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryatthslbbe2qid9UTCXV

Ноќна акција низ цела Гази Баба: Заврши вонредното прскање против комарци

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања