Промени тема
Контакт

Гази Баба доделува стипендии за талентирани ученици, спортисти и ученици со посебни потреби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2024-10-07-115203

Општина Гази Баба денес распиша Јавен повик за доделување стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби за учебната 2024/2025 година.

Од општината информираат дека целта на распишаниот јавен повик е директна финансиска поддршка за најдобрите ученици.

— реклама —

Со јавниот повик се доделуваат 25 стипендии на талентирани ученици, 25 стипендии на ученици спортисти и 5 стипендии на ученици со посебни образовни потреби.

Износот на стипендијата е 3000 денари месечно, персоналниот данок го пресметува и плаќа општина Гази Баба.

— реклама —

Стипендијата се исплаќа во период од девет месеци од октомври, заклучно со јуни.

— реклама —

Јавниот повик е во траење од 10 дена од денот на објавување на веб страната на општина Гази Баба.

„Ги повикуваме граѓаните на општина Гази Баба да аплицираат и да ја искористат можноста за добивање на стипендија. Сите заинтересирани граѓани можат да се информираат за условите од јавниот повик на следниот линк“, велат од општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 2 дена

— реклама —
uchilishte-deca-uchilnica

Стефковски: Секој понеделник наставата во Гази Баба ќе започнува со македонската химна

Скопје | пред 2 седмици

opshtina-gazi-baba

„СДС се мајстори за изигрување на закон“, велат од Општина Гази Баба

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryatthslbbe2qid9UTCXV

Ноќна акција низ цела Гази Баба: Заврши вонредното прскање против комарци

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања