Промени тема
Контакт

Гази Баба прогласена за најинклузивна општина во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
465088085_584072747337978_5097017272836110917_n

Општина Гази Баба е прогласена за најинклузивна општина во Република Македонија.

— реклама —

Ова признание доаѓа по целосната реализација на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби” кој општина Гази Баба успешно го реализираше заедно со Детската фондација Песталоци и Здружението „Отворете ги прозорците“.

— реклама —

За добиеното признание, информираше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на социјалните мрежи во која напиша:

— реклама —

„Ова признание доаѓа како резултат на посветена работа и реализација на проекти, програми и активности со цел целосна инклузија на децата со посебни образовни потреби. Среќен сум, што нашата заложба за обезбедување еднаков пристап до образование за сите деца од општината се спроведува во пракса, а доказ за тоа е ова признание“, напиша Стефковски.

Изминатиот период, општина Гази Баба реализираше повеќе проекти во оваа насока. Беа отворени сензорни соби во ООУ Дане Крапчев во Ченто и ООУ Наум Наумовски Борче во Маџари, а дополнително се отвори катче во ООУ Стив Наумов во Автокоманда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhlubqs1lh1c26gBcC5z

Синоќа започна миењето на улиците во Гази Баба

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhlo1d0tkqgarcpfMfPf

Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“: Се санира 1,5 километри коловоз

Скопје | пред 2 седмици

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 3 седмици

uchilishte-deca-uchilnica

Стефковски: Секој понеделник наставата во Гази Баба ќе започнува со македонската химна

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања