Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЃОРЃИЕВСКИ

orce-kiselavoda-1

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

„Она што Владата го вети, а се однесува за реалокација на средства, односно средства коишто ќе завршат во општините за реализација на капитални проекти тоа аполутно се реализира насекаде“, прецизираше во своето излагање градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на вчерашното гостување во дебатната емисија „24 анализа“ на 24ТВ.Ѓорѓиевски истакна дека во рамки на јавниот повик за финансирање за реализација на капитални проекти тоа апсолутно се реализира во сите општини. Тој додаде дека од првиот повик веќе во општина Кисела Вода има 3 проекти кои се во напредна фаза на реализација.„Од првиот повик јас имам 3 проекти коишто ми се во напредна фаза на реализација, и како што се завршуваат ситуациите така и навремено се исплаќаат. Ние по завршна ситуација добиваме веднаш во истиот момент средства од Владата и нема никаков застој. Во Кисела Вода од првиот повик градиме доградба на основно училиште“, истакна Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски е дециден дека опозицијата постојано бара начин како да го дискредитира целиот процес кој е поврзан со реализација на проектите, но реалноста и фактите го говорат спротивното. Тој подвлече дека во секоја фаза на реализација на проектот се вршат исплати.„Опозицијата содаваше балон во јавноста дека нема средства и проекти да се потпишуваат со општините, се потпишаа договорите. Подоцна се бараше начин како да се дискредитира целиот процес па се отиде кон тоа многу често поставувано прашање да биде дека фирми нема да има кои ќе одговорат на реализација на проектите, сега се оди кон тезата дека не се пуштени средствата. Не се пуштени средствата затоа што не се завршени проектите, односно во секоја фаза на реализација на проектот по завршена ситуација се вршат исплатите“, категоричен е Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 10 месеци

orce-51

(Видео) Додека градоначалничката на Скопје во заминување пишува на „Фејсбук“, ние спасуваме човечки животи на терен, и врати Ѓорѓиевски на Арсовска

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и одговори на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по прозивките дека се сликал кај Маркова река.„Додека градоначалничката на Скопје, во заминување и одговорност пишува на Facebook од удобна фотелја, ние спасуваме човечки животи на терен. И да не се грижи, повторно ќе бидат во функција и пожарна, водовод и сите ЈП - Скопје повторно ќе биде горд град! Остануваме на терен цела вечер, во овој момент ги одзатнуваме шахтите, вршиме мобилизација на нашите ресурси за жителите да немаат катастрофални последици!“, напиша Ѓорѓиевски објавувајќи видео.Под објавата, до моментот на објавување на овој текст имаше пет коментари.

Скопје | пред 11 месец

Gjorgjievski-04.01

Ѓорѓиевски: За донација на УСЈЕ гласаа советниците на Левица, дали сега според нивната дефиниција тие самите земале поткуп?

Советниците од фејсбук партијата Левица кои година и пол земаат пари од граѓаните и за истите наместо да работат во нивна служба тие пишуваат статуси, добро би било за промена конечно да се запознаат со својата работа, вели градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.„Јас ниту сум гласал за донација од Усје ниту можам да гласам - ТИЕ ГЛАСАА!Ако им проаѓаат приказните за мали деца низ цела Македонија, во интерес на вистината јас нема да дозволам некој да манипулира со чувствата на граѓаните затоа што и моето петгодишно дете и мојата фамилија живее во Кисела Вода и јас сум првиот кој се бори против тоа, но заклучно со моите ингеренции!Почитувани, добро знаете дека мојата работа е транспарентна и секогаш отворена за народот, па од таму на почеток сакам да истакнам дека јас ниту некого сум штител ниту пак имам намера да штитам и единствениот пакт што го имам е со мојот народ!Политичар за мене е да се грижиш за доброто на граѓаните, за оние кои ти ја дале довербата и за унапредување на нивниот живот а не да бидеш политикант кој одвреме-навреме ќе напише ,,хаха” статус на социјалните мрежи, па макар тоа да биде и целосна измислица со цел да се ,,оправда” неработењето, незнаењето и неисполнувањето на неколкуте илјади ветувања при доаѓање на власт. Но, народот гледа, тој е оној кој дава и зема.Да одиме по ред и со докази:Одлуката за донација на цемент од компанијата Цементарница Усје со која ревносно тврдат, цитирам, ,,е купен градоначалникот на Кисела Вода”, не е изгласана од моја страна туку од оној кој има надлежност за тоа, во случајов - Советот од кој се дел самите советници на Левица. Јавноста треба да знае дека за оваа одлука која сега оваа партија ја именува како поткуп, гласале СИТЕ советници, вклучително и советниците на Левица што добро се гледа и од стенограмот од седницата на која е донесена таа одлука.Ако е ова поткуп, како што тие велат, биле ли тие, советниците од Левица, поткупени кога гласале ЗА или се надевале на некаков надомест за гласањето, па сега се чувствуваат изиграно?Исто така, многу е симптоматично што Левица или има тотално непознавање или свесно манипулира со лажни информации за надлежноста околу контролирањето на загаденоста кога е во прашање Цементарница Усје.Голем сомнеж буди и целосниот молк од страна на Левица околу институциите од централната власт и градот Скопје за кои и обичните граѓани знаат дека тие се единствените кои имаат надлежност да ја контролираат Усје.Ако се работи за незнаење, на располагање им ги нудам сите наши служби за да ги едуцираат и информираат каде треба да реагираат и да бараат одговори.Имено, Цементарница Усје има добиено А интегрирана еколошка дозвола за чие одобрување е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање. Контрола на издадените А интегрираните еколошки дозволи, односно контрола на работата на Цементарница Усје врши Државниот инспекторат за животна средина.Тука сакам да ве известам и дека од страна на Општина Кисела Вода е пратен допис до надлежните со барање за почести контроли. Воедно, во изминатиов период се случуваа и рушења на дивоградби и борба со урбаната мафија, нешто што 30 години не се случувало во оваа општина.Затоа и збунуваат ваквите обвинувања, отворајќи сомнеж за други пактови, но не мој, туку на партијата Левица, за кои треба да им одговорат на граѓаните.За сите овие невистини и лажни обвинувања секако, ќе поднесам тужба до надлежните органи па ќе си го кажат ова таму каде што треба“, се вели во објавата.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања