Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

zoran-zaev-4-696x405

Заев: Минималната плата ќе биде 16.000 денари

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев порача дека напредокот продолжува, додека од ВМРО-ДПМНЕ лажат, поради што и ќе останат подолго опозиција, а со нив и Гордана Силјановска.- Темпото на нови покачувања на платите ќе продолжи, и на минималната плата којашто е покачена на над 12.000 денари, а ќе биде 16.000 денари и на просечната плата, којашто е рекордно покачена на над 25.000 денари, 8.1 процент за само една година, и ќе биде 30.000 денари. Следете во следните 10 месеци, колку ќе расте просечн

Македонија | пред 7 години

56468314_2600181376661978_4621274889397993472_n

Пендаровски: Режимот на фамилијата мислеше колку повеќе пари да прибере

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на средба со жителите на Кратово побара поддршка на 21 април, бидејќи, како што рече, концептот за напредок носи сигурна иднина на државата, ги отвора перспективите на младите и подобрување на стандардот на граѓаните. Овој пат, рече Пендаровски, ќе победиме, бидејќи мнозинството граѓани го поддржуваат овој концепт.-Да се биде член на Европската унија е нашата трајна стратешка цел. Поканата за членство во НАТО ни овозможува гаранција за границите, сигур

Македонија | пред 7 години

57462761_281149912774111_1660107947709038592_o-696x391

(ФОТО) Река пиеше кафе со Силјановска

Претседателскиот кандидат Блерим Река на Фејсбук објави дека пиел кафе со противкандидатката Гордана Силјановска Давкова. Во наредните денови, Река ќе пие кафе и со Стево Пендаровски.-Во самата завршница на претседателска кампања, штабот на Река денес почна со иницијатива да ги покани противкандидатите на кафе во нашиот штаб. Денес штабот на Река го посети кандидатот на ВМРО Гордана Силјановска Давкова. Се надеваме овие денови штабот да го посети и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Сѐ со це

Македонија | пред 7 години

siljanovska-1

Сиљановска: Пендаровски во 1997 година беше во тимот што тепаа Албанци во Гостивар и Тетово

На ТВ Алсат претседателските кандидати, Гордана Сиљановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река одговараа на прашањето како Пендаровски и Сиљановска се однесувале кон Албанците, а како Река се однесувал кон Македоците.„Во 1997 година јас остро реагирав на акциите во Тетово и Гоствар каде што беа повредени Албанците, а мојот против кандидат речиси беше во тимот, покрај господинот Диме Ѓурев во организација на настаните“, одговори Сиљановска.

Македонија | пред 7 години

3-3

Река до Пендаровски: Дали сте среќен што ве поддржува ДУИ кои 11 години беа дел од режимот?

Кандидатот за претседател Блерим Река, го запраша Пендаровски како си дозволува постојано да и зборува на Гордана Силјановска Давкова дека ја поддржува партија на Никола Груевски кој се поврзувал со режим, криминал, а во исто време него го поддржуваат две партии кои биле дел од таа Влада.„Дали сте среќни што ве поддржуваат ДУИ и ДПА што 11 години беа дел од режимот на Груевски?Дали е среќен што Имер Селмани е дел од неговата кампања?Мендух Тачи ја води добро вашата кампања, а е осуден за изборни

Македонија | пред 7 години

reka-siljanovska-650x507-650x430

(ВИДЕО) Силјановска објави заеднички спот со Блерим Река

Два дена пред крај на кампањата, кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова се пофали со заеднички спот со кандидатот на Алијанса и Беса, Блерим Река.,,Сакам да споделам со вас едно видео, за мене лично, многу драго. Јас и мојот противкандидат Блерим во интервју за “Другата страна на политиката”.Нивната идеја беше да го пронајдат човекот во нас, претседателските кандидати, а не политичарот“, напиша Силјановска под видеото.https://www.facebook.com/gordana.siljanovska.71/videos/137637

Македонија | пред 7 години

Image-1

Ватикан ќе му подели инструкции на Тасевски, за тоа како да го чуваме папата Франциск

На покана на Жандармскиот корпус на Ватикан, делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски од 16 до 18 април престојува во Ватикан, во склоп на подготовките на посетата на Светиот Отец, папата Франциск на Република Северна Македонија.Делегацијата на МВР беше примена од неговата светост Папата Франциск, а оствари средба и со. Доменико Џиани, раководител на Дирекцијата за безбедност и цивилна заштита.

Македонија | пред 7 години

pendarovski-prv-spot

Пендаровски: Ако не успеам овој пат ќе се повлечам, немам нерви да се занимавам со политика

Ако не успеам овој пат ќе се повлечам, немам повеќе нерви да се занимавам со политика ако моите тези овој пат не поминат, рече Стево Пендаровски кој беше дел од дебатата на телевизија Алсат М.„Но доколку ме изберат едвај чекам како претседател полицијата да ме казни, зошто тоа ќе биде преседан“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

cathedral-gas-cans-ho-mo-20190417_hpMain_16x9_992

НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен маж кој со канта бензин се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк

Маж на возраст од 37 години е уапсен во средата навечер во Њујорк од како со две канти бензин, две шишиња специјална течност за палење оган и два т.н уреди кои фрлаат искри за потпала на оган,  успеал да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк.Истиот бил забележан од одговорните по што полицијата го блокирала тој дел на градот, а мажот е совладатан и уапсен.Се очекува полицијата од Њујорк со повеќе детали да излезе во текот на денешниот ден.Ова се случува само два дена од како во голем пожар

Свет | пред 7 години

merko-215062

Министерот Фазлиу ќе оди кај градоначалникот Мерко - ќе разговараат за набавката на Аудито

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, најави дека ќе се сретне со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за да разговара со него околу набавката на луксузното „ауди“ вредно околу 70 илјади евра.Фазлиу смета дека станува збор за луксузирање, но не потврди дека гледа вина или грешка во потегот на градоначалникот Мерко.Инаку одлуката на Мерко да го поднови возниот парк на општина Струга предизвика бурни реакции во јавноста затоа што трошењето на парите се случува во време кога општината има

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа во Охрид, се судрија два автомобили и мотор

Попладнево на ул. Железничка се случи сообраќајна несреќа во која неофицијално учествувале два автомобили и мотор.Неофицијално во такси удрил автомобил, а во него мотор.Портпаролот на СВР потврди дека има сообраќајна несреќа на Железничка, но дека увидот е во тек и дека сеуште не се знае каратктерот на повредите на повредените.Нскоро повеќе...

Македонија | пред 7 години

kazimoski

Ќазимоски: Каде завршија парите од паркинзите од Струга за 2018 година?!

Ќазимоски: Каде завршија парите од паркинзите од Струга за 2018 година?!Советникот на Алијанса за Албанците од Лабуништа, Јасмин Ќазимоски реагираше за Извештајот на ЈКП “Еко – Струга”. Ќазимоски во вчерашната седница на Советот ги спомна неговите сомнежи за работата на оваа претпријатие и обвини за несериозност од страна на одговорните лица на претпријатието, објави voxstruga.mk.“Според извештајот од ЈП Еко-Струга, во период од 6 месеци, претпријатието реализирало приходи скромни 238.500 ден. П

Македонија | пред 7 години

zaev-odgovornost

Заев на ТВ 21: Нема непотизам, така изгледа затоа што немаме доволно кадар во Македонија

Премиерот Зоран Заев, во гостувањето во дебатната емисија „Клик Плус„на тв21 на прашање поврзано со непотизмот во државата, за што опозицијата постојано ја обвинува Владата, рече дека тоа навидум изгледа така поради тоа што нема доволно кадар во Македонија, тој вели “ние мораме да направиме јасна дестинкција”.–Ако е така тоа ќе го преземеме како дејствие, значи не е така. Ако некој ви кажува пратеничката од Струмица Катерина Кузмановска има вработено свое дете додека она била пратеник, но тоа де

Македонија | пред 7 години

sv-pantelejmon

Експресна реакција на Владата за Нотр Дам, но кога и за Богородицата од Нерези?

Кога ќе се случи голема трагедија, како што тоа завчера им се случи на Париз и на Франција со пожарот во осумвековната црква Нотр Дам, тогаш е најчовечки да се помогне. И добро е што кај нас почнува да се нуди помош за обновата бидејќи ќе биде добро овој светски културен симбол да стане и симбол околу кој ќе се обедини европската и светската солидарност, објави skopskoeho.mk.Но, кога ќе се грижиме за нашето наследство како за светското?Порталот објави дека синодот на МПЦ, уште пред две години пр

Македонија | пред 7 години

derkovski

Дерковски: Го чекаме револтираниот гласач од Гостивар со пиштол

После заканата од револтиран гласач од Гостивар дека ќе дојде со пиштол во ДИК, претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски во изјава за „Слободен печат“ истакна дека е загрижувачко тоа што Стево Пендаровски го поддржува гласачот кој се заканува.„Што да кажам. Го чекаме да дојде револтираниот гласач со пиштол. Некако ова не е нормална реакција на гласач, без разлика на проблемот. Очекуваме МВР и Јавното обвинителство итно да постапат по овој случај. Ако добро го сфатив, Пендаровс

Македонија | пред 7 години

57092795_1249840495166544_2531061692532523008_n

Мицкоски: Ми пријде човек кој што ми кажа дека полнел кутии на денот на референдумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 објави скандал поврзан со гласањето на референдумот на 30-ти септември за промена на уставното име на Република Македонија.Тој вели дека на него лично човек му кажал дека за време на референдумот се полнеле кутиите, но како што рече Мицкоски Основното Јавно обвинителство знаело за случајот, но за жал се уште не реагирале.„Еве ќе ви кажам една неформална информација. Мене ми пријде човек кој што ми

Македонија | пред 7 години

Capture-2

Силјановска: На Заев не му е местото во изборната кампања

Кандидатот за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова вечерва на митинг во општина Аеродром побара поддршка за претседателската функција, истакнувајќи ја важноста на демократијата во општеството без која, како што рече, нема ниту Европска унија, ниту НАТО.Таа, меѓу останатото, истакна дека на премиерот не му е местото во изборната кампања, затоа што, посочи, тој мора да ја претставува државата и претпладне не смее да биде држава, а попладне партија.„Тоа в

Македонија | пред 7 години

soobrakajka1-1

Две сообраќајки во Скопје, едно лице загина

Едно лице загинало во една од вкупно две сообраќајки што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во другата сообраќајка полесно е повредено едно лице.Според дневниот извештај на СВР Скопје, изминатото деноноќие се санкционирани 54 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 21 возач пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и шест возачи почетници. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 15 нерегистрирани возила и едно техничк

Скопје | пред 7 години

pendarovski4

Пендаровски: Разбирам дека Силјановска имаше неколку гафови, но бегање од интервјуа не е во ред

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера на Фејсбук објави дека е разочаран од постапката на неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова да не се појави на дебатата „Жешко столче“ на телевизија Телма.-Навистина се разочарав кога слушнав дека мојата против кандидатка Силјановска не се појавила на дебатата „Жешко столче“ на телевизија Телма. Верував дека барем во однос на дебатите ќе покаже различна политичка култура од онаа ВМРО-ДПМНЕ, култура на бегање од јавни соочувања со кр

Македонија | пред 7 години

57092795_1249840495166544_2531061692532523008_n

(ВИДЕО) Мицкоски: Никола Тодоров му е неформален советник на Филипче

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ рече дека поранешен министер за здравство, сега е актуелен советник на актуелниот министер за здравство, Венко Филипче.

Македонија | пред 7 години

mickovski

Мицкоски: Нема да го користам новото уставно име, па ако сакаат и нека ми го одземат мандатот

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во дебатата на „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека кога би бил премиер нема да го користи новото уставно име на Македонија дури и по цена „да му го одземат мандатот“.- Нема да ја користам придавката на новото уставно име на Македонија па ако сакаат и нека ми го одземат мандатот - рече Мицкоски запрашан за тоа како би постапувал доколку би ја водел идната македонска влада.На сугестијата дека треба да се обиде да привлече гласови и од албанската етничка заед

Македонија | пред 7 години

cisterna

ФОТО: Се преврте цистерна со нафтени деривати кај Неготино

Цистерна полна со нафтени деривати се преврте кај Неготино. Возачот на цистерната не е повреден – вели за 1ТВ негов колега во телефонски разговор. Додава дека најверојатно причината е замор на возачот бидејќи на пат кон Грција тргнал вчера во 7 часот наутро, таму чекал да се наполни цистерната и веднаш тргнал кон Скопје. Возачот со кој разговаравме вели дека имаат наредба од раководството да возат без одморот кој е предвиден со закон.Текст и Фото 1ТВ

Македонија | пред 7 години

pozar-krst

Нострадамус го предвидел пожарот во Нотр Дам и тоа со точен датум

Пожарот кој избувна во Париз во катедралата Нотр Дам ги преплави медиумите и социјалните мрежи. Интересно е што според некои толкуања, уште пред 500 години Нострадамус го предвидел пожарот во Нотр Дам и тоа на точен датум 15 април 2019 година.Според неговите стихови јасно е дека Франција и Италија ќе бидат најемотивно погодени, а овој настан според неговото толкување ќе биде враќање на злото кое доаѓа во второто столетие.Пророштвото оживува од различни астролошки траги што укажуваат дека на 15 а

Свет | пред 7 години

bukvi

5 мај прогласен за ден на македонскиот јазик

На оваа своја денешна седница, Владата на РСМ донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер. Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци Министерството за просвета го озакони, првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик.

Македонија | пред 7 години

saso-zitosanski

Припадник на МВР поднесе отказ: Се заколнав ќе ја штитам Р Македонија, а не некаква си вештачка СЕВЕРНА творевина

Сашо Житошански, припадник на Министерството за внатрешни работи на 25 минатиот месец си поднесе отказ поради како што вика му смета новото име на нашата држава. Еве што напиша Сашо на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/saso.zitosanski.5/posts/2253067738069959„Во 2015 година се заколнав дека ќе го штитам Суверенитетот и територијалниот интегритет на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, мојата Татковина и наследството од нашите предци и ќе ги штитам нејзините граѓани, доколку е потребно и со мојот ж

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања