Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИЛЕ ГОЦЕВСКИ

media-libraryuplk2n188a6j0zQBtCh

(Видео) Пожртвуваноста не се заборава: По 40 часа спасување животи – Делчево со траен белег за Иле Гоцевски, херојот од Кочани

Општина Делчево ќе уреди парк во чест на Иле Гоцевски, возач во Итната медицинска помош во Кочани, кој почина по повеќечасовна исцрпувачка работа при спасување на повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Истовремено, веќе е поставена и спомен-плоча во негова чест, информираше градоначалникот Иван Гоцевски.Тој посочи дека Иле Гоцевски бил меѓу првите на теренот утрото на 16 март, кога се одвивала драматичната борба за спас на младите повредени. По 40 часа непрекината, напорна и трауматична работа, Гоцевски починал на 17 март во својот дом.„Со длабока почит се сеќаваме на нашиот сограѓанин, кој беше на првата линија во спасувањето животи. Во негова чест поставивме спомен-плоча веднаш до влезот на Итната медицинска помош во Делчево – место што ќе нè потсетува на неговото тивко херојство“, наведува градоначалникот.Според него, Гоцевски во текот на интервенциите дури 11 пати возел до Клиничкиот центар во Скопје, помагајќи не само во транспортот, туку и во пронаоѓањето и идентификацијата на повредените деца.„Неговата пожртвуваност е симбол на хуманоста и наша обврска е да го чуваме споменот на неговото дело. Тој ќе остане запаметен како ‘херојот од нашето маало’ – човек кој спасувал животи“, истакнува Гоцевски.Во негова чест, во дворот на Здравствениот дом во Делчево ќе се уреди парк што ќе го носи неговото име, како траен белег за идните генерации и сведоштво за пожртвуваноста и професионалноста во спасувањето човечки животи.

Настани | пред 3 часа

media-librarysrc2d954i2u44lDi3nS

Делчево уредува парк во чест на херојот Иле Гоцевски и подигна спомен-плоча во негово име

Во Делчево ќе биде подигната спомен-плоча во чест на возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски кој почина по трагичната несреќа во Кочани, откако превезе голем број пациенти до болниците во Кочани и Скопје.Со длабока почит се сеќавам на нашиот сограѓанин Иле Гоцевски, возач во ИМП во Кочани, кој утрото на 16 март беше на првата борбена линија за спас на животите на повредените млади од дискотеката „Пулс“. По 40-часовната напорна и трауматична работа, тој починал на 17 март во својот дом.Во негова чест веќе поставивме спомен-плоча веднаш до влезот на Итната медицинска помош во Делчево – место на кое секогаш ќе се потсетуваме на тивкото херојство на нашиот херој Иле Гоцевски.Иле Гоцевски возел 11 пати до Клиничкиот центар во Скопје и помагал и во пронаоѓање и препознавање на повредените деца. Неговата пожртвуваност е симбол на хуманоста и наша обврска е да го чуваме споменот на неговото дело, како сведоштво за „херојот од нашето маало“ – човек кој спасувал животи. Неговото име ќе остане запаметено како потсетник за вредностите кои ги носеше: хуманост, професионализам и пожртвуваност.Во негова чест, во дворот на Здравствениот дом во Делчево уредуваме парк кој ќе го носи неговото име и ќе сведочи и за идните генерации за пожртвуваноста и професионалноста во борбата да се спаси живот повеќе. Со овој парк испраќаме силна порака дека вистинските херои се луѓето кои со својата добрина и професионалност оставаат траен белег во општеството“, вели Иван Гоцевски, градоначалник на Општина Делчево

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања