Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пожртвуваноста не се заборава: По 40 часа спасување животи – Делчево со траен белег за Иле Гоцевски, херојот од Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Настани
media-libraryuplk2n188a6j0zQBtCh

Општина Делчево ќе уреди парк во чест на Иле Гоцевски, возач во Итната медицинска помош во Кочани, кој почина по повеќечасовна исцрпувачка работа при спасување на повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Истовремено, веќе е поставена и спомен-плоча во негова чест, информираше градоначалникот Иван Гоцевски.

Тој посочи дека Иле Гоцевски бил меѓу првите на теренот утрото на 16 март, кога се одвивала драматичната борба за спас на младите повредени. По 40 часа непрекината, напорна и трауматична работа, Гоцевски починал на 17 март во својот дом.

— реклама —

„Со длабока почит се сеќаваме на нашиот сограѓанин, кој беше на првата линија во спасувањето животи. Во негова чест поставивме спомен-плоча веднаш до влезот на Итната медицинска помош во Делчево – место што ќе нè потсетува на неговото тивко херојство“, наведува градоначалникот.

— реклама —

Според него, Гоцевски во текот на интервенциите дури 11 пати возел до Клиничкиот центар во Скопје, помагајќи не само во транспортот, туку и во пронаоѓањето и идентификацијата на повредените деца.

„Неговата пожртвуваност е симбол на хуманоста и наша обврска е да го чуваме споменот на неговото дело. Тој ќе остане запаметен како ‘херојот од нашето маало’ – човек кој спасувал животи“, истакнува Гоцевски.

— реклама —

Во негова чест, во дворот на Здравствениот дом во Делчево ќе се уреди парк што ќе го носи неговото име, како траен белег за идните генерации и сведоштво за пожртвуваноста и професионалноста во спасувањето човечки животи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“, а добивале очилa и рачен часовник за услугата – девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификати

Свет | пред 2 седмици

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Газдата Деко предложен за сведок во судскиот процес против деветтемина полицајци за случајот „Пулс“

Македонија | пред 2 седмици

IMG_5515

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри сериозни противречности во исказот на вештакот Русевски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања