ИЛИНДЕН

20230227071314

Откриена причината за големата трагедија во Илинден

Снимање на Тик-Ток видео била причината зошто 14-годишното девојче се качило на железничкиот вагон до кој стоела цистерна во синоќешната трагична несреќа во Општина Илинден.Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, за Телма потврди дека се работи за смрт од струен удар, а дека на местото биле присутни три другарки, тинејџерки, кои дошле околу 21 часот. Девојчето починало на самото место. Интервенцијата на пожарникарите траела до 21 часот и 45 минути, а потоа симнатото тело било дадено на обдукција.-Сите мора да внимаваме на нашите деца, особено на малолетниците каде се движат и што прават затоа што за жал ова не е прв случај и за да ги заштитиме нашите деца мора да преземеме соодветни мерки за да се укаже дека не смее да се движат во тие делови и особено да се качуваат на вагоните затоа што се многу опасни и може да настане последица од струен удар, изјави Ангеловски.Слична трагедија со Тик-Ток видео се случи пред неколку месеци во скопско Маџари, кога 17-годишна девојка на идентичен начин доби тешки изгореници по телото.

Скопје | пред 2 години

pozar-pristina

МВР со детали за вчерашната трагедија во скопски Илинден

На 25.02.2023 во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Илинден на железничка станица-складиште има почината малолетничка.По извршениот увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител утврдено е дека малолетничка која таму била уште со двајца малолетници, се качила на кровот на цистерната која се наоѓала на железничката пруга, при што настанал струен удар.На местото на настанот починала малолетничката, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата малолетничка било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Скопје | пред 2 години

Foto-5

Пендаровски: Историската вистина не може да се промени со договор, ниту со протокол бидејќи фактите го разобличуваат секој наметнат конструкт

По повод државниот празник 2 Август, Илинден - Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски се обрати на свечената церемонија што се одржа во Кабинетот на претседателот и во чии рамки беа доделени одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст.На Свети Илија го славиме нашиот најголем државен празник, затоа што на денешен ден, македонскиот народ и неговите сонародници ги воспоставија своите две републики – Крушевската во 1903-та и асномската во 1944 година. Барајќи излез од авторитарните монархии и автократските режими кои систематски го обесправувале, асимилирале и експлоатирале, македонскиот народ спасот го нашол во републиката како најправеден и најпрогресивен државен поредок. Поредок кој требало да му овозможи да има слободна, функционална политичка заедница обединета околу општото добро и јавниот интерес.Крушевскиот манифест ни ги дава контурите на Републиката за која се бореле илинденците - Република положена врз идеалите на правда, слобода и достоинствен живот во која ќе има место за секој маж и жена, независно од народност, јазик и вера.Визијата за Републиката е надградена за време на Народноослободителната и антифашистичка војна во која партизаните ги обединија сите прогресивни сили во широк национален фронт. На слободните територии беа воспоставени народноослободителни одбори како никулци на идната асномска република, која по самата своја суштина беше национална и антифашистичка.Борејќи се за една таква прогресивна антифашистичка република многумина ги дадоа своите животи, меѓу нив и нашата прва партизанка, Невена Николова Георгиева-Дуња. Невена својот краток живот го посвети на борбата за социјална правда и национална слобода. Веруваше дека преку антифашистичката борба и жените ќе се изборат за својата рамноправност со мажите. Невена учествувала во формирањето на дури три партизански одреди – Скопскиот, Струмичкиот и Велешкиот. Пеш ја има крстосувано татковината и како Дуња, Стојка и Рајна го мотивирала народот да се вклучи во борбата. Гонета од фашистичкиот окупатор и неговите контрачети, Невена херојски загина за да им овозможи на своите соборци безбедно да се повлечат и да ја продолжат борбата за слобода.Споменот за неа е толку силно врежан во нашата колективна меморија, што ако денеска ги прашаме луѓето, огромното мнозинство од нив, без задршка ќе речат дека Дуња е народен херој од НОБ. За жал, фактите зборуваат дека е направен пропуст и дека таа никогаш не била прогласена за народен херој. Затоа, во знак на благодарност, ние денешните генерации, постхумно ја одликуваме со Орден за воени заслуги.За да видиме за каква република се избориле учесниците во НОБ, треба да погледнеме во животната активност на великаните на таа славна антифашистичка генерација, по војната. Еден од нив е и Крсте Црвенковски, првоборец и народен херој кој активно учествувал во народното востание од самиот почеток на 11 октомври 1941. Тој лично сведочи дека „во одлуките на АСНОМ стремежите за сувереност и државност на македонскиот народ и Републиката се кристално јасно формулирани. На таа основа беше заснована новата македонска република“.Како долгогодишен член на највисокото политичко и државно раководство на републичко и на сојузно ниво, Крсте Црвенковски имал можност да ја преточи во дело неговата визија за Републиката како општо добро. Третирајќи ги сојузните републики како национални држави на конститутивните народи на Југославија, Црвенковски се залагал за децентрализација на федерацијата и почитување на легитимните интереси на републиките. Неговата улога во основањето на Македонската академија на науките и уметностите, развојот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и возобновувањето на Македонската православна црква, сведочи за неговата визија за македонска република со развиено образование и наука и со автономија на културниот и духовниот живот. Бил против ригидното разбирање на партискиот монопол, за либерализација на политиката и демократизација на државата. Доживувајќи го македонскиот мултиетнички амбиент како предност, а не како недостаток, активно се залагал за целосна еманципација и афирмација на немнозинските заедници.Пред 33 години, како млад човек кој прв пат навлегува во водите на политиката, имав чест да го запознам, заедно со неговите истомисленици Славко Милосавлевски и Ќамуран Тахир и лично да посведочам дека иако биле дел од монопартискиот систем, знаеја да го насочат погледот и надвор од идеолошките параметри на времето.Имајќи ги предвид сите негови заслуги, постхумно го одликуваме Крсте Црвенковски со Орден на Република Северна Македонија.Славната антифашистичка генерација полека ја напушта историската сцена. Се помалку меѓу нас ги има живите учесници во тие настани. За жал, низ годините на независноста сведочевме и на обиди да се релативизира значењето на НОБ, а со тоа и на делото на нашите партизани. Во пресрет на Илинден имав чест да посетам неколкумина од преживеаните борци и да ги прашам за што се бореа и против кого се бореа. Сеќавајќи се на борбата за слободна македонска република, Илија Дуновски од Охрид ми рече, „битката не се добива само со пушка, но и со срце, со храброст.“ Затоа, денес, на сите живи партизани, им се заблагодаруваме со Медали за храброст.Со овие одликувања ние денес на симболичен начин правиме обид за исправање на неколку историски неправди. Првата, направена со пропустот Невена Георгиева-Дуња да биде прогласена за народен херој. Втората со отстранувањето на Крсте Црвенковски од јавниот и политичкиот живот поради неговите либерални ставови и прогресивни политики. Третата со обидите да се релативизира значењето на НОБ и АСНОМ како папочна врска меѓу нашиот прв и нашиот трет Илинден.Овој чин го правиме во период кога нашата држава по кој знае кој пат се соочува со обидите да биде негирана националната самобитност на македонскиот народ и да бидат оспорени неговите уникатни национални белези.Револтот на граѓаните е оправдан, затоа што сите успеси како независна држава ги добиваме по потешкиот пат, но, не се откажуваме од стратешката цел да станеме дел од заедницата која со сите свои недостатоци, сепак, создала простор во кој луѓето се слободни и свои.Во рамките на нашите заложби за целосна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, имаме цврста намера да ги исполниме сите услови од европските преговарачки поглавја, но, немаме намера со кого било, наместо за европски вредности да разговараме за возобновување на империјалистички концепти и идеи од минатите векови.Концептот на обединета Европа ни ја дава најдобрата шанса да го заокружиме развојот на Северна Македонија како современа европска република. Овие напори се жртвата на нашата генерација за нашите млади и за нивната иднина. Но, за сето ова да не биде залудно, огромна незавршена работа нè чека дома каде што треба да продолжиме да ја градиме државата како праведна и прогресивна во која македонските граѓани ќе имаат пристоен живот, добро образование, квалитетно здравство и ефикасен правен систем што ќе ги сузбива криминалот и корупцијата.Свесен сум дека кај дел од граѓаните постои стравување дека на тој пат кон Европа ќе биде цензурирано нашето историско паметење. Дека наводно веќе нема да можеме да спомнуваме против кого се бореле нашите херои. Или дека ќе треба да ги затвориме очите пред фактите за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка и масакрот на младинците во Ваташа. Дека ќе ги затвораме ушите за да не ги чуеме сведоштвата на нашите последни живи борци, на генерацијата која на своја кожа ја искуси окупацијата во периодот 1941-1944, спроведувана од профашистичката влада во Софија.Но, кога би престанале да ја зборуваме историската вистина ние би станале соучесници во креирањето на една нова историска неправда. Токму овие одликувања се нашиот одговор на секој обид да се замолкне вистината. Историската вистина не може да се промени со договор, ниту со протокол бидејќи фактите го разобличуваат секој наметнат конструкт.Со историската вистина нема компромис, говорењето на историските факти, никогаш не било, ниту може да биде говор на омраза. Проектот на обединета Европа недвосмислено потврдува дека патот до автентично и трајно помирување меѓу народите води преку правдата втемелена врз вистината. Затоа, ќе продолжиме да ја зборуваме вистината и само вистината.Драги сограѓани,Не треба да чувствуваме никаков страв. Ако македонскиот народ не подлегнал на обидите за асимилација, денационализација и историски ревизионизам во периодите кога бил обесправен и немал своја држава, денес, при своја држава, шансите за такво нешто се непостоечки. А наша должност е да се грижиме нашата република, сите нејзини граѓани подеднакво да ја чувствуваат како своја татковина.Нека е за многу години Илинден!

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Хаос на Мечкин Камен: Едни ја исвиркуваат Владата, други и аплаудираат

Едни извикуваат „У-а“ и ги исвиркуваат, другите аплаудираат на Мечкин Камен. Ова е атмосферата за време на одбележување на Илинден. Заштитна ограда за граѓаните и засилено полициско присуство. Има развиени македонски знамиња, како и знамиња на ЕУ. Соседниот табор вее знамиња од Вергина и ги исврикува владините претставници.Веќе имаше најави дека СДСМ организирала автобуси кои ќе носат партиско членство и симпатизери на Мечкин Камин. За ова се коментираше дека се организира за да има повеќе аплаузи.

Македонија | пред 3 години

andrej-kovacev1

Прва провокација од Бугарија за „Илинден“, европратеникот Ковачев го прогласи за бугарски празник

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од ГЕРБ, го прогласи Илинден за бугарски Велигден. Ваквите антимакедонски ставови на Ковачев не се реткост, а провокациите се постојани. Тој сподели фотографија на која на бугарски е испишан натпис.„Илинден, мајко, Илинден - за Бугарите Велигден. Да се ​​потсетиме заедно!“, напиша Ковачев.Веќе општопознато е дека Бугарија и бугарските политичари имаат проблем кога е во прашање македонската историја. Овие прашања се решаваат преку историскаста комисија, а јавноста има впечаток дека Бугарите сакаат да присвојат се што е македонско од историјата.

Актуелно | пред 3 години

295874309_606406704186678_5156492497348477349_n

Иванов порача: Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска

„Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска“. Со ваква порака, поранешниот шеф на државата, Ѓорѓе Иванов, го честиташе Илинден.Тој напиша:Обврска да се чува наследство за кое нашите предци се избориле со пркос и непокор. Да се чува континуитетот на нашата определба, бидејќи како Македонци ние не можеме да бидеме нешто поразлично од нашите предци. Да не им го одземаме на нашите деца, внуци и правнуци она што ни го оставиле нашите татковци, дедовци, прадедовци.Многупати се обидувале и сега повторно се обидуваат да ни накалемат некаков туѓ идентитет. Ниту успаале, ниту сега ќе успеат бидејќи нашето постоење не зависи од нив туку од самите нас. Овој светол ден не потсетува дека не смееме да ја губиме вербата во себе. Да го чуваме и негуваме нашиот многувековен идеал на непокорот. За многу години Илинден! Да живее Република Македонија!

Коментари | пред 3 години

vo-borba

(ВИДЕО) Владата слави Илинден во Крушево, а го бришат Гоце Делчев од песната „Во борба, во борба“

Скандал на вечерашното отворање на прославата за Иинден од страна на Владата на премиерот Димитар Ковачевски. Во текот на изведбата на добро подготвената програма, песната “Во борба, во борба“ беше едноставно искасапена, а од неа беше исфрлена втората строфа после првиот рефрен во која се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“, што претставува спој на борбата на Илинденците од 1903 година и на партизаните од НОБ кои се борат додека над главите знамето на Гоце се вее.Впрочем еве ја целата строфа која беше исфрлена при изведбата:“Излеговме ние смели партизани,над нас на Гоце знамето се вее,во гори, полја и на сите страни,фашистичка крв насекаде се лее.“Инаку целата песна, во збирката на Кочо Рацин која посмртно е објавена (Збирката е пронајдена во неговата чанта), а која ја напишал Владо Малески, гласи вака:Како што можете да видите, односно чуете, исфрлена е и последната строфа за нов живот на Македонците со браќата Власи, Турци, и Албанци!За да се уверите, послушајте го видеото со токму овој дел од вечерашната прослава.

Македонија | пред 3 години

ilinden

Сто и деветнаесет години од Крушевската република 🇲🇰

Сто и деветнаесет години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на 2 Август – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден – Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. Годинава, 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, се одбележува под слоганот „Илинден – нашата сила за иднината“.По тој повод, претседателот на државата и делегации на Собранието и на Владата, ќе го чествуваат празникот преку голем број свечености. Институциите ја објавија агендата за денешното чествување, според која оваа година, шефот на државата Стево Пендаровски ќе ја предводи државнo-црковната делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на свеченоста во Крушево, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се обрати на настаните организирани во Пелинце.Одбележувањето на Денот на Републиката и Илинден на 2 Август ќе започне со настани во Скопје, во 8:00 часот, кога делегацијата предводена од шефот на државата Пендаровски ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“.Потоа, делегации ќе положат свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на Градскиот плоштад.Одбележувањето на празникот ќе продолжи со обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски на платото во вилата на Водно во 9:00 часот, по што ќе бидат доделени одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст.Со Орден на Република Северна Македонија, постхумно ќе биде одликуван Крсте Црвенковски, за својот особен, стратешки, долготраен и неповторлив придонес во втемелувањето и во развојот на македонската држава и на македонското општество.Со Орден за воени заслуги, постхумно ќе биде одликувана Невена Николова Георгиева – Дуња, за извонредната храброст, пожртвуваноста, непоколебливоста и за лидерската улога во антифашистичката борба во работничките и во синдикалните движења, коишто се застапувале за социјална правда, со што ја задолжи нашата држава со своето херојско дело и со својот пример за посветеност на заедничката цел и на заедничката борба за подобар и поправеден свет.Со Медал за храброст ќе бидат одликувани: Никола Стојановски, Јован Величковски, Трајанка Аврамовска (постхумно), Илија Дуновски, Никола Николоски, Цветко Цветкоски, Кадрија Џафери и Дaфинка Богоева.– Осумтемина се одликуваат за пожртвуваноста, за истрајната борбеност и за животната посветеност на високите цели на заедницата, како и за целокупниот влог во Народноослободителната борба, што се согледува низ нивните карактеристики, а и низ карактеристиките на голем број генерации борци, кои не ги штедеа своите животи за слободата, втемелувајќи ги основните насоки за градење на државата, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.Владината делегација на манифестациите во Скопје ќе ја предводи вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а о нејзин состав ќе бидат и министрите за одбрана и за информатичко општество и администрација, Славјанка Петровска и Адмирим Алити, заменик-министрите за животна средина и просторно планирање и за одбрана, Христина Оџаклиеска и Башким Хасани и националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски.По свеченостите во Скопје, државнo-црковна делегација, предводена од претседателот Пендаровски, по осумнаесет години, по повод 2 Август – Илинден, во 12:30 ќе го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) на 2 август 1944 година. Во состав на делегацијата ќе бидат министерката за одбрана Славјанка Петровска, пратениците во Собранието, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, митрополитот кумановско-осоговски Григориј, епископот Стобиски Јаков, како и претставници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и на Сојузот на борците на НОБ.Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ и епископот врањски Пахомије, како претставник на Српската православна црква.По повод посетата на манастирот, претседателот Пендаровски во саботата оствари телефонски разговори со неговиот српски колега Александар Вучиќ и со поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј.Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области, а посетата на манастирот „Св. Прохор Пчински“, која се случува по речиси две децении, е позитивен импулс за отворање на нови поглавја во меѓусебните релации.Во разговорот со патријархот Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на одлуката да биде овозможена посетата на манастирот, што следува со прифаќањето на канонското единство и автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ.Покрај одбележувањето на Илинден, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, заедничка литургија по повод верскиот празник Св. Илија ќе сослужуваат владици на МПЦ-ОА и СПЦ.Заедничката литургија во црквата во манастирот „Св. Прохор Пчински“ ќе ја сослужуваат митрополитот струмички Наум, митрополит кумановско-осоговски Григориј и епископот стобиски Јаков од МПЦ – Охридска Архиепископија и епископот врањски Пахомије од СПЦ.Пред Меморијалниот центар во Пелинце, пак, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, пред споменикот на АСНОМ, претседателот на Собранието, Талат Џафери во 10:00 часот ќе положени цвеќе. Пред споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце цвеќе ќе положи и владината делегација во состав од министрите за труд и социјална политика и за здравство Јована Тренчевска и Беким Сали и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.По полагањето цвеќе ќе следува обраќање на претседателот на Собранието, Талат Џафери и ќе биде организирана културно-уметничка програма.Премиерот Димитар Ковачевски, предводејќи висока владина делегација, со државни почести и чествувања ќе го одбележи големиот национален празник Илинден во Крушево. Во состав на владината делегација ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министрите за култура и за внатрешни работи, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Оливер Спасовски.Владината делегација, во 8:30 часот, ќе се поклони и ќе оддаде почит положувајќи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република. На спомениците цвеќе ќе положи и собраниска.Во 10:30 часот, со присуство на владината делегација на панихидата за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“ и со положување цвеќе на споменикот на Мечкин камен, продолжува церемонијата во чест на националниот празник. Свечениот дел на манифестацијата ќе започне во 11:30 часот на Мечкин камен, со обраќање на премиерот Ковачевски.Во рамки на централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август во Крушево ќе биде одржана и празнична културно-уметничка програма.Свечената програма за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар, каде се чествува со положување цвеќе и фолклорна манифестација.Од 9:00 часот, владината делегација, предводена од министерот за образование и наука Јетон Шаќири, во придружба на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски ќе оддадат почит на могилата на Даме Груев, споменикот на смилевските Илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред, по што ќе следува посета на Меморијалниот музеј со положување на цвеќе на споменикот на Даме Груев, а во 10:00 часот во спомен паркот „Даме Груев“ ќе започне традиционалната прослава.По повод Илинден, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, ќе го посети струшкото село Ташмаруништа, каде во 10 часот предвидено е да одржи и говор пред присутните.Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од потпретседателот Александар Николоски, во чиј состав ќе бидат и членот на ИК Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска, во 12 часот ќе положи свежо цвеќе на Мечкин Камен во Крушево, додека друга партиска делегација предводена од потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, а во состав од пратеникот Бране Петрушевски и претседателот на УМС Сергеј Попов, во 10 часот ќе положи свежо цвеќе на Меморијалниот центар во Пелинце.На денешен ден се одбележуваат два важи датуми во македонската историја. Во 1903 година, на полноќ спроти Илинден, камбаните во Крушево го објавиле почетокот на Илинденското востание, за време на кое околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, 115 делегати го одржале Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на Демократска Федеративна Југославија. Заседанието го отворил најстариот делегат и сведок на двата Илиндена, Панко Брашнаров. На заседанието бил избран Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто, а биле усвоени и неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на Демократска Македонија.

Македонија | пред 3 години

02082022_Ilinden_Makedonium_1

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски оддаде почит на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во „Македониумот“ на Гумење - Крушево.Со ова започнува централната прослава во Крушево на големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката - Илинден, кој оваа година се одбележува под слоганот „Нашата сила за иднината“.Претседателот на Владата, Ковачевски ја предводи владината делегација во состав од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски ќе оддаде почит и ќе положи венци свежо цвеќе на историските спомен обележја посветени на Илинден во Крушево, на споменикот на Слива, кој претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република, а ќе присуствуваат и на Панихида којашто традиционално се организира секоја година во чест на загинатите илинденци во црквата „Св. Никола“ во Крушево.Потоа, следи централната манифестација и обраќањето на премиерот Ковачевски на Мечкин Камен.

Македонија | пред 3 години

ilinden

Што мислат СДСМ за Илинден

„Илинден е нашата сила за иднината Во пресрет на големиот национален празник 2-ри Август - Илинден, граѓаните на Република Северна Македонија можат да бидат горди на досега постигнатите успеси“, велат од СДСМ.Тие додаваат:Денес, Северна Македонија е стабилна, сигурна држава, партнер на државите од регионот и Европа.Со членството во НАТО трајно ги обезбедивме мирот и стабилноста, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите.По 17 во чекалната, започнавме преговори за членство во ЕУ како Македонци со заштитен македонски јазик и идентитет.Стануваме дел од големото европско демократско семејство каде нашата држава вредносно и цивилизациски припаѓа.Тоа е реализација на историските заложби на Илинденците, борците од НОБ и членовите на АСНОМ за независна, суверена демократска држава признаена од целиот свет.Илинден е нашата сила за иднината, а нашата иднина е европска.

Македонија | пред 3 години

ilinden-1

Таче дал директива на членството за Илинден сите да бидат вештачка поддршка на Мечкин Камен, тврди Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев тврди дека претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски дал директива на Илинден сите да одат на Мечкин Камен. Ова доаѓа откако неколку години со ред, делегациите за Илинден од СДСМ и ДУИ се исвиркувани од присутните.„Инсајдери од пробугарската СДС ми кажуваат дека Таче дал директива до членството, на Илинден сите да се нацртаат на Мечкин Камен - за да глумат вештачка "народна поддршка"!?А, бе, квислинзи - да не сум ви во кожата. Кај и да идете ќе бидете исвиркани! Оти народ не може органски да ве поднесе. А вие глумете си "народна поддршка" уште некое време, таман додека не исчезнете“, напиша Апасиев.За Илинден, има цела агенда за прославување.

Македонија | пред 3 години

thumbs_b_c_e9bd7ac18c7dc2d5aadfa6ea84d8b10e

Талат за Илинден на Мечкин Камен, а Божиновски му вели: Последен пат кога беше во природа не поминавме убаво

Собранискиот спикер, Талат Џафери најави дека ќе оди на Мечкин Камен за празнувањето на македонскиот празник 2 Август - Илинден во Крушево. Ова наиде на коментари на социјалните мрежи.„Последен пат ко беше во природа не поминавме убо“, напиша Божиновски.За најголемиот македонски национален празник 2 Август – Илинден во Македонија традиционално ќе се одржат повеќе манифестации и народни собири бидејќи празникот е и верски.Според најавите за учество на државниот политички врв премиерот Димитар Ковачевски излегува „комита“ на Мечкин Камен во Крушево, собранискиот спикер Талат Џафери „партизан“ во Пелинце, а претседателот и врховен командант на вооружените сили на Македонија, Стево Пендаровски „бега“ од народните собири и ќе остане во кругот на Вила Водно.Пендаровски, во вторник ќе положи цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел и ќе се поклони на гробовите на поранешните претседатели Киро Глигоров, Борис Трајковски и генерал Михајло Апостолски.

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

Илинденските коњаници од Аеродром тргнаа на пат кон Крушево

Одржувајќи ја традицијата од 1978. година, Илинденските коњаници од Општина Аеродром вечерва тргнаа на пат кон Крушево.По 44-ти пат, во организација на Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, 27 коњаници, меѓу кои и една девојка, тргнаа кон местото каде што започна Илинденското востание и ќе дадат свој значаен придонес во одбележувањето на 119. годишнината од големиот македонски празник.Нивниот марш започна од паркот „Јане Сандански“, каде градоначалникот Тимчо Муцунски им го предаде општинското знаме. Потоа, придружени со зурли и тапани коњаниците поминаа низ неколку главни булевари низ Аеродром и се упатија кон црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде се одржа богата културно- уметничка програма, како круна на целиот настан.Општина Аеродром оваа година беше главен покровител и спонзор на овој голем традиционален настан. Почитта кон традицијата е една од клучните работи кои го зајакнуваат нашиот идентитет и национално чувство, а гордоста токму Аеродром да биде домаќин на оваа долгогодишна традиција е огромна.

Скопје | пред 3 години

kontejneri-za-recikliranje-1

Германското друштво за интернационална соработка ја посети општина Илинден

Претставници на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) ја посетија општина Илинден при што остварија работна средба со градоначалникот Александар Георгиевски. На средбата се разговараше за заедничката соработа остварена меѓу ГИЗ и општина Илинден во делот на имплементирање на БФЦ сертификатот, како и имплементирање на регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во ЗападенБалкан“.Градоначалникот Георгиевски им се заблагодари за досегашната поддршка истакнувајќи дека општината и во иднина сака да ја продолжи оваа успешна соработка со ГИЗ во имплементација на повеќе проекти.За време на средбата на претставниците од ГИЗ им беа дадени конкретни информации за начинот на примарната селекција на комуналниот отпад во која се користат садовите добиени преку проектот.Истовремено им беа презентирани и придобивките на општина Илинден со добивањето на сертификатот во делот на регионалната соработка и можностите за аплицирање и добивање на проекти, како и сигурноста што им сенуди на идните компании кои што сакаат да инвестираат во Општината.По завршувањето на работната средба беа посетени неколку локации каде што се поставени садовите за собирање и селектирање на комуналниот отпад.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања