Промени тема
Контакт

Општина Илинден воведува финансиска поддршка за првачиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-libraryr8lvdurha4uj2oZF2Rh

Општина Илинден, како една од општините со постојан демографски пораст и зголемување на наталитетот, продолжува со креирање конкретни мерки насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Во таа насока, за првпат се воведува финансиска поддршка за сите првачиња. Општина Илинден од 2022 година, континуирано обезбедува ранчиња со училишен прибор за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територија на општината. Почнувајќи од следната учебна година, покрај досегашната поддршка со ранчиња и училишен прибор, Општината како новина воведува доделување на субвенција во износ од 3.000 денари за секое прваче.

— реклама —
— реклама —

Целта на оваа финансиска поддршка е на родителите да им се олесни покривањето на дел од трошоците поврзани со започнувањето на образовниот процес, како и да се овозможи посигурен и порамномерен старт за сите ученици.

— реклама —
— реклама —

Средствата за спроведување на субвенцијата во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, што уште еднаш ја нагласува посветеноста на локалната самоуправа кон вложување во децата, семејствата и иднината на заедницата. Во рамки на поддршката на млади семејства, општината неодамна ги зголеми и финансиските надоместоци за новороденчиња, со што јасно потврдува дека граѓаните се нејзин клучен приоритет и основа за долгорочен и одржлив развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1fmniemn36qef2H9Gji

Во недела посебен сообраќаен режим во Илинден поради атлетска трка

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylur8gk2jim4afhL6VmX

Илинден ја зголеми помошта за новороденчиња на 6.000 денари, по 3.000 денари добива и секое прваче

Скопје | пред 3 седмици

media-library5sn0ddvncrmo4qMaB9k

Поддршка за најмладите во Илинден: Секое прваче ќе добие по 3.000 денари и училишен ранец

Скопје | пред 1 месец

media-libraryqsoc5bqeo1js8Cs5TJ7

СДСМ: Делегација предводена од претседателот Филипче положи свежо цвеќе на споменикот на илинденците на Мечкин Камен

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања