„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ИНДИЈА

media-libraryo5qceo7r9au17URW5W4

Како може да „исчезне“ авион од 30 тони? Ер Индија 13 години го барала својот Боинг

Како е можно патнички млазен авион тежок 30 тони и долг речиси 30 метри едноставно да „исчезне“ повеќе од една деценија? Во време на висока технологија, строг надзор и детална авијациска бирократија, вакво сценарио изгледа невозможно. Сепак, случајот со индиската авиокомпанија Ер Индија покажува дека и тоа може да се случи, пишува „Телеграф“.Компанијата открила дека еден од нејзините авиони – Боинг 737-200 со регистрација VT-EHH – цели 13 години стоел заборавен на аеродромот во Колката (поранешна Калкута), каде што буквално собирал прашина.Кога аеродромските власти ја контактирале Ер Индија поради неплатени такси за паркирање, од компанијата првично негирале дека авионот е нивен. Подоцна, сепак, признале дека навистина го изгубиле од евиденција и дека мора да платат околу 10 милиони рупии, односно приближно 100.000 евра, за долгогодишното паркирање.Вакви пропусти се исклучително ретки во авијацијата. Авиокомпаниите вложуваат стотици милиони евра во летала со цел тие да бидат што повеќе во воздух. Приземјувањето на авион значи трошоци, ризик од дефекти и губење вредност.Вообичаено, патничките авиони служат најмалку една деценија кај матичниот превозник, по што се продаваат, пренаменуваат во карго-авиони или се расклопуваат за резервни делови. Затоа е речиси незамисливо авион со години да биде оставен без намена.Авијациските експерти сметаат дека проблемот настанал поради комплицираната историја на леталото. Авионот првично бил во сопственост на Indian Airlines, која во 2007 година се споила со Ер Индија. Подоцна бил изнајмен на индиската пошта како карго-авион, по што документацијата, најверојатно, се изгубила во административниот лавиринт.Извршниот директор на Ер Индија, Кемпбел Вилсон, изјавил дека авионот воопшто не бил внесен во деловните книги при приватизацијата на компанијата во 2022 година. Поради тоа, новото раководство не знаело дека го поседува и ги игнорирало дописите од аеродромот во Колката.Иако авионот можел да се искористи за карго-летови или барем да се продаде за делови, неговата пазарна вредност денес е минимална. „Станува збор за стар авион со речиси никаква вредност“, вели авијацискиот аналитичар Џон Стрикланд.Сепак, случајот отвори пошироко прашање – дали ова е изолиран инцидент или симптом на подлабок проблем. Од аеродромот во Колката тврдат дека во изминатите години пронашле и други „напуштени“ авиони.Приказната за заборавениот Боинг на Ер Индија можеби е екстремна, но таа е и сериозно предупредување колку скапо може да чини институционалната небрежност – дури и во индустрија каде секој детал обично се мери до последен завртка.

Свет | пред 1 седмица

media-library37rvpbovcimf61SFSk9

Тригодишниот Сарвагја Синг Кушвав направи светско чудо, стана најмладиот шахист со официјален ФИДЕ-рејтинг

Шаховскиот свет доби ново чудо од дете – тригодишно момче од Индија успеа да влезе на рејтинг-листата на ФИДЕ, поставувајќи рекорд што досега се сметаше за непоимлив. Сарвагја Синг Кушвах стана најмладиот играч што некогаш добил официјален рејтинг, надминувајќи го претходниот рекорд на сонародникот Аниш Саркар.На официјалната листа за декември 2025 година дебитирал со брз рејтинг од 1572, а ФИДЕ објави фотографија на која се гледа момчето со медал во устата и три трофеи пред себе:„Со само 3 години, 7 месеци и 20 дена, Саравгја Синг Кушвав е најмладиот играч на рејтинг-листата за декември 2025 година, каде дебитира со брз рејтинг од 1572“, објави ФИДЕ.За да се добие официјален рејтинг, потребно е играчот да победи барем еден шахист кој веќе има рејтинг. Сарвагја отиде многу подалеку: победи тројца рејтинг-играчи на турнири во својот регион и пошироко низ Индија – резултат што голем број возрасни љубители на шахот го постигнуваат по месеци или години игра.Малиот шампион доаѓа од сојузната држава Мадја Прадеш и започнал да игра околу својата втора година, раскажува неговиот татко Сидарт Синг за „Индијан Експрес“. Момчето минува четири до пет часа на ден играјќи шах – дел во локален шаховски центар, дел онлајн.На турнирите во 2025 година Кушвав ги совладал возрасните шахисти:– Јогеш Намдев (20) – рејтинг 1696– Абхиџит Авашти (22) – рејтинг 1542– Шубхам Чорасија (29) – рејтинг 1559Претходниот рекорд го држеше Аниш Саркар, исто така индиски талент, кој минатата година доби рејтинг 1550 на возраст од 3 години, 8 месеци и 19 дена.

Магазин | пред 2 седмици

media-librarylch30j4j7qkg90xNUnD

(Видео) Пожар проголта ноќен клуб во Индија: Најмалку 25 мртви, меѓу нив и туристи

Најмалку 25 лица, меѓу кои и четворица странски туристи, загинаа во катастрофален пожар што во ноќта меѓу сабота и недела го зафати ноќен клуб во Гоа, една од најпопуларните туристички региони на западниот брег на Индија. Во трагедијата, која се случила во селото Арпора, уште седум лица се повредени, од кои едно е во критична состојба. Според првичните информации, се сомнева дека пожарот избувнал поради експлозија на плинска боца, пренесува CNN.Полицијата соопшти дека меѓу загинатите најверојатно има 14 членови на персоналот на клубот. Националностите на загинатите туристи сè уште не се официјално потврдени. Повредените се пренесени во Медицинскиот факултет и Клиничката болница во Гоа, каде што една од жртвите има тешки изгореници на 60 проценти од телото. Некои лица починале од тешките изгореници, додека други се задушиле од густата чадна маса.Гоа, позната по своите плажи и португалско културно наследство, секоја година привлекува стотици илјади странски туристи, а трагедијата предизвика шок и загриженост во целата држава.„Денес е многу тежок и болен ден за сите нас во Гоа“, изјави главниот министер Прамод Савант.Министерот за здравство на Гоа, Вишваџит Ране, потврди дека повредените добиваат „најдобра можна медицинска грижа“ и дека медицинските тимови непрекинато работеле во текот на ноќта. „Во овој миг на длабока тага, стоиме цврсто покрај погодените семејства“, додаде тој.Индискиот премиер Нарендра Моди најави дека неговата канцеларија ќе обезбеди отштета до 200.000 рупии (околу 2.200 долари) за семејствата на загинатите и 50.000 рупии (околу 556 долари) за повредените.„Моите мисли се со сите кои ги загубија своите најблиски“, наведе Моди. „Да се надеваме дека повредените ќе закрепнат што е можно побрзо.“Во меѓувреме, Савант нареди итна истрага за да се утврдат причините за пожарот и дали објектот ги почитувал противпожарните стандарди и градежните прописи. Првичните извештаи сугерираат дека клубот работел без сите неопходни дозволи и дека ги прекршил безбедносните правила. Ова го потврди и директорот на противпожарната служба, Нитин Раикер, кој изјави дека пожарникарите интервенирале веднаш и го изгаснале пожарот за половина час, но дека „клубот не ги почитувал противпожарните норми“.Трагедијата ја отвори дебатата за безбедноста на туристичките објекти во Гоа и потребата од построги инспекции и регулативи, особено во региони каде што ноќниот живот привлекува голем број посетители.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryne7f5n55tnt74suXy30

(Видео) Моди го прегрна Путин, но гестот предизвика итна реакција од Кремљ

Необична сцена се случи на аеродромот во Њу Делхи веднаш по пристигнувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Индија. Индискиот премиер Нарендра Моди го дочека рускиот лидер со топла прегратка – гест што изненади многумина, но и ја натера Москва да реагира веднаш по церемонијата.Моди се приближи до Путин веднаш штом рускиот претседател стапна на црвениот тепих и без претходна најавена координација му подаде рака, по што следеше прегратка која, според индиските медиуми, не била дел од утврдениот дипломатски протокол. Телохранителите на Путин биле затекнати, бидејќи не биле предупредени за промена во сценариото, пишува „Хиндустан тајмс“.Кремљ подоцна потврди дека ситуацијата била неочекувана за руската страна, но дека прегратката не предизвикала безбедносен ризик. Инцидентот, сепак, отвори дискусија околу строгите правила што важат при официјални пречекувања на високи државници.По церемонијата, Путин учествуваше на руско-индискиот бизнис форум и даде интервју за „Индија тудеј“, каде што зборуваше за соработката меѓу Русија, Индија и Кина, нагласувајќи ја важноста на тристраните односи во актуелниот геополитички контекст.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryof54790c4au19RPdffN

(Фото) Уапсен е осомничениот за терористичкиот напад во Индија

Уапсен е маж које е осомничен за поврзаност со смртоносниот напад со автомобил-бомба во Делхи, во кој минатата недела загинаа осум, а 20 лица беа повредени. Властите соопштија дека автомобилот користен во нападот, што владата го нарече „терористички инцидент“, бил регистриран на името на уапсениот, пренесува BBC.NIA го товари, жител на Кашмир под индиска управа, за уrote со наводниот напаѓач-самоубиец. Експлозијата се случила кај метро станица близу Црвената тврдина. Агенцијата запленила уште едно возило кое се поврзува со напаѓачот и ќе биде дополнително испитано. Досега се испитани 73 сведоци, вклучувајќи повредени лица.Ова е прва ваква експлозија во строго чуваниот Делхи од 2011 година. Нападот се случил во понеделник во 18:52 по локално време, кога бавно возило застанало на семафор и експлодирало. Министерот за внатрешни работи Шах потврдил дека станува збор за бел Hyundai i20. Снимките покажале изгорен автомобил и повеќе уништени возила, меѓу кои авторикша и ризкши.Премиерот Моди го нарече нападот „урота“, а владата вети дека извршителите, нивните соработници и спонзори ќе бидат казнети. Лидерот на опозицијата Рахул Ганди нападот го опиша како „исклучително потресен“.Полицијата истражува можни врски со неодамнешното апсење на седум мажи во Кашмир и со заплената на 2900 килограми експлозив во предградието на Делхи. Црвената тврдина, изградена во 17. век, е една од најпосетените знаменитости и е место каде индиските премиери ги одржуваат говорите за Денот на независноста.

Свет | пред 1 месец

media-library37le303imqeu0N25MsF

Тифус во Босна! Студентка од Индија е заразена со „заборавената“ болест

Тифусот, кој се смета за одамна искоренета болест е потврден кај студентка од Индија која студира на Медицинскиот факултет во Фоча, во Босна и Херцеговина.Како што објави порталот „Капитал“, идентитетот на пациентката е познат на редакцијата. Истовремено, „Капитал“ пишува дека таа е ставена во изолација, а главна причина за инфекцијата се сметаат катастрофалните хигиенски услови во кои живеела.За „Независне“ е потврдено дека надлежните институции презеле сите мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата, во согласност со протоколите во вакви случаи.Сите контакти кои се тестирани се негативни. Утврдено е дека студентката веќе била болна кога пристигнала во Босна и Херцеговина, објавува „Независне“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryhkkvcf0g2joucSQbgoi

Чудото од Индија: проговори човекот што преживеа пад на авион во кој загинаа 241 лице

Вишвашкумар Рамеш, единствениот преживеан од трагичната авионска несреќа на Air India, во која загинаа 241 лице, изјави дека се чувствува како „најсреќниот човек на светот“, но истовремено преживува длабока физичка и психолошка болка. Неговите снимки, на кои се гледа како се оддалечува од местото на падот на авионот — а неговото преживување многумина го нарекоа чудо.Несреќата се случи во јуни, кога Boeing 787, на лет од западна Индија кон Лондон преку Ахмедабад, се урна само неколку минути по полетувањето и беше зафатен од пламен. Во трагедијата загинаа сите патници и членови на екипажот, како и 19 лица на земја.Во емотивно интервју за BBC News, Вишвашкумар раскажа дека го изгубил својот помлад брат Ајај, кој седел само неколку редови подалеку:„Јас сум единствениот преживеан. Сè уште не можам да поверувам. Тоа е чудо. Но изгубив сè — изгубив брат кој ми беше потпора, човекот кој секогаш ме поддржуваше.“Оттогаш, неговиот живот се претворил во осаменост:„Сега сум сам. Само седам во собата и не разговарам со сопругата и синот. Не можам. Само сакам да бидам сам.“Во болницата во Индија, каде се опоравувал, раскажал како успеал да се извлече од урнатините и да исползи низ отвор во трупот на авионот. Таму го посетил и индискиот премиер Нарендра Моди.По враќањето во својот дом во Лестер, Велика Британија, Рамеш за првпат проговори јавно, во присуство на локалниот лидер Санжив Пател и портпаролот Рад Сигер. Со солзи во очите, раскажа дека не може да зборува за катастрофата:„Мајка ми веќе четири месеци секој ден седи пред вратата и не зборува со никого. Јас, пак, не можам да спијам. Секој ден е болен. За сите нас.“Рамеш сè уште има тешки физички последици — болки во ногата, рамото, коленото и грбот.„Кога одам, одам бавно. Жена ми ме држи за рака. Не можам ни да работам, ни да возам“, вели тој.Според неговите советници, Рамеш страда од посттрауматски стресен синдром (ПТСП), дијагностициран уште во Индија, но по враќањето во Британија не добил соодветен третман. Тие ја обвинија авиокомпанијата дека лошо се однесувала со него и побараа итен состанок со раководството на Air India.„Тој е уништен – психички, физички и финансиски,“ рече Пател. „Оваа трагедија ја уништи неговата фамилија. Луѓето кои се одговорни мора да излезат пред јавноста и да се соочат со жртвите.“Air India му понудила привремена отштета од 21.500 фунти, која ја прифатил, но неговите советници сметаат дека тоа не е доволно ни за покривање на основните потреби.Семејниот бизнис со рибарство во Индија, што го водел со својот брат, целосно пропаднал.Портпаролот Рад Сигер истакна дека три пати барале средба со компанијата, но сите нивни барања биле игнорирани.„Ова не сме ние што треба да го правиме, туку Air India. Тие треба да седнат пред јавноста, да ги погледнат овие луѓе и да им помогнат“, рече Сигер.Од Air India, која е во сопственост на Tata Group, соопштија дека високи претставници редовно ги посетуваат семејствата на жртвите за да изразат сочувство.„На претставниците на господинот Рамеш им беше понуден состанок, и се надеваме на позитивен одговор,“ наведоа од компанијата, додавајќи дека поканата била испратена уште пред неговиот јавен настап.

Свет | пред 1 месец

tenk-ukraina

Демонстрација на сила: Русија и Индија започнаа заеднички воени вежби

Русија и Индија започнаа заеднички воени вежби во северозападната индиска држава Раџастан со цел подобрување на тактиките во антитерористички операции, соопшти руското Министерство за одбрана.Воените маневри, наречени „Индра 2025“, се одржуваат на полигонот Махаджан и ќе траат до 15 октомври, пренесува Ројтерс.Главната цел на вежбите е усовршување на координацијата меѓу единиците на двете земји во борбата против тероризмот, вклучувајќи усовршување на тактиката и заедничкото дејствување во антитерористички операции, се наведува во соопштението на Министерството

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvqjh7ubgs9ag3x1mkHQ

(Видео) Американското оружје „Леонидас“ урна 49 дронови со еден удар

Американската компанија Epirus објави видео од демонстрација на своето противдронско оружје „Леонидас“, во кое со еден единствен импулс на насочена енергија биле урнати 49 дронови одеднаш. Настанот предизвика голем интерес во јавноста и медиумите, а експертите го нарекуваат вистинска технолошка пресвртница.Дроновите, како што посочуваат безбедносни аналитичари, се двојна закана – се појавуваат од непредвидливи насоки и се доволно евтини за да се користат во огромен број. Поради тоа, тие претставуваат ризик не само во воени конфликти, туку и за цивилното воздухопловство.„Леонидас“ функционира со микробранови, зраци кои ја уништуваат електрониката на беспилотните летала. Системот е базиран на нова генерација полупроводници од галиум нитрид, кои овозможуваат помала потрошувачка на енергија и поголема мобилност во споредба со старите вакуумски цевки.Особено впечатлива е способноста на системот да делува „еден спрема многу“ – односно истовремено да уништува цела група на дронови. Покрај тоа, може и прецизно да таргетира само еден летечки објект без колатерална штета или да програмира забранети воздушни зони.Демонстрацијата се одржа пред месец дена во Камп Атербери, Индијана, каде што „Леонидас“ успеал да собори 61 дрон со 100% ефикасност. Кулминација било моментот кога системот едновремено се справил со група од 49 дронови.Ова е пресвртница за Epirus. Веруваме дека демонстрацијата покажа дека „Леонидас“ е единственото оперативно решение против рој дронови по принципот ‘еден спрема многу’, изјави извршниот директор на компанијата, Енди Лоури.Видео-снимката објавена од компанијата прикажува како дроновите речиси во исто време паѓаат од небото, како „невидлива рака“ да ги пресекла нивните врски.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryi7e6d03sss9lf0OI5nA

(Видео) Најмалку 36 загинати во стампедо на предизборен митинг во Индија, меѓу нив се осум деца

Најмалку 36 луѓе загинаа, а повеќе од 50 се повредени во саботата во стампедо на предизборен митинг на југот на Индија, организиран од тамилскиот актер Виџај, соопшти премиерот на индиската сојузна држава Тамил Наду.Премиерот М.К. Сталин истакна дека меѓу загинатите се 8 деца и 16 жени. Митингот, кој го организираше политичката партија на Виџај „Tamilaga Vettri Kazhagam“, се одржа во округот Карур.Виџај, еден од најпопуларните актери во Тамил Наду во последните три децении, собира голем број на луѓе на своите настани откако ја основа политичката партија во 2024 година. Тој води кампања за изборите закажани за почетокот на 2026 година.Видео снимки објавени од локалните медиуми покажуваат илјадници луѓе околу големото возило на кое говореше Виџај. За време на митингот, тој им фрлаше шишиња со вода на присутните и побара помош од полицијата кога ситуацијата излезе од контрола.Ова не е првпат да се појават проблеми на неговите митинзи. Најмалку шест лица загинаа по првиот собир на неговата партија во октомври минатата година.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп воведе 50% царини за увоз од Индија, обвинувајќи ја за финансирање на руската војна

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 50% на поголемиот дел од увозот од Индија, обвинувајќи ја владата во Њу Делхи дека со купување евтина руска нафта индиректно го финансира воениот ангажман на Москва во Украина.Новата мерка, која стапи во сила во средата на полноќ, ќе погоди извоз на Индија вреден 87,3 милијарди долари годишно. Иако дел од клучните производи, како паметните телефони, засега се изземени од тарифите, индустрии како текстилот, накитот и морските плодови се соочуваат со драматичен пад на нарачките и обемот на производство.Индиската влада останува решителна во намерата да продолжи со увоз на руска нафта. Премиерот Нарендра Моди ги повика граѓаните да купуваат домашни производи, додека шефот на дипломатијата, Субраманијам Џајшанкар, оцени дека барањата од Вашингтон се „неоправдани и лицемерни“.Економските аналитичари предупредуваат дека царините би можеле да го намалат економскиот раст под 6%, а индиските берзи веќе бележат значителни падови. Федерацијата на извозници од Индија соопшти дека бројни производители на облека и текстил за американскиот пазар веќе ја стопирале производството.Трамп претходно воведе идентични мерки и кон Бразил, но не презеде слични чекори против Кина, иако и таа во големи количини увезува руска нафта. Во меѓувреме, Индија ги зајакнува врските со Москва и најавува приближување кон Пекинг.„Трамп ги загрози годините напорно градено партнерство,“ изјави висок индиски трговски функционер за британскиот Guardian. „Најголемата жртва е довербата, а обновата на односите тешко дека ќе се случи додека тој е на власт.“Според експертите, најголеми добитници од новите царини ќе бидат конкурентите од југоисточна Азија – особено Виетнам и Камбоџа – кои веќе ги преземаат американските купувачи со поевтина стока.

Свет | пред 4 месеци

indija-odbelezhuva-75-godishnina-od-nezavisnosta

Моди оди во Кина по пет години: економската политика на Трамп ја приближува Индија кон Пекинг

По повеќе од половина деценија од смртоносниот судир на Хималаите, индискиот премиер Нарендра Моди оваа недела ќе патува во Кина за да присуствува на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), домаќин на кој е кинескиот претседател Си Џинпинг. Посетата се случува во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп воведе 50% казнени царини на увоз од Индија, што дополнително го турка Њу Делхи кон стабилизација на односите со Пекинг.Самитот во Пекинг, кој ќе собере лидери од Русија, Пакистан, Иран и централноазиските држави, ќе биде најголемиот досега во рамките на ШОС. Присуството на Индија се смета за најјасен сигнал дека односите меѓу двете азиски сили повторно се затоплуваат. Според аналитичарите, политиката „Америка на прво место“ на Трамп и неговите закани со дополнителни царини заради индиската куповина руска нафта го натерале Моди да бара нов баланс во надворешната политика.Иако Вашингтон со години гради стратешко партнерство со Индија, вклучувајќи воени вежби и трансфер на технологии, приближувањето кон Кина може да ги наруши овие односи. „Индија повеќе не може да се преправа дека има силна американска поддршка“, оценува аналитичарката Јун Сан од тинк-тенкот „Стимсон“.Сепак, индиските власти нагласуваат дека ова не е оддалечување од САД, туку практична политика на „стратешка автономија“ – стабилизирање на односите со најголемиот сосед без да се напушти сојузништвото со Западот.Затоплувањето доаѓа по состанокот на Моди и Си на самитот на БРИКС во Русија минатата година, кога двете страни се согласија да се обноват директните летови и визите за туристи. Иако длабокото недоверие поради судирите во долината Галван од 2020 година останува, обете земји испраќаат сигнал дека ескалацијата не е во ничиј интерес.

Свет | пред 4 месеци

Нема фотографија

iPhone 17 ќе се произведува во Индија?

Apple планира целата нова генерација iPhone 17 да се произведува во Индија, а испораките за американскиот пазар по првпат ќе доаѓаат од таму уште при самото лансирање.Компанијата ја проширува својата продукција преку пет фабрики во Индија, вклучувајќи и две новоотворени. Со тоа Apple значително ја намалува зависноста од Кина за производство на уреди наменети за САД.Според „Bloomberg“, фабриките под контрола на Tata Group, една од најголемите индиски мултинационални компании, ќе опфаќаат половина од производството во следните две години. Долгогодишниот партнер Foxconn Technology Group исто така е вклучен со своето производствено чвориште во Бангалор.Очекувањата се серијата iPhone 17 да биде претставена во септември. Покрај стандардните модели iPhone 17, 17 Pro и 17 Pro Max, се споменува и можност за нов, потенок премиум модел под името iPhone Air. Беџет верзијата iPhone 17e, пак, се предвидува за почетокот на 2026 година.Иако администрацијата на Доналд Трамп претходно се закануваше со тарифи доколку Apple продолжи да произведува во странство, компанијата неодамна најави инвестиција од 100 милијарди долари во САД како дел од новиот „Програм за американска продукција“. Вкупниот план предвидува инвестиции од 600 милијарди долари во производство на компоненти во земјата.И покрај променливиот тарифен пејзаж, iPhone уредите извезени од Индија досега успеаја да избегнат дополнителни царини, што и понатаму го прави овој потег особено атрактивен за Apple.

Магазин | пред 4 месеци

putin

Русија и Индија потврдија стратешко партнерство и покрај американските трговски притисоци

Русија и Индија во Москва одржаа безбедносни разговори на кои ја потврдија посветеноста на своето стратешко партнерство, само ден по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување дополнителни царини на индискиот извоз поради купувањето руска нафта.Индискиот советник за национална безбедност Аџит Довал се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу, при што двете страни ја истакнаа важноста на билатералните односи и заедничката борба против современите безбедносни закани.„Посветени сме на натамошна активна соработка за создавање поправеден и поодржлив светски поредок, како и зачувување на меѓународното право“, изјави Шојгу. Довал оцени дека односите меѓу двете земји претставуваат „многу добро воспоставено стратешко партнерство“.Состанокот се одржа во контекст на зголемени трговски тензии со Вашингтон. Трамп најави зголемување на царините за уште 25 проценти на индиската стока, што од 28 август ќе ја зголеми вкупната тарифа на 50 проценти. Кремљ ги обвини САД за „нелегален трговски притисок“ врз Индија и порача дека Њу Делхи има право да тргува со кого сака.Очекувањата се дека Довал за време на посетата ќе разговара и за енергетски и одбранбени теми, вклучувајќи ја набавката на руска сурова нафта и испораката на ракетните системи С-400. Индија во 2018 година потпиша договор вреден 5,5 милијарди долари за пет системи со долг дострел, но испораките повеќепати беа одложувани. Последните единици треба да пристигнат во 2026 и 2027 година.Иако во последниве години се повеќе соработува со западни добавувачи, Индија и понатаму одржува значајна воено-техничка соработка со Русија. Истовремено, приватните индиски рафинерии – меѓу кои „Reliance Industries“ и „Nayara“ – остануваат главни купувачи на руска нафта, и покрај тоа што државниот увоз е намален поради послабите попусти и американските предупредувања.

Свет | пред 4 месеци

f_36977569_1280

Шокантни откритија во истрагата за несреќата на Air India Flight 171: Моторите биле исклучени само неколку секунди по полетувањето

Во прелиминарната истрага за авионската несреќа на летот Air India Flight 171, во која во јуни загинаа 260 лица, се појавија вознемирувачки детали – двете моторни единици останале без гориво само неколку секунди по полетувањето, откако преклопниците за довод на гориво биле префрлени во положба „исклучено“ (cut-off) – потег што обично се прави дури по слетување.Според извештајот, авионот бил во воздух помалку од 40 секунди и достигнал висина од само 190 метри пред да се сруши во густо населен дел од градот Ахмедабад.Снимка од пилотската кабина регистрирала глас на еден пилот кој прашува: „Зошто ги исклучи моторите?“, на што другиот одговара: „Јас не ги исклучив.“ Не е јасно кој од нив точно што рекол, но е познато дека копилот управувал со леталото во тој момент, додека капетанот бил во надзорна улога.Податоците покажуваат дека по исклучувањето на доводот на гориво, моторите изгубиле сила, а автоматски бил активиран систем за повторно стартување. Левиот мотор почнал да се рестартира, но десниот не успеал на време.Фокусот на истрагата сега е насочен кон прашањето: кој и зошто ги исклучил прекинувачите?Стручњаците посочуваат дека кај авионот Boeing 787 Dreamliner, овие прекинувачи имаат безбедносен механизам и не можат да се активираат случајно – потребно е да се подигнат, па дури потоа да се вртат.„Ова не може да се случи со една рака. Затоа овој случај се издвојува од сè што досега сме виделе,“ изјави Шон Пручницки, поранешен истражител на несреќи и авиоексперт од Универзитетот Охајо.Засега нема индиции дека пилотите биле под стрес, ниту дека имало комуникациско недоразбирање. Целата екипа била тестирана на алкохол пред полетување, а имале доволно време за одмор.„Во многу итни случаи, пилотите знаат да притиснат погрешно копче – но овде нема ниту трага од паника,“ вели Пручницки.Питер Голц, поранешен директор на американскиот NTSB, изјави дека ова откритие е „крајно загрижувачко“. Според него, клучно ќе биде целосно дешифрирање на снимката од кабината и идентификација на гласовите и движењата во тие критични 40 секунди.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања