Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИПАРД

media-libraryvljpgafo45s85LwbD2G

Афера со ИПАРД: управител и државни службеници обвинети за давање и примање поткуп, бил ветен подарок од 50.000 евра

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице обвинето дека сторило кривично дело Давање поткуп и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, три лица кои сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание и на едно лице му се става на товар кривичното дело Примање поткуп.„Првообвинетиот како управител на кривично одговорното правно лице аплицирал на јавен повик на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој на РСМ и поднел барање за користење на финансиски средства преку ИПАРД програмата. Бидејќи правното лице не ги исполнувало пропишаните услови, апликацијата била пониско рангирана и не ги исполнувала критериумите за добивање финансиска поддршка.Со цел апликацијата неосновано да биде повисоко рангирана и побараниот износ на финансиска помош во целост да биде одобрен, управителот, во име и за сметка на правното лице, во повеќе наврати ветувал и давал пари. На раководно службено лице во Агенцијата бил ветен подарок во износ од 50.000 евра, а на уште три лица им биле дадени 5.000 евра за да го искористат своето реално влијание и службена положба и да извршат притисок за донесување одлука што не смеела да биде донесена.Во текот на истражната постапка обвинителството утврди и кривична одговорност кај уште четири државни службеници вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој на РСМ против кои јавниот обвинител поднесе Обвинителен предлог за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, додека на кривично одговорното правно лице на товар му се става кривичното дело Давање поткуп.Обвинетите постапувајќи спротивно на своите службени обврски, овозможиле незаконско одобрување на апликацијата. Тие при обработка и контрола на документацијата извршиле погрешна пресметка на исполнетоста на условите и врз основа на некомплетна документација го изработиле, контролирале и одобриле Образецот за контрола на комплетност на договорот, а потоа и Решението за одобрување на финансиска поддршка. Второобвинетиот во Обвинителниот акт, иако бил свесен дека правното лице не ги исполнува законските услови, го потпишал решението со намера да го прими ветениот подарок.Поради неизменетите околности, законските основи поради кои на четворицата обвинети им беше определена мерка притвор, а не едно лице мерка куќен притвор се уште постојат, па со обвинението до судот е поднесен и предлог за продолжување на изречените мерки. За обвинетите државни службеници со Посебен предлог се предложени мерки на претпазливост: забрана за вршење службени активности поврзани со кривичното дело, односно работни активности како службено лице во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, одземање на патни исправи и обврска за повремено јавување кај надлежен орган.Исто така, со Обвинителниот акт јавниот обвинител предложи одземање на предметите употребени за извршување на кривичното дело мобилни телефони, медиуми за складирање на дигитални податоци и парични средства и тоа 35.370 евра, 206.000 денари и 200 швајцарски франци.Од прибраниот доказен материјал во оваа истражна постапка произлегоа индиции по однос на постапување со средствата од ИПАРД програмите за што ОЈО ГОКК отвори предистражна постапка која е во тек“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

ipard-1140x401-1

ВМРО-ДПМНЕ демантира суспензија на ИПАРД средствата: Европската комисија направила привремен прекин, не стопирање

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија дека средствата од ИПАРД програмата се суспендирани, оценувајќи ги како неточни и политички мотивирани.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Европска комисија не донела одлука за суспензија или стопирање на средствата од ИПАРД III, туку, како што наведуваат, ја поздравила одлуката за привремен прекин на исплатите додека траат проверките и контролите поврзани со конкретен случај.Во партиската реакција се посочува дека институциите веќе работат на расчистување на настанот и дека, по завршување на сите проверки и контроли, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе продолжи. Според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за редовна процедура со цел обезбедување транспарентност и законитост во користењето на европските средства.Од владејачката партија истакнуваат дека актуелната влада има јасна определба за борба против криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност, без оглед на функцијата или политичката припадност.Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ги оцени наводите на СДСМ како обид за собирање политички поени и нагласи дека, според нив, опозицијата ја користи темата ИПАРД за политички напади, додека институциите, како што велат, постапуваат во рамки на своите законски надлежности.

Македонија | пред 2 месеци

ipard-1140x401-1

ЕУ ја блокирала ИПАРД 3, програмата вредна 130 милиони евра – СДСМ обвинува за корупција во врвот на власта

Европската Унија ја суспендирала исплатата на средства од ИПАРД 3 програмата, а од опозицискиот СДСМ тврдат дека причината за ваквата одлука е корупција и злоупотреба на европски пари од страна на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Според соопштението на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Европската комисија ја донела одлуката за суспензија на програмата поради сомнежи за неправилности во работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од партијата посочуваат дека директорот на Агенцијата, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бил уапсен поради сомнежи за злоупотреба на средства.Од СДСМ обвинуваат дека власта повеќе од десет дена не ја информира јавноста за одлуката на Европска комисија, додавајќи дека, според нив, станува збор за сериозен удар врз земјоделството и агробизнис секторот. Тие предупредуваат дека земјоделците и компаниите кои планирале или веќе започнале инвестиции преку ИПАРД 3 може да останат без финансиска поддршка.Опозициската партија наведува дека програмата, вредна околу 130 милиони евра, не треба да се гледа како изолиран случај, туку како дел од, како што велат, поширок модел на коруптивно однесување. Во соопштението се споменуваат и јавни набавки и тендери за кои, според СДСМ, постојат сомнежи за фаворизирање на одредени фирми.СДСМ исто така ги отфрла претходните обвинувања насочени кон поранешни функционери и тврди дека тие служеле за дефокусирање од актуелните случувања поврзани со ИПАРД програмата.Од партијата бараат брза, темелна и транспарентна истрага и одговорност од сите инволвирани во случајот, нагласувајќи дека јавноста мора да добие целосна слика за причините поради кои е доведена во прашање европската финансиска поддршка за земјоделството.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања