Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

Пентагон демантира: „Авраам Линколн“ е оперативен, тврдењата на иранската Револуционерна гарда – „рециклирани лаги“

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека ударната група на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ продолжува да дејствува во регионот и ги оцени како невистинити тврдењата на иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) дека бродот бил „онеспособен“.Во реакција објавена на платформата Икс, од CENTCOM наведуваат дека станува збор за повторување на претходни, веќе пласирани тврдења, оценувајќи дека IRGC „рециклира лаги“ и дека со новите наводи си противречи со други сопствени изјави.Според американската страна, ударната група на „USS Abraham Lincoln“ останува ангажирана во актуелното распоредување, во време кога Вашингтон го засилува военото присуство на Блискиот Исток поради ескалацијата на регионалните тензии.Покрај „Линколн“, во поширокиот регион дејствува и носачот на авиони „Џералд Форд“, а американските медиуми известуваат и за испраќање дополнителни сили во Персискиот Залив.Во таа рамка се споменува и можноста за пристигнување на амфибиска група со неколку илјади маринци и морнари, како и приклучување на амфибискиот јуришен брод „Tripoli“ кон веќе распоредениот контингент.

Свет | пред 1 ден

media-libraryfmd4ajghjhm8fkM0vXR

Трамп: Иран сака договор, но Вашингтон „сѐ уште не е подготвен“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сака да постигне договор со САД, но дека Вашингтон во овој момент не е подготвен да прифати спогодба. Изјавата ја даде во телефонско интервју за американска телевизија, нагласувајќи дека условите што се на маса, според него, „сѐ уште не се доволно добри“.Трамп одби да навлезе во детали за тоа што точно би значело „доволно добри“ услови, но посочи дека една од клучните точки во евентуален договор би била јасна обврска на Иран да се откаже од какви било нуклеарни амбиции. Со тоа тој ја зацврсти позицијата дека без конкретни гаранции околу нуклеарната програма не може да има напредок во разговорите.Во истиот разговор, Трамп наведе и дека неколку држави се обврзале да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец – една од најважните поморски артерии за глобалната трговија со енергенси – но одби да ги именува земјите што би учествувале во таква коалиција.Реториката дополнително се заостри со неговата изјава дека САД „целосно го уништиле“ островот Харк, кој важи за клучна точка за извоз на иранска нафта. Трамп додаде дека целта би можеле повторно да ја погодат уште неколку пати, што во јавноста предизвика нови реакции и дополнителни тензии во веќе чувствителниот регионален контекст.Изјавите доаѓаат во период на засилени регионални тензии и растечки стравувања дека секое ново заострување околу Ормускиот Теснец може да има директни последици врз енергетските пазари и безбедноста на поморските рути. Во вакви околности, сигналите дека Техеран бара договор, а Вашингтон го одложува, ја отвораат дилемата дали следи дипломатска пауза или нова фаза на притисоци.

Свет | пред 1 ден

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Иран ја погоди „Ахиловата пета“ на светската економија: Ормутскиот теснец во центарот на кризата

Иран, според аналитичарите, ја пронашол „Ахиловата пета“ на глобалната економија – Ормутскиот теснец, клучниот поморски коридор низ кој минува значителен дел од светската трговија со нафта.Командантот на иранската Револуционерна гарда, Хусеин Салами, изјави дека низ теснецот „нема да помине ни литар нафта“ додека Техеран не одлучи поинаку, што се толкува како директна закана за глобалното снабдување со енергија.Судирот меѓу Иран, САД и Израел од самиот почеток има и силна енергетска димензија. Веднаш по почетокот на американско-израелските напади, Револуционерната гарда преку радио ги предупредила сите бродови дека преминот низ теснецот не е безбеден.Иако Иран формално не го затворил теснецот, ефектот бил речиси ист. Наместо со воена флота или морски мини, Техеран го постигнал тоа со евтини беспилотни летала – дронови.Аналитичарката Хелима Крофт од инвестициската банка RBC Capital Markets објаснува дека присуството на неколку дронови во близина на теснецот било доволно осигурителните компании да ги повлечат полисите за бродови.„Тоа беше затворање предизвикано од осигурителите. Кога тие ги повлекоа полисите, економската логика за пловење низ теснецот едноставно исчезна“, вели Крофт.Податоците за бродскиот сообраќај покажуваат дека прометот низ теснецот паднал за околу 70 проценти во првите денови од кризата, а потоа речиси целосно запрел. Наместо вообичаените околу 138 бродови дневно, во првите девет дена од март низ теснецот поминале само 39.Последиците веднаш се почувствувале на глобалните пазари. Цената на нафтата се искачи на речиси 120 долари за барел, а аналитичарите предупредуваат дека светот се соочува со најголемата енергетска криза од нафтениот ембарго во 1970-тите.Покрај нафтата, глобалното снабдување со течен природен гас паднало за околу 20 проценти, што ги натерало азиските економии да се натпреваруваат со Европа за достапни количини.Како одговор на кризата, Меѓународната агенција за енергија (IEA) најави координирано пуштање на 400 милиони барели нафта од стратешките резерви на 32 земји членки.Сепак, експертите предупредуваат дека тоа може да биде само привремено решение. Враќањето на стабилноста на пазарот, велат тие, ќе зависи од повторното отворање на Ормутскиот теснец и нормализирањето на поморскиот сообраќај.

Свет | пред 2 дена

izrael-napadnat

Иран тврди дека со Хезболах извршил ракетен напад врз Израел

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека во координација со либанската вооружена група Хезболах извршила ракетни напади врз Израел.Според соопштението на военото крило на гардата, во нападите учествувале иранската морнарица и единици со беспилотни летала, во соработка со Хезболах, со кој Иран е сојузник.Информацијата ја објави иранската државна новинска агенција Тасним.По нападите се огласиле сирени за тревога во Тел Авив, во централниот дел на Израел, како и на подрачјето на окупираниот Западен Брег.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета предизвикана од нападите.

Свет | пред 3 дена

media-library1962sadu8gbl32A2EXX

Аналитичар: Трамп веројатно нема да испрати копнени сили во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најверојатно нема да испрати американски копнени сили во Иран, бидејќи ја има предвид лекцијата од инвазијата врз Ирак во 2003 година, смета Пол Масгрејв од Универзитетот „Џорџтаун“ во Катар.Во изјава за „Ал Џезира“, Масгрејв оценил дека војната во Ирак била лошо темпирана и завршила со сериозни последици за САД, додека Иран претставува значително поголема и покомплексна цел.Тој додаде дека со оглед на тоа што иранските одговори веќе почнуваат да влијаат врз глобалната економија, важно е САД да најдат начин за излез од конфликтот. Сепак, според него, останува нејасно дали Вашингтон е подготвен за таков дипломатски чекор.Масгрејв оцени дека, и покрај проблематичниот почеток на војната, внимателна дипломатија и управување со кризата би можеле да доведат до решение, но изрази сомнеж дека таков пристап ќе биде применет од администрацијата на Трамп.

Свет | пред 5 дена

media-libraryuticfkoagm3t24zQhbr

Трагична грешка во војната: Томахавк погодил училиште во Иран каде загинаа деца

Американска воена истрага утврдила дека САД се одговорни за смртоносниот ракетен напад врз основно училиште во Иран, пренесува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со прелиминарните наоди. Нападот со ракета „томахавк“ на 28 февруари се случил поради грешка во целењето, откако американската војска користела застарени податоци од Одбранбената разузнавачка агенција.Во нападот врз училиштето „Шајара Тајебех“ во градот Минаб, според ирански извори, загинале најмалку 175 лица, меѓу кои најголем дел деца. Проектилот бил насочен кон блиска воена база на иранската Револуционерна гарда, а училиштето некогаш било дел од тој воен комплекс.Прелиминарните наоди покажуваат дека координатите за целта биле одредени врз основа на застарени информации. Истражителите сè уште проверуваат зошто тие податоци не биле навреме ажурирани и потврдени.Нападот веќе предизвика силни реакции и фрли сенка врз американската воена операција во Иран, бидејќи станува збор за еден од најтешките воени инциденти со цивилни жртви во последните децении.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја обвинил иранската страна за нападот, но подоцна изјавил дека не располага со доволно информации и дека ќе ги прифати резултатите од истрагата.Според анализата на „Њујорк тајмс“, училиштето во Минаб се наоѓа во ист блок со објекти на иранската морнарица, но од воениот комплекс било физички одвоено меѓу 2013 и 2016 година. Сателитските снимки покажуваат дека биле отстранети стражарските кули, отворени јавни влезови и уредени училишни игралишта.Истражителите проверуваат и дали во процесот на избор на целите имало улога вештачката интелигенција, но засега се смета дека станува збор за човечка грешка во услови на воена операција.Случајот потсетува на бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград во 1999 година, кога поради застарени карти и погрешни координати во напад на НАТО загинаа тројца кинески државјани.

Свет | пред 5 дена

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран: Тврдењата дека сме планирале напад врз САД се „целосна лага“

Иран ги отфрли тврдењата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Техеран планирал превентивен напад врз Соединетите Американски Држави или нивните воени сили.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека таквите обвинувања се „целосна и чиста лага“.Во објава на социјалната мрежа Икс, Арагчи се осврна и на називот на американската воена операција, наречена „Операција Епски гнев“.„Единствената цел на таа лага е да се оправда операцијата која всушност е епска грешка – авантура што ја осмисли Израел, а ја платија обичните Американци“, напиша шефот на иранската дипломатија.Изјавата доаѓа во време на засилени тензии меѓу САД, Израел и Иран по воените операции во регионот.

Свет | пред 6 дена

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иран уапси 30 лица осомничени за шпионажа за САД и Израел

Иранското Министерство за разузнавање соопшти дека во последните денови се уапсени 30 лица осомничени за шпионажа, соработка или дејствување во корист на САД и Израел.Во соопштението, пренесено од новинската агенција Тасним, се наведува дека меѓу уапсените има и еден странски државјанин кој наводно пренесувал чувствителни безбедносни информации на две држави од Персискиот Залив, кои потоа тие податоци ги споделувале со САД и Израел.Според иранските власти, уште 19 лица делувале како „теренски и медиумски оперативци“ поврзани со антивладини групи и контакти со Израел.Од Министерството тврдат дека операцијата е дел од поширока акција насочена кон спречување на разузнавачки активности и соработка со странски служби во услови на зголемени тензии во регионот.

Свет | пред 6 дена

media-libraryk3iam2fdpkv27JExCav

Расте бројот на жртви: најмногу загинати во Иран и Либан

Повеќе од илјада луѓе загинале ширум Блискиот Исток од почетокот на воените напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран на 28 февруари, а конфликтот брзо се проширил и во други држави од регионот, покажуваат податоци што ги објави агенцијата Ројтерс.Според извештаите на државните институции до 10 март, најголем број жртви има во Иран и Либан, додека жртви се регистрирани и во Ирак, Сирија, како и во неколку земји од Персискиот Залив каде се наоѓаат американски воени бази. Агенцијата наведува дека податоците не се независно проверени.Во Иран, според државните медиуми, загинале најмалку 1270 лица. Само во еден израелски напад врз станбена населба во Техеран во понеделникот загинале 40 луѓе. Не е јасно дали во вкупната бројка се вклучени и загинати припадници на Корпусот на чуварите на Исламската револуција.Иранската војска соопшти дека најмалку 104 лица загинале кога американска подморница минатата недела потопила ирански воен брод во близина на брегот на Шри Ланка. Овие жртви не се вклучени во бројките што ги објавил Иранскиот Црвен полумесец.Во израелските напади врз Либан загинале најмалку 486 луѓе, според податоците на либанското Министерство за здравство.Во Ирак загинале најмалку 15 лица, меѓу кои и командант на таканаречениот Исламски отпор во Ирак, кој бил убиен во воздушен напад врз неговото возило на 5 март, соопштиле полициски извори за Ројтерс.Израелската војска соопшти дека двајца израелски војници загинале во јужен Либан, што се први жртви во редовите на израелската армија откако непријателствата со Хезболах повторно ескалираа минатата недела. Во ирански ракетен напад врз градот Беит Шемеш во близина на Ерусалим на 1 март загинале 11 цивили, соопшти израелската служба за итна помош Маген Давид Адом.Американската војска соопшти дека седум нејзини припадници загинале во операциите против Иран.Жртви има и во неколку земји од Персискиот Залив. Во Обединетите Арапски Емирати, според Министерството за одбрана на таа земја, загинале шест лица во ирански напади. Во Саудиска Арабија две лица загинале кога проектил погодил станбена област во градот Ал Харџ, југоисточно од главниот град Ријад, каде се наоѓа воздухопловната база Принц Султан.Во Бахреин загинале две лица во два одвоени ирански напади, од кои последниот погодил станбена зграда во главниот град Манама, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во Кувајт загинале две лица, меѓу кои и едно дете, а според властите на земјата загинале и двајца припадници на Министерството за внатрешни работи и двајца војници додека биле на должност.Една жртва е регистрирана и во Оман, каде човек загинал откако проектил погодил танкер за превоз на нафтени деривати во близина на брегот на Мускат.

Свет | пред 6 дена

873x400-1-16

Енергетски шок: Цената на нафтата скокна над 100 долари, се стравува од нов бран инфлација

Цената на суровата нафта надмина 100 долари за барел за првпат во последните четири години, откако војната со Иран сериозно го наруши глобалното снабдување со енергенси.Според светските медиуми, цената на нафтата во неделата вечерта ја проби оваа граница, која последен пат беше надмината за време на руската инвазија врз Украина.Пазарите се под силен притисок поради стравувањата дека конфликтот ќе предизвика нов инфлаторен бран, особено поради нарушувањето на транспортот низ Ормускиот теснец, низ кој поминува околу една четвртина од глобалното снабдување со нафта и гас.Американскиот секретар за енергетика Крис Рајт изјави дека прекините во поморскиот сообраќај веројатно ќе траат со недели. Тој посочи дека викендов само еден танкер поминал низ Ормускиот теснец, додека вообичаено низ него дневно минуваат десетици бродови.Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата стана првиот западен лидер кој директно го повика иранскиот претседател да овозможи повторно отворање на поморската рута.Аналитичарите на инвестициската банка „Голдман Сакс“ предупредија дека цената на нафтата може да достигне и околу 150 долари за барел доколку кризата не се смири до крајот на месецот. Во екстремни сценарија, некои трговци со енергенси предупредуваат дека цената би можела да порасне и до 250 долари за барел.Порастот на цените на нафтата веќе создава притисок врз цените на горивата, при што во некои земји постои ризик полнењето на семеен автомобил повторно да надмине 100 фунти, што последен пат се случи по почетокот на војната во Украина.Во меѓувреме, иранските државни медиуми објавија дека за нов врховен лидер на земјата е избран Моџтаба Хамнеи, 56-годишниот син на покојниот ајатолах Али Хамнеи. Изборот на конзервативниот духовник, според анализите, сигнализира подготвеност на Техеран да ја продолжи конфронтацијата со Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

Нефтата поскапува, светот трепери: Војната со Иран може да предизвика глобален инфлаторен шок, предупредуваат економисти

Инфлаторен шок предизвикан од американско-израелските напади врз Иран би можел сериозно да го загрози кревкото закрепнување на светската економија, предупредуваат банкарите и економските аналитичари, пренесува „Гардијан“.Според нив, наглиот раст на цените на нафтата и природниот гас може да доведе до поскапувања на мало во многу земји и да ги принуди економистите да ги ревидираат прогнозите за глобалниот економски раст во текот на годинава.Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, изјави дека зголемување на цените на енергенсите од 10 проценти кое би траело една година може да ја зголеми глобалната инфлација за 40 базични поени и да го намали економскиот раст за 0,1 до 0,2 проценти.„Светската економија се покажа извонредно отпорна. И покрај шоковите, растот и понатаму е околу 3,3 проценти“, изјави Георгиева.Економистите предупредуваат дека поголем проблем од самото поскапување на енергенсите може да биде дестабилизацијата на финансиските пазари, кои и онака се под притисок поради високите вреднувања на акциите во секторот на вештачката интелигенција и влијанието на американските царини.Британскиот економист Џим О’Нил, поранешен главен економист на „Голдман Сакс“, оцени дека конфликтот започнал во момент кога глобалната економија веќе се соочува со сериозни предизвици.„Оваа војна не започна во стабилно глобално опкружување“, изјави О’Нил, предупредувајќи дека геополитичките последици би можеле да доведат до ново прегрупирање на светските сојузи.Посебна загриженост предизвикува можноста за нарушување на испораките на нафта преку Ормускиот теснец, низ кој поминува околу 20 проценти од глобалното снабдување со нафта. Според анализите на „Блумберг економикс“, пад на понудата од само еден процент може да ја зголеми цената на нафтата за околу четири проценти.Тоа значи дека евентуално затворање на теснецот на неколку месеци би можело да ја зголеми цената на нафтата за околу 80 проценти, на приближно 108 долари за барел.Економските аналитичари предупредуваат дека Европа и Велика Британија би можеле да бидат особено погодени поради зависноста од увоз на енергенси. Според проценките на „Оксфорд економикс“, инфлацијата во еврозоната и во Велика Британија до крајот на годината може да биде за 0,5 до 0,6 процентни поени повисока од претходните прогнози.Истовремено, растот на цените на горивата веќе се чувствува во САД, каде што бензинот на бензинските пумпи во просек поскапел за 15 центи по галон во последните денови.Европската централна банка предупреди дека доколку конфликтот на Блискиот Исток се продлабочи и продолжи подолго време, тоа може да доведе до дополнително зголемување на инфлацијата и забавување на економскиот раст во Европа.

Свет | пред 1 седмица

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Иранските државни медиуми тврдат: Мојтаба Хамнеи прогласен за нов врховен водач по смртта на Али Хамнеи

Иранските државни медиуми објавија дека Мојтаба Хамнеи, син на поранешниот врховен водач Али Хамнеи, е именуван за негов наследник и нов врховен водач на Исламската Република.Али Хамнеи загина на самиот почеток на американско-израелските напади врз Иран. Државните медиуми наведуваат дека Мојтаба Хамнеи, 56-годишен клерик, ги преживеал воените удари.Врховниот водач во иранскиот политички систем ја има последната и решавачка улога во клучните државни прашања, вклучително и стратегиските безбедносни и надворешнополитички одлуки. За изборот на наследник, како што се наведува, одлучувал Советот на експерти — тело со 88 членови — по смртта на Али Хамнеи.Во периодот по неговата погибија, било формирано привремено тричлено државно водство, составено од претседателот Масуд Пезешкијан, претседателот на правосудството Голамхосеин Мохсени Еџеи и клерикот Алиреза Арафи, кој воедно се посочува како челник на паравоената организација Басиж.Државните медиуми нагласуваат дека Али Хамнеи во јавноста никогаш официјално не го именувал својот наследник, што го прави денешното соопштение особено чувствително и потенцијално пресудно за натамошната стабилност на иранскиот политички поредок во услови на воен притисок и регионална ескалација.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryenah8pifcung8SUS8Ot

Трамп, Иран и Европа: војната ја враќа старата лекција дека сојузниците не се „опција“

По една година во која ја градел реториката врз притисок, закани и потценување на европските лидери, американскиот претседател Доналд Трамп, според напис на „Политико“, сега се соочува со непријатна вистина: во војна против Иран, Европа не е спореден актер, туку клучна алка – особено кога станува збор за бази, логистика и воена инфраструктура.Според текстот, првите денови од американско-израелската операција би биле „значително полесни“ доколку Лондон дозволел американските бомбардери да полетуваат од воздухопловни бази на територијата на Обединетото Кралство. Трамп, како што се наведува, јавно изразил незадоволство што британскиот премиер Кир Стармер одобрил само активности кои се квалификуваат како „одбранбени“ операции од објектите на Кралските воздухопловни сили.Слична линија, се додава, повлекол и шпанскиот премиер Педро Санчес, кој ја осудил операцијата на Блискиот Исток како кршење на законот и одбил да дозволи користење аеродроми под шпанска контрола за полетување на американски авиони. Во написот се наведува дека тоа предизвикало гнев во Вашингтон, а Трамп дополнително ја нападнал шпанската влада, опишувајќи ја како „непријателска“ и најавувајќи можни последици по трговските односи.Францускиот претседател Емануел Макрон, според „Политико“, предупредил дека војната е опасна, дека не е усогласена со меѓународното право и дека не може да добие поддршка. Таквиот фронт на воздржаност во Европа, се оценува, носи ризик од продлабочување на трансатлантскиот раздор и потсетува на траумата од 2003 година, кога војната во Ирак со години го нагризуваше довербата меѓу САД и дел од европските сојузници.Во исто време, Белата куќа, според написот, очекува европските сојузници да „соработуваат“ во мисијата, со образложение дека и Европа е директно изложена на заканата од Иран. Сепак, шпанската влада веднаш демантирала тврдења дека Мадрид се согласил на соработка, што дополнително ја нагласува тензијата и различните интерпретации на „поддршката“.Текстот наведува и дека не сите европски влади се подеднакво далеку од Вашингтон. Германија, на пример, била пофалена затоа што базата Рамштајн била ставена на располагање на американските сили, што во американската администрација се чита како доказ дека практичните, воено-логистички капацитети често се поважни од политичките симпатии.Во написот се појавува и оценка дека Вашингтон почнува повторно да ја учи лекцијата за границите на моќта без сојузници. Се наведува дека врвот на американската воена хиерархија предупредувал дека конфликтот со Иран носи поголеми ризици ако не постои поддршка од клучни партнери, додека европските влади, паралелно, распоредуваат сопствени капацитети кон регионот за да ги заштитат сопствените интереси – но со свест дека дури и „одбранбените“ мисии можат лесно да бидат вовлечени во ескалација.Заклучокот што провејува низ анализата е јасен: Европа се обидува да постави црвени линии за користење на својата територија и инфраструктура, а администрацијата во Вашингтон, соочена со оперативните потреби на фронтот, мора да признаe дека трансатлантската поддршка не се подразбира – и дека не се добива со ултиматуми.

Свет | пред 1 седмица

izbori-britanija

Иран му се закани на Лондон: Бидете многу внимателни со вклучување во војната

Иранскиот амбасадор во Лондон, Сејед Али Мусави, ја предупреди Велика Британија да биде „многу внимателна“ со евентуално подлабоко вклучување во војната, истакнувајќи дека Техеран ќе има право на самоодбрана доколку британските сили директно се приклучат на американско-израелските напади.Во интервју за Би-Би-Си, Мусави изјави дека Иран очекува британската влада, како и другите западни влади, да постапуваат „многу внимателно и претпазливо“ во сегашната ескалација на конфликтот.Велика Британија им дозволи на Соединетите Американски Држави да користат британски воени бази за, како што велат британските министри, одбранбени удари врз ирански цели, но официјално не се приклучи директно на нападите. Иранскиот амбасадор оцени дека е „добро“ што Лондон не е директно вклучен во конфликтот, додавајќи дека британската влада, според него, извлекла поука од инвазијата врз Ирак во 2003 година.Сепак, Мусави нагласи дека секоја база што ќе се користи за напади врз Иран ќе се смета за легитимна цел.„Доколку објекти, имот или бази се користат против иранскиот народ, тие ќе се сметаат за легитимни цели“, изјави тој.На прашањето дали Иран ќе ги прекине нападите врз воени бази надвор од Израел, Мусави одговори дека тоа ќе зависи од потезите на САД и Израел.„Ако агресијата продолжи, нема сомнеж дека ќе се браниме. Ако тие сакаат да ги користат тие воени бази, иако ние тоа не го сакаме, нема сомнеж дека ќе се браниме во согласност со тоа“, рече иранскиот амбасадор.Конфликтот влезе во втората недела откако САД и Израел извршија напади врз цели во Иран, по што Техеран возврати со удари на повеќе локации во регионот, меѓу кои и во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Бахреин, Оман и Ирак, како и во близина на британска воздушна база на Кипар. И покрај извинувањето што иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го упати до соседните земји во Персискиот Залив, иранските власти најавуваат дека нападите врз американските воени бази ќе продолжат сè додека траат нападите врз Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Иранските државни медиуми: Постигнат „поголемински консензус“ за нов врховен водач

Иранските државни медиуми објавија дека е постигнат договор околу изборот на нов врховен водач на земјата, по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.Изборот на врховниот водач формално е во надлежност на т.н. Совет на експерти – тело составено од 88 исламски ученици, избрани поради лојалност кон режимот. Еден од членовите на Советот, ајатолахот Мохамадмехди Мирбагери, изјавил дека „повеќе или помалку“ е постигнато мнозинско усогласување, но посочил дека сè уште треба да се надминат „неколку пречки“ поврзани со самата постапка.Како можна точка на несогласување се наведува прашањето дали конечната одлука мора да биде донесена на лична седница или може да се објави и без тој формален чекор. Иранските медиуми сугерираат дека токму ваквите процедурални дилеми ја одложуваат јавната потврда на името на новиот врховен водач, иако, според нив, политичкиот консензус веќе е во голема мера оформен.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања