„Делови од ракета ни падна на куќа, веднаш ја однесовме во болница“: Татко на 7-годишно девојче кое беше тешко рането за време на иранскиот напад врз Израел
Мохамад, татко на 7-годишно девојче кое беше тешко рането кога Иран пресретна проектил истрелан врз Израел минатата ноќ, изјави дека врз нивната куќа паднале остатоци од ракетата.„Падна врз нашата куќа околу два часот по полноќ. Таа спиеше во куќата и веднаш ја однесовме во болницата Сорока во Бершеба“, рече тој.Седумгодишно девојче е рането од шрапнел (делови по експлодирањето на артилериска граната) откако била пресретната балистичка ракета. Девојчето живее во бедуински град во близина на Арад
Свет | пред 2 години