Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ИЗБОРИ 2024

kovacevski-koalicija-sdsm

СДСМ: Демократски изборен ден во фер и демократска атмосфера

,,Денеска имавме навистина демократски изборен ден.Гласањето се одвиваше во фер и демократска атмосфера.Граѓаните својата волја ја изразија слободно и достоинствено, како што доликува на една демократска земја, членка на НАТО со почнати преговори за членство во ЕУ.Констатирани се само неколку многу мали прекршувања на изборниот процес кои ги сметаме за исклучоци.Благодарност до сите граѓани коишто денеска излегоа и го дадоа својот глас.Правото на слободно одлучување и слободен глас е највредната

Македонија | пред 2 години

IMG_3588

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и враќањето на Македонија повторно на народот

,,Дозволете на почетокот на оваа прес конференција најпрво да му честитам на македонскиот народ, на граѓаните на Република Македонија за високата демократска свест манифестирана преку голема излезност. Со тоа народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува правецот во кој треба да се развива нашата татковина, онаква каква што сакаме да ја видиме напредна земја со европски стандарди во правото, здравството, образованието, земјоделие

Македонија | пред 2 години

dazferi

Џафери: Гласот на граѓаните ќе го потврди европскиот пат на државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, утрово во родното Форино го оствари своето гласачко право на денешните претседателски избори.Во изјавата дадена за медиумите по гласањето, премиерот Џафери посака мирен изборен ден во кој граѓаните ќе ја искажат својата сопствена волја, а должност на државните институции е тоа да го овозможат.Премиерот порача дека, овие избори се од голема важност бидејќи од нив зависи во кој правец ќе се движи државата.„Во овие три децении

Македонија | пред 2 години

FotoJet-41

Излезеноста до 18 часот 47,61 процент

До 18 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 1200 избирачки места. Од вкупно запишани 612.850 гласачи на овие избирачки места, гласале 291 777 односно 47,61%.Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголемаизлезенот е забележана во Новаци со 71,07% додека најмала е излезеноста во Шуто Оризари, 22,06%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.До овој момент до ДИК се доставени вкупно 345 приговори за заштит

Македонија | пред 2 години

FotoJet-41

Излезеноста до 15 часот е 35,89 проценти

До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 2110 избирачки места. Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места, гласале 392 066 односно 35,89 %.Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезенот е забележана во Новаци со 57,69% додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заш

Македонија | пред 2 години

IMG_3587-1

Ковачевски: Граѓаните заслужуваат европска иднина, очекувам и да ја поддржат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска го оствари своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори.Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека денеска е првиот чекор кон определување на правецот кон кој ќе се движи државата.„Денес е голем ден, прв круг претседателски избори. Очекувам граѓаните да го искористат, во голем дел, своето гласачко право. Ние во изминатите 7 години ја вративме заедно со граѓаните демократијата во држават

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Изјава на помошникот министер за односи со јавност Тони Ангеловски

Во текот на денешното гласање, покрај настаните кои беа соопштени на прес конференцијата на помошникот министер за односи со јавност Тони Ангеловски, од страна на МВР регистрирани се и следните настани:Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број

Македонија | пред 2 години

drzavna-izborna-komisija-izbori

Излезноста до 13 часот е 24,92 проценти

Државната изборна комисија соопшти дека одзивот на гласачите до 13 часот, на првиот круг од претседателските избори изнесува 24,92 отсто.Најголем одзив е забележан во општината Новаци (42,87) отсто, а најмал во општината Врапчиште (10,18) проценти.Гласањето се одвива мирно на сите гласачки места.Досега до ДИК се доставени 140 приговори, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е дозволено гласање, 8 се отфрлени, а 9 се одбиени. Останатите приговори се во обработка.Овие избори ги надгледуваат 950

Македонија | пред 2 години

IMG_3583

ОБСЕ/ОДИХР, со 200 набљудувачи ги следат изборите, првични наоди најавија за утре

Околу 200 набљудувачи на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР се распоредени на избирачките места во целата држава. Тие внимателно го мониторираат текот на гласањето на денешниот прв круг од седмите претседателски избори.Ова денеска го изјави Џилијан Стирк, шефица на меѓународната мисија за набљудување на изборите.Тие и досега ја оценуваа законската рамка, работата на изборната администрација, финансирањето на кампањата и улогата и однесувањето на медиумите.,, Ова утро имав можност да посетам две избирачки ме

Македонија | пред 2 години

pendarovski-1

Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ, не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател на Стево Пендаровски денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори 2024 годинаВо изјава за медиумите Пендаровски истакна дека очекува мирен изборен процес, не само денеска, туку и на 8 мај кога ќе се одржат вториот круг на претседателските и парламентарните избори.„Тоа е исклучително важно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите кои сме на овие претседателски избори, тоа е исклучително важно за целата држава, за Македонија, бидејќи др

Македонија | пред 2 години

medziti

Изет Меџити го реализираше правото на глас

Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, го оствари правото на глас за претседателските избори 2024 година. Тој во оваа прилика ја пренесе пораката дека демократија значи ПРОМЕНА преку ГЛАС. А промената е во бројот 6.„Денеска е убаво и сончево време. Ова убаво време не повикува да гласаме за позитивниот човек, некорумпираниот доктор, Арбен Таравари. Демократија значи ПРОМЕНА преку ГЛАС. А промената е во бројот 6”, рече Меџити.

Медиасет | пред 2 години

IMG_3575

Митрески: Очекувам масовен одзив од граѓаните, од нивниот избор зависи иднината на државата

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, денеска, во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, го искористи своето избирачко право и гласаше во првиот круг за избор на претседател на државата.„Верувам дека изборниот ден денеска ќе помине во најдобар ред како што доликува на една демократска држава. Изминатите изборни циклуси покажавме дека како држава имаме капацитет да организираме фер и демократски избори, според европски стандарди и правила“, нагласи претседателот

Македонија | пред 2 години

IMG_3576

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

,,Добар ден на сите, благодарам на интересот. Денеска е посебен ден, денеска е убав ден, сончев ден, ден кога треба граѓаните да излезат и да гласаат. Ден кога сета сила е во рацете на граѓаните.Оние малкумина 100-тина души кои што изминатиот период одлучуваа за судбината на граѓаните сега се безгласна буква.Денеска граѓаните се тие кои што одлучуваат за иднината на своите семејства, иднината на Македонија, иднината на своите деца.И затоа мојата порака денеска од овде е да се излезе, да се гласа

Македонија | пред 2 години

IMG_3574

Битиќи до граѓаните: Вашиот глас е силата на нашата демократија

„Периодов имавте шанса да ги видите кандидатите за претседател на нашата држава. Денес е важно вашиот избор и вашата одлука да ја пренесете на гласачкото ливче - во вашиот глас е силата на нашата демократија. Затоа, сите излезете и гласајте“, упати апел до граѓаните Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, кој даде изјава за медиуми по гласањето на претседателските избори на избирачко место во општина Бутел, Скопје.Тој в

Македонија | пред 2 години

Capture-1

Стојаноска: Време е за претседател кој што ќе не спаси од мафијата и криминалците

,,Штотуку го искористив моето граѓанско право и гласав за идниот претседател на Република Македонија.Претседател кој што ќе не спаси од мафијата и криминалците и кој што конечно во државава ќе воведе право, правда, дисциплина и ред.Да ни е жива Република Македонија.", изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-11-2680PM

Амбасадата на САД го набљудува процесот на гласање, на граѓаните им посакува среќен изборен ден

Амбасадата на САД во Македонија, се огласи на социјалните медиуми за изборниот ден.Нивни тимови се ширум земјата и го следат процесот за избор на нов претседател.„Тимовите на Амбасадата денеска се ширум земјата и го набљудуваат процесот на гласање. На граѓаните им посакуваме среќен изборен ден и ги охрабруваме сите да го искористат своето демократско право на глас“, стои во објавата на Амбасадата на САД.

Македонија | пред 2 години

IMG_3573

Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица го оствари своето право на глас

,,Еве ме на 60 годишнината на моето основно училиште „Јан Амос Коменски“, каде прв пат зачекорив во школските клупи. Денес зачекорив да го дадам гласот за себе, се разбира. Ова е малку необична ситуација затоа што ние на Универзитет кога сме подложени на избор излегуваме надвор од просторијата и коректно е да не гласаме за себе. Меѓутоа ова е друг тип на битка, ова е политичка битка, во која всушност со чинот на гласање ја изразувам сопстевната убеденост во тоа што го говорам, во тоа што го пону

Македонија | пред 2 години

IMG_3572

Бојмацалиев: Изборниот процес тече во најдобар ред и досега не се регистрирани посериозни нарушувања

Денеска, (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев го оствари своето демократско право на глас во Куманово.„Штотуку го остварив моето демократско право на глас, овде во ООУ „Крсте Мисирков“ во моето родно Куманово, а од информациите што од терен пристигнуваат во Оперативниот штаб формиран во МВР во врска со ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024“, изборниот процес тече во најдобар ред и досега не се регистрирани посериозни нарушувања.Како што зна

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

СВР Охрид го приведе лицето А. И. (48) затоа што, спротивно на законот, го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Македонија | пред 2 години

IMG_3578

ОЈО Делчево испитува можем изборен поткуп, дали бесплатно се ставани водомери

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија до овој момент поминува мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес.Од настаните кои се пријавени, во текот на вчерашниот ден во ОЈО Делчево заведен е предмет по побарани наредби од МВР за вршење увид во службена документација во ЈКП Делчево и Македонска Каменица поради сомненија за кривично дело – Потку

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

До 9 часот гласале над 20 илјади граѓани

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во своето прво обраќање информира дека гласањето утринава се одвива непречено, се гласа на 1.480 гласачки места во 80 општини, а право на глас имаат вкупно 1.814.317 граѓани.Од нив до 9 часот гласале 25.744 гласачи, па според тоа излезноста на првиот круг претседателски избори до овој пресек е 3,85% .Даштевски рече и дека до сега до нив стигнале 12 приговори за заштита на личното избирачко право, односно од лица кои не можеле да се пронајдат во избирач

Македонија | пред 2 години

izbori

Во Скопје се забележани испишани графити, пронајдена и испукана димна бомба, известуваат од МВР

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.„Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Во 09.30 часот на избирачко место 2274 во Штип Г.Ј. го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-04-24-at-10.55.02

Следете излезност во живо и проверете како котираат градовите и општините

Преку алатката на Државната изборна комисија, во живо можат да се следат резултатите во однос на излезноста. Според последните информации, до 9 часот правото на глас го искористиле 70.846 гласачи, од вкупно 1.814.317 избирачи.Следете во живо:

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-04-24-at-10.51.27

Овие избори не се обични избори, рече Османи

Кандидатот за претседател Бујар Османи при неговото гласање, кажа дека очекува изборите да бидат слободни, фер и демократски.„Овие избори не се обични избори, туку се одлучувачки избори по однос на иднината на државата. Граѓаните се исправени пред две опции - изолација или интеграција, очекувам да ја донесат правата одлука“, кажа Османи.

Македонија | пред 2 години

FotoJet-41

Упатство на ДИК за гласање

Државната изборна комисија изготви Упатство со правила за гласањето. Упатството е објавено на нивната ВЕБ страна.18 правила за гласање:1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП каде е определено дека може да се гласа.2. По доаѓањето на избирачкото место на граѓанинот најнапред му се проверуваат документите за лична идентификација, и тој се потпишува во изводот од Избирачкиот список. Потоа член на избирачкиот одбор му издава гласачко ливче на кое на п

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања