„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

израел

Нема фотографија

Нападите не престануваат: Повеќе од 60 луѓе се убиени во Газа

Од саботата наутро, 66 лица се убиени во израелските напади во Појасот Газа, вклучително и жртви на нападот на кампот за раселени лица во Деир ел Балах.Ова утрово го објави палестинската новинска агенција Вафа.Три лица загинаа синоќа кога израелски авиони бомбардираа станбена зграда во Деир ал Балах, во централниот дел на Газа, јави катарската телевизија Ал Џезира.Околу седум Палестинци загинаа во израелски напад во близина на Рафах. Израел во последните денови изврши серија воздушни напади врз централните области на Појасот Газа, како и врз јужните градови на палестинската енклава - Рафа и Кан Јунис.Израел најавува и копнена инвазија на Рафах, а меѓународните хуманитарни организации и некои светски претставници наведуваат дека тоа дополнително ќе ја искомплицира многу лошата хуманитарна ситуација за палестинските цивили.

Свет | пред 1 година

3274cb9f-4d50-4209-a502-5f263a9c5d66

Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои 6 деца

Единаесет лица, меѓу кои шест деца, беа убиени вчера во израелски напади врз села низ јужен Либан, известија директорот на тамошната болница и три либански безбедносни извори, додека пак, Израел соопшти дека одговорил на ракетен напад на Хезболах во кој загина еден од неговите војници.Хезболах и израелската војска разменуваат оган долж израелско-либанската граница повеќе од четири месеци, откако либанската вооружена група лансираше ракети преку спорната граница како поддршка на својот палестински сојузник Хамас.Една жена и нејзините две деца се убиени во израелски напад врз селото Ал Савана, соопштија два безбедносни извори. Во нападот на зградата во Набатие загинаа и четири деца, три жени и еден маж. Седум лица се ранети, изјави Вазни за Ројтерс.Четворица борци на Хезболах биле убиени во одвоени напади, според групата и безбедносни извори. Хезболах не објави никакви операции во средата. Шефот на неговиот извршен совет рече дека израелските напади врз Либан „не можат да останат без одговор“.Портпаролот на израелската влада изјави за новинарите дека вчераутро во ракетниот напад од Либан загинал израелски војник, а осум други се хоспитализирани. „Како што јасно кажавме постојано, Израел не е заинтересиран за војна на два фронта. Но, ако бидеме испровоцирани, ќе одговориме силно“, рече портпаролката Илана Стајн.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

„Тоа би бил масакр!“: Израел се подготвува да нападне град во кој се кријат повеќе од милион луѓе, итно реагираа ОН

Обединетите нации предупредија дека израелската копнена офанзива во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа, би можела да „доведе до масакр“ во областа, која е дом на повеќе од милион луѓе.Израел претходно објави дека има намера да ги истера милитантите на Хамас од нивните засолништа во Рафах, каде што палестинската милитантна организација држи израелски заложници, пренесува Ројтерс.„Воените операции во Рафах може да доведат до масакр во Појасот Газа и би можеле да го стават последниот клинец во ковчегот на хуманитарната помош која веќе истекува. Ни недостасуваат безбедносни гаранции, средства за помош и кадровски капацитет за да ја одржиме оваа операција. Владата на Израел не може да продолжи да ги игнорира овие повици“, рече шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс.Меѓународната заедница предупреди на опасните последици од секоја израелска копнена инвазија на Рафах.Поради повиците до Израел да се воздржи од планираниот напад на Рафах, разговорите за прекин на огнот во Газа во кои учествуваа Израел, САД, Египет и Катар завршија во Каиро без значителен напредок.„Искрено се надевам дека преку преговори за ослободување на заложниците и некаков вид прекин на непријателствата, ќе се избегне општа израелска офанзива на Рафах. Тоа би имало катастрофални последици“, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на денешната прес-конференција.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Израел истрела ракети околу Дамаск

Израел рано изутринава извршил ракетен напад врз областа околу сириската престолнина Дамаск, објавија од сириска невладина организација и официјалната сириска новинска агенција, кои посочуваат дека има само материјална штета.„Околу 1 часот по полноќ, израелскиот непријател изврши воздушен напад... насочен кон голем број точки во близина на Дамаск. Нашите системи за противвоздушна одбрана пресретнаа некои проектили, додека другите предизвикаа материјална штета“, изјави воен извор за официјалната новинска агенција Сана.Од своја страна, Сириската опсерваторија за човекови права (OSHR), невладина организација со седиште во Британија со голема мрежа на извори во Сирија, објави за израелски напади врз „станбен комплекс“ западно од главниот град Дамаск. Областа околу воениот аеродром во близина на Дамаск беше бомбардирана во петокот, според истите два извори.Израелската војска извршила стотици воздушни напади во Сирија од почетокот на граѓанската војна во соседната земја во 2011 година.Овие напади се зголемија од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа во октомври, главно насочени кон силите поддржани од Иран, сојузник на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад и клучен поддржувач на либанскиот проирански Хезболах.

Свет | пред 1 година

BLINKEN-MUSIC-ABLINKEN

Блинкен побарал приватна средба со началникот на Генералштабот на израелската армија и добил неочекуван одговор од кабинетот на Нетанјаху

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен побара денеска при посетата на Израел приватно да се сретне со началникот на Генералштабот на израелската армија Херц Халеви, но кабинетот на премиерот ја отфрли таа идеја, пишува израелскиот печат.Според соопштението на Стејт департментот, Блинкен треба да се сретне со Халеви во 12:15 часот, еден час по неговата средба со премиерот Бенјамин Нетанјаху.Меѓутоа, според „Израел Хајом“, на ваквото „невообичаено барање дури и од Американците“ од кабинетот на Нетанјаху стигнал следниот одговор: „Средбата ќе се одржи како и обично, во рамките на средбата со премиерот“.За време на претходните посети на Блинкен на Израел од почетокот на конфликтот со Хамас, неговите единствени средби со Халеви биле за време на состаноците со членовите на израелскиот воен кабинет, според The ​​Times of Israel.Весникот оценува дека барањето за средба со Халеви „тет-а-тет“ сугерира дека Блинкен верува дека на тој начин би можел да добие поискрена анализа за моменталната состојба на војната без министрите во просторијата.Како што се истакнува, Блинкен не треба да се сретне со министерот Бени Ганц, ниту со лидерот на опозицијата Јаир Лапид. Средбата на Блинкен со Халеви е една од четирите што Стејт департментот ги планираше за денеска.Како што е наведено, тој ќе се сретне со Нетанјаху во 11:15 часот, потоа со Халеви еден час подоцна, со министерот за одбрана Јоав Галант во 13:30 часот и со претседателот Исак Херцог во 15 часот.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања