ИЗРАЕЛ

gaza44

Нови израелски напади во Газа: над 90 загинати, меѓу нив и деца

Повеќе од 90 Палестинци, меѓу кои најмалку 35 деца, загинаа во израелските напади на Појасот Газа во изминатите 24 часа, иако на сила е спогодба за прекин на огнот, јавуваат палестински медицински извори, пренесува агенцијата Anadolu.Според извештаите, израелската армија убила 31 лице на северот, 42 во централниот дел и 18 на југот на Газа, додека десетици цивили се ранети. Агенцијата Wafa јавува дека меѓу погодените се куќи, шатори што служеле како засолништа за раселените, како и болница во рамките на т.н. „жолта линија“ – зона до која израелските сили се повлекле според спогодбата за примирје.На северот, во Беит Лахија, израелските сили погодиле училиште претворено во засолниште, при што загинале три лица, а неколкумина се ранети. Во избегличкиот камп Шати, гранатирани биле две куќи во населбата Ал-Наср, при што загинале осум лица.Во средата наутро израелски проектил погодил џамија во населбата Сабра, каде се засолнувале раселени лица. Според сведоци, таму загинале најмалку две лица, а десетина се ранети. Во населбата Зајтун, мајка и дете загинале во друг воздушен напад.Во централниот дел на Газа, четири лица биле убиени откако израелски напад погодил шатор во Деир ал-Балах, додека шестмина загинале во бомбардирање на училиште и куќа во кампот Бурејџ.Во кампот Нусејрат петмина биле убиени при напад на повеќе домови, а во друг напад во истиот камп загинале девет лица, меѓу кои четири деца.На југот на Газа, во областа Ал-Маваси кај Кан Јунис, израелски напад погодил шатори во кои биле сместени раселени семејства, при што загинале осум лица, меѓу нив тројца деца.Палестинските здравствени служби предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да расте, бидејќи многу ранети се во критична состојба, а потрагата по исчезнатите под урнатините сè уште трае.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: Ја запрев војната во Газа, Нетанјаху ќе се бореше со години

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично го спречил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја продолжи војната во Газа, тврдејќи дека без неговиот притисок конфликтот би траел со години. Во интервју за магазинот Тајм, Трамп рече дека Нетанјаху бил решен да ја продолжи војната без ограничувања, но тој успеал да го убеди да ја прифати неговата мировна иницијатива. „Тој би продолжил, можело да трае со години, но јас го запрев и сите се обединија кога го направив тоа“, изјави Трамп.Американскиот претседател откри дека го предупредил израелскиот премиер со зборовите: „Биби, не можеш да се бориш против целиот свет. Можеш да водиш одделни битки, но целиот свет е против тебе“. Тој го опиша израелскиот напад врз преговарачи на Хамас во Катар како „ужасен“ и „тактичка грешка“, но додаде дека токму тој инцидент бил еден од клучните моменти што довеле до обединување на страните и до постигнување на прекин на огнот.Трамп нагласи дека неговата администрација успеала да воспостави рамнотежа меѓу дипломатски дијалог и притисок кон блиските сојузници, што, според него, било пресудно за спроведување на неговиот мировен план. Тој исто така потенцира дека американската политика останува јасна во однос на анексијата на Западниот Брег: „Тоа нема да се случи, бидејќи им дадов збор на арапските држави. Израел би ја изгубил целата поддршка на САД доколку се одлучи за тоа“, изјави Трамп.Во меѓувреме, потпретседателот Џеј Ди Венс, кој престојуваше во Израел во обид да го зајакне мировниот процес, остро ги осуди предлозите на израелските десничарски пратеници за анексија на Западниот Брег, нарекувајќи ги „глупав политички трик“ и „навреда“.На изјавите на Трамп реагираше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој порача дека Израел е суверена држава која сама ги носи своите безбедносни одлуки. „Една недела велат дека Израел ги контролира САД, следната дека САД го контролира Израел. Тоа се бесмислици. Имаме партнерство и заеднички вредности и цели“, изјави Нетанјаху.Изјавите на Трамп доаѓаат во чувствителен момент за регионот, во време кога и покрај објавениот прекин на огнот, тензиите меѓу Израел и Хамас сè уште се високи, а меѓународната заедница внимателно ги следи потезите на Вашингтон и Тел Авив.

Свет | пред 3 месеци

netanjahu

Нетанјаху повторно ќе се кандидира за премиер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа најави дека повторно ќе се кандидира за нов мандат на претстојните избори.Во разговор за израелскиот Канал 14, Нетанјаху истакна дека планира да се кандидира за премиер на следните избори.Тој изрази увереност дека ќе победи на парламентарните избори, кои се очекува да се одржат наесен 2026 година.Како лидер на десничарската партија Ликуд („Унија“), Нетанјаху го држи рекордот со најмногу години на чело на израелска влада – вкупно повеќе од 18 години, со прекини, од 1996 година.

Свет | пред 3 месеци

media-librarygegbpg7vphqq04K9qqZ

Ако не ги вратат телата на убиените заложници, Израел ќе дозволи ограничена хуманитарна помош

Хамас во вторникот врати уште четири тела на израелски заложници како дел од мировниот договор постигнат минатата недела, откако Израел се закани дека ќе ја преполови хуманитарната помош за Газа поради наводно прекршување на договорот од страна на милитантната група, јави Ројтерс.Израелската армија соопшти дека добила четири ковчези преку Меѓународниот Црвен крст на договорен пункт во северна Газа. Ковчезите, во придружба на војската, биле пренесени преку границата и се испратени на форензичка идентификација.Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, на Фејсбук напиша дека „моментално се надгледува спроведувањето на договорот за предавање на телата, како дел од мировниот план за прекин на војната во Газа“.Израелските власти соопштија дека поради непочитување на договорот од страна на Хамас, почнувајќи од денеска ќе дозволат само половина од претходно договорените хуманитарни камиони да влезат во Газа. Исто така, е одложено отворањето на јужниот премин кон Египет, кој требаше да овозможи евакуација на ранетите.

Свет | пред 3 месеци

media-librarysl47erbhktib6ZA9dWo

Прегратки и солзи, последните заложници на Хамас се со семејствата

По точно 738 денови заробеништва, Хамас повеќе не држи заложници. Денеска се ослободени последните живи, како дел од мировниот план за Газа.Некои од заложниците успеале да остварат краток видеоразговор со своите семејства непосредно пред ослободувањето, а снимките од тие моменти се појавија и на социјалните мрежи.Мајката на 25 годишен заложник, Ејнав Зангаукер, кој беше ослободен во претходните мировни договори со Хамас, денеска за Тајмс ов Израел изјави:„Сите доаѓате дома – сите! „Војната заврши.“Во следните часови се очекува ослободување и на 250 палестински затвореници и 1.700 лица, кои ги држи Израел, а меѓу нив има и 22 деца.Според израелските медиуми, затворениците се подготвуваат за напуштање на затворот Офер, лоциран на окупираниот Западен Брег.Списокот на ослободените затвореници беше објавен од израелското Министерство за правда во петокот.Во него не се вклучени седумте високи палестински функционери, меѓу кои Марван Баргути и Ахмад Саадат, кои Хамас ги бараше како дел од размената.Десетици семејства од утринските часови се пред затворот да ги пречекаат своите блиски. Според планот, околу 100 затвореници ќе бидат ослободени на Западниот Брег, други ќе бидат депортирани во Газа или Египет, а мал дел ќе биде ослободен во Источен Ерусалим.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryrieav61lsa849CmO5O4

(ВИДЕО) Ослободен израелско-српскиот државјанин Алон Охел

Меѓу последните ослободени заложници на Хамас е и израелско-српскиот државјанин Алон Охел. По проверката на контролниот пункт, тој со останатите кои беа во двегодишно заробеништво ќе бидат повторно обединети со своите семејства во базата Реим.На Твитер е објавено и видео на кое Алон е насмен и изгледа добро додека разговара со жена војник.Семејството го чека Алон во базата Реим, а по првите снимки и фотографии од нивниот син, тие не го криеја своето воодушевување. „Сега го видовме Алон, изгледа неверојатно, стои на свои нозе“, рече неговата мајка Едит Охел. Првата група заложници беше ослободена околу 7 часот утрово како дел од мировниот договор меѓу Израел и Хамас.Според извештаите, меѓу ослободените седуммина беа Алон Охел, близнаците Гали и Зив Берман, Матан Ангрест, Омри Миран, Еитан Мор и Гај Гилбоа-Далал.

Свет | пред 3 месеци

media-librarysmn3cqcilvd52A4WLNo

(Видео) Во живо се пренесува ослободувањето на заложниците

По воспоставувањето на примирје во Газа, Хамас денеска ги ослободува израелските заложници кои ги држи во заробеништво повеќе од две години.Хамас треба да ослободи 48 заложници, од кои 20 се смета дека се живи, а рокот за тоа е до пладне. Израел, за возврат, ќе ослободи 250 палестински затвореници и повеќе од 1.700 лица уапсени во Газа.Големи собири и славје се очекуваат на Плоштадот на заложниците во Тел Авив, каде граѓаните со нетрпение го очекуваат нивното враќање.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „војната е завршена“ додека патува кон Блискиот Исток. Трамп ќе се обрати пред израелскиот парламент, а потоа ќе отпатува во египетското летувалиште Шарм ел-Шеик, каде ќе претседава со мировниот самит на кој ќе учествуваат најмалку 20 светски лидери.

Свет | пред 3 месеци

media-librarylkca3m8elihqd4IZLug

Ова се првите седум ослободени заложници на Хамас, се спроведува мировниот план за Газа

Хамас ги ослободи првите седум израелски заложници како дел од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, објави израелското Министерство за надворешни работи на платформата Икс. Станува збор за заложници киднапирани за време на нападот на 7 октомври 2023 година, кои повеќе од две години биле држени во заробеништво.„Чекавме 738 дена за да го кажеме ова: добредојдовте дома, Алон, Еитан, Гај, Зив, Гали, Омри и Матан!“, се вели во соопштението на Министерството, објавено заедно со фотографии од ослободените мажи.Според израелските власти, сите тие биле киднапирани во 2023 година за време на нападот на Хамас врз јужен Израел, кога милитантите убиле околу 1.200 луѓе и однеле повеќе од 250 заложници во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Алон Охел, Еитан Мор, Гај Гилбоа-Далал, Зив и Гали Берман, Омри Миран и Матан Ангрест.Заложниците, според израелските власти, биле држени во сурови и нехумани услови, без соодветна медицинска нега и под постојан надзор од страна на милитантите на Хамас.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Израелскиот министер за одбрана нареди уништување на тунелите на Хамас во Газа

Израелскиот министер за одбрана изјави дека наредил уништување на тунелската мрежа на Хамас во Појасот Газа. Израел Кац рече дека, откако ќе се реализира враќањето на заложниците, „голем предизвик“ ќе биде разурнувањето на сите терористички тунели што, како што оцени, сѐ уште постојат и претставуваат закана по безбедноста.Кац најави дека операцијата ќе ја спроведат израелските одбранбени сили, но во рамките на меѓународен механизам кој треба да се формира под водство и надзор на Соединетите Американски Држави. Според него, тоа е клучен чекор за имплементација на договореното начело за демилитаризација на Газа и за неутрализирање на вооружените капацитети на Хамас.Министерот нагласи дека дал наредба на ИДФ да се подготват за спроведување на мисијата и дека целта е да се отстранат инфраструктурните елементи што би можеле повторно да го загрозат мирот и безбедноста на цивилното население. Тој додаде дека постапките ќе се усогласат со меѓународните партнери и ќе се спроведуваат под надзорот на договорените механизми.Неговото обраќање доаѓа во период кога меѓународната заедница работи на стабилизација на ситуацијата во Газа по договорот за примирје и размена на заложници, а деталите за конкретните чекори и терминот за реализација сè уште се предмет на дополнителни договори меѓу посредниците и вклучените страни.

Свет | пред 3 месеци

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Израел ја услови размената – затворениците ќе бидат пуштени по потврда за премин на заложниците преку граница

Израелската влада потврди дека ќе ослободи дел од палестинските затвореници во замена за израелските заложници, но само откако ќе добие потврда дека сите заложници безбедно ја преминале границата и се на израелска територија.Според договорот, околу 250 осудени Палестинци и 1.700 лица притворени по нападите од 7 октомври 2023 година треба да бидат ослободени и вратени во Газа.Портпаролката на израелската влада, Шош Бедросијан, изјави дека ослободувањето ќе се спроведе само кога ќе биде потврдена безбедната размена.„Она што сега можеме да го кажеме е дека палестинските затвореници ќе бидат пуштени кога Израел ќе добие потврда дека сите наши заложници ја преминале границата со Израел. Очекуваме дека во тој момент затворениците веќе ќе бидат во автобуси и, веднаш штом стигне потврдата, тие автобуси ќе почнат да се движат“, изјави Бедросијан.Оваа размена е дел од широкиот договор за примирје, постигнат со посредство на САД, Египет и Катар, со цел да се стави крај на двегодишниот конфликт во Газа и да се овозможи враќање на израелските таоци кои беа киднапирани од Хамас.

Свет | пред 3 месеци

media-library6hq6g0u2tdci3lBrWue

(Видео) Хамас објави видео : Палестинци со врзани очи водени кон ослободување

Хамас објави видео во кое се тврди дека израелските сили малтретираат палестински затвореници непосредно пред нивното ослободување во рамки на договорот за размена.Снимката, објавена од Канцеларијата за медиуми на палестинските затвореници, покажува група палестински затвореници со врзани раце и поврзани очи, присилно водени во колона со наведнати глави, додека ги опкружуваат израелски војници и полицајци. Според Хамас, видеото „документира болна сцена на брутално малтретирање од страна на израелските власти“.Претседателот на Клубот на палестински затвореници, Амџад ал-Наджар, изјави дека снимката покажува затвореници кои служат доживотни казни и се префрлаат во затворот Неѓев за подготовка за испраќање во Газа како дел од договорот за размена.Според договорот, вкупно треба да бидат ослободени 2.000 палестински затвореници, вклучувајќи 250 со доживотни казни и 1.700 притвореници од Газа од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година, во замена за 48 израелски заложници. Израелското министерство за правда објави список со 250 затвореници со доживотни казни предвидени за размена, но Канцеларијата за медиуми на палестинските затвореници не потврди конечен договор за списокот.Првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа започна во петок на пладне, со постепено повлекување на израелските сили до „жолтата линија“ и почеток на 72-часовен рок за размена. Втората фаза предвидува формирање нов механизам за управување во Газа без Хамас, создавање заеднички безбедносни сили на Палестинците и војски од арапските и исламските земји, како и разоружување на Хамас.Тел Авив проценува дека во Газа се држат 48 Израелци, од кои 20 се живи, додека во израелските затвори се задржани повеќе од 11.100 Палестинци.

Свет | пред 3 месеци

media-library5u0338blvt9gcfrhfw3

Министерот Кац: По враќањето на заложниците следува операција против тунелите на Хамас

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Израелската армија ќе ги уништи сите тунели на Хамас во Појасот Газа откако ќе се заврши процесот на ослободување на заложниците што се наоѓаат на таа палестинска територија.На третиот ден од примирјето меѓу Израел и Хамас, Кац нагласи дека тие операции ќе се спроведуваат во рамките на „меѓународен механизам под надзор на САД“.Големиот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа, рече Кац и додаде дека ја задолжил армијата да се подготви за таа мисија.Хамас располага со мрежа тунели под Појасот Газа, кои особено ги користи неговото вооружено крило. Израел тврди дека многу од тие тунели биле уништени во текот на повеќе од двегодишниот конфликт, кој започна по нападот на исламиското движење врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Хамас: Нема да учествуваме на потпишувањето на мировниот договор во Египет

Палестинското движење Хамас соопшти дека нема да учествува на официјалното потпишување на мировниот договор во Египет, чија цел е да се стави крај на војната во Појасот Газа.„Хамас нема да учествува во процесот на потпишување. Присутни ќе бидат само посредниците, заедно со американски и израелски претставници,“ изјавија извори од организацијата.Покрај САД и Египет, и Катар помогна во посредувањето меѓу завојуваните страни. Израел и Хамас досега не одржале директни преговори за запирање на конфликтот.Американскиот претседател Доналд Трамп планира да отпатува во Египет во недела, каде што треба да присуствува на официјалното потпишување на мировниот договор меѓу Израел и Хамас.Според соопштението на египетското претседателство, во понеделник во летувалиштето Шарм ел Шеик ќе се одржи Самит за мир, на кој ќе учествуваат државници од повеќе од 20 земји, со цел ставање крај на војната во Газа.Самитот следува по постигнувањето на прекин на огнот и договорот за ослободување на израелските заложници, што беше дел од американскиот мировен план кој го иницираше администрацијата на Трамп.Американскиот и египетскиот претседател, Доналд Трамп и Абдел Фатах ел-Сиси, ќе копретседаваат со состанокот. Според египетските власти, целта е воспоставување на траен мир и стабилност на Блискиот Исток.Сè уште не се објавени сите имиња на учесниците, но своето присуство веќе го потврдиле францускиот претседател Емануел Макрон, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, британскиот премиер Кир Стармер и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.Покана добил и германскиот канцелар Фридрих Мерц, а според медиумските извештаи, се очекува да присуствуваат и турскиот претседател, како и премиерите на Шпанија и Пакистан, заедно со кралот на Бахреин.

Свет | пред 3 месеци

media-librarykge6nctrkrol0ddwZvD

По 67.000 жртви, Газа конечно здивна – но мирот е сè уште неизвесен

Илјадници Палестинци денес пеш, со автомобили и колички се движат по крајбрежјето на Појасот Газа кон своите уништени домови на север, по започнувањето на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас. Израелските сили се повлекоа од поголем дел од урбаните области, во рамки на првата фаза од договорот постигнат со посредство на САД, со кој се очекува прекин на војната што трае речиси две години и која однесе десетици илјади животи.„Ова е чувство што не може да се опише, слава му на Бога“, изјави Набила Басал додека пешачеше со својата ќерка која била повредена во нападите. „Среќни сме што војната заврши, а страдањето конечно престана.“Договорот предвидува Хамас во рок од 72 часа да ги ослободи сите израелски заложници, живи и починати. Според израелските медиуми, семејствата на заложниците со нетрпение очекуваат вести од своите најблиски.„Чекаме да се врати нашиот син и сите заложници“, изјави Хагаи Ангрест, татко на еден од 20-те Израелци за кои се верува дека сè уште се живи.По ослободувањето на заложниците, Израел ќе пушти 250 Палестинци осудени на долги затворски казни и дополнителни 1.700 лица кои беа притворени за време на конфликтот. Во Газа секојдневно влегуваат стотици камиони со храна, лекови и хуманитарна помош, што претставува најголема испорака од почетокот на војната.Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека примирјето е голем чекор напред и изрази уверување дека двете страни ќе го почитуваат договорот.„Сите се уморни од борбите. Постојат разлики, но има консензус за основните точки“, изјави Трамп во Белата куќа.Тој најави дека во понеделник ќе пристигне во Израел, каде ќе се обрати во парламентот – Кнесетот. Со тоа, Трамп ќе стане првиот американски претседател кој ќе говори во израелскиот парламент по Џорџ Буш во 2008 година. Потоа ќе го посети и Египет, каде што ќе се одржат состаноци со блискоисточни лидери за постконфликтната обнова на Газа.Според американски дипломатски извори, ова е прва конкретна фаза од „планот за мир во 20 точки“ што администрацијата на Трамп го претстави како рамка за долгорочно решение на израелско-палестинскиот конфликт. Планот предвидува разоружување на Хамас, создавање на меѓународни безбедносни сили и воспоставување нови управувачки структури во Газа. Иако примирјето носи надеж, експертите предупредуваат дека вистинскиот тест ќе биде неговото одржување и воспоставување на траен мир по години на насилство и уништување.

Свет | пред 3 месеци

liban

Израел изврши воздушен напад во јужен Либан, едно лице загинало, а седум се повредени

Израелската армија (IDF) изврши напад врз јужниот дел на Либан, насочен кон Хезболах. Едно лице загина, а седум се повредени, соопшти либанското Министерство за здравство.Нападите од воздух се извршени пред зори во селото Мусејлех, при што е погоден објект во кој се продавале тешки машини, а уништени се голем број возила.Возило кое во моментот на нападот минувало покрај објектот, а превезувало зеленчук, било погодено, при што едно лице загинало, а друго било повредено, јави телевизијата на Хезболах, Ал-Манар.Министерството за здравство подоцна соопшти дека загинатиот бил сириски државјанин, додека меѓу повредените еден бил Сириец, а шест Либанци, вклучувајќи две жени.Израелската армија наведува дека целта на нападот бил објект каде се наоѓале машини наменети за обновување на инфраструктурата за милитантната група Хезболах.Од завршувањето на 14-месечниот конфликт меѓу Израел и Хезболах во ноември минатата година, кој беше завршен со примирје посредувано од САД, Израел речиси секојдневно извршува воздушни напади во кои загинале десетици лица. Израел го обвинува Хезболах дека се обидува да ја обнови својата способност, откако во војната претрпе големи загуби.Комесарот за човекови права на ООН, Фолкер Турк, овој месец повика на зголемени напори за трајно завршување на непријателствата во Либан. Тој истакна дека до крајот на септември во Либан од потпишувањето на примирјето загинале 103 цивили.Последниот конфликт меѓу Израел и Хезболах однесе повеќе од 4.000 животи во Либан, меѓу кои стотици цивили, со штета проценета на околу 11 милијарди долари според Светската банка. Во Израел загинаа 127 лица, вклучувајќи 80 војници.Војната започна на 8 октомври 2023 година кога Хезболах започна да испукува ракети преку границата, ден по смртоносниот напад предводен од Хамас на југот на Израел, што започна нов конфликт во Газа. Израел одговори со артилериски и воздушни напади врз Либан.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања