Промени тема
Контакт

Хамас: Нема да учествуваме на потпишувањето на мировниот договор во Египет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Палестинското движење Хамас соопшти дека нема да учествува на официјалното потпишување на мировниот договор во Египет, чија цел е да се стави крај на војната во Појасот Газа.

„Хамас нема да учествува во процесот на потпишување. Присутни ќе бидат само посредниците, заедно со американски и израелски претставници,“ изјавија извори од организацијата.

Покрај САД и Египет, и Катар помогна во посредувањето меѓу завојуваните страни. Израел и Хамас досега не одржале директни преговори за запирање на конфликтот.

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да отпатува во Египет во недела, каде што треба да присуствува на официјалното потпишување на мировниот договор меѓу Израел и Хамас.

— реклама —

Според соопштението на египетското претседателство, во понеделник во летувалиштето Шарм ел Шеик ќе се одржи Самит за мир, на кој ќе учествуваат државници од повеќе од 20 земји, со цел ставање крај на војната во Газа.

— реклама —

Самитот следува по постигнувањето на прекин на огнот и договорот за ослободување на израелските заложници, што беше дел од американскиот мировен план кој го иницираше администрацијата на Трамп.

Американскиот и египетскиот претседател, Доналд Трамп и Абдел Фатах ел-Сиси, ќе копретседаваат со состанокот. Според египетските власти, целта е воспоставување на траен мир и стабилност на Блискиот Исток.

— реклама —

Сè уште не се објавени сите имиња на учесниците, но своето присуство веќе го потврдиле францускиот претседател Емануел Макрон, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, британскиот премиер Кир Стармер и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Покана добил и германскиот канцелар Фридрих Мерц, а според медиумските извештаи, се очекува да присуствуваат и турскиот претседател, како и премиерите на Шпанија и Пакистан, заедно со кралот на Бахреин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Паника на летот Дубаи–Тел Авив: Пилотите се степале, од авионот бил испратен сигнал за киднапирање

Свет | пред 9 часа

— реклама —
gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 23 часа

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 1 ден

media-libraryuek42305l4ovf6Ps9bm

(Видео) „Сакам да те погубам“: Израелскиот министер му се закани на затвореник на Хамас

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања