ИЗРАЕЛ

media-library46mcmkesmhfkd8uPGph

(Видео) Примирје во Газа: Израел се повлекува, Палестинците се враќаат дома

Илјадници раселени Палестинци се упатија кон своите напуштени домови откако во петокот стапи на сила прекинот на огнот во Газа.Хамас не е Хамас од пред две години. Тие се поразени на секое место каде што сме се бореле против нив, изјави бригадниот воен портпарол Ефи Дефрин на брифинг со новинарите.Тој ги повика палестинските жители на Газа да избегнуваат влегување во областите под контрола на израелските одбранбени сили (ИДФ).Ги повикувам жителите на Газа да не навлегуваат во зоните под израелска контрола. Почитувајте го договорот и гарантирајте ја сопствената безбедност,“ нагласи Дефрин.По постигнувањето на прекинот на огнот со посредство на САД, израелските сили започнаа делумно повлекување од делови на Газа.Иако прекинот на огнот донесе олеснување за многумина, предизвиците остануваат. Не е јасно кој ќе управува со Газа во следниот период, ниту дали Хамас ќе прифати целосна демилитаризација.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека ако условите не бидат исполнети „на мирен начин“, Израел е подготвен повторно да се врати во војна.

Свет | пред 3 месеци

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Израелската армија: „Хамас веќе не е истата организација – поразен е на сите фронтови“

Портпаролот на израелската војска, бригадниот генерал Ефи Дефрин, денеска изјави дека Хамас повеќе не претставува воена закана каква што беше пред две години, кога започна вооружениот конфликт во Појасот Газа.„Хамас не е истиот Хамас од пред две години. Тие се поразени на секое место каде што се соочивме со нив“, рече Дефрин на брифингот со новинарите, нагласувајќи дека израелските сили „постигнале стратешка предност“ во сите делови на енклавата.Тој упати апел до палестинските цивили во Газа да се држат подалеку од областите кои сè уште се под контрола на израелските одбранбени сили (IDF).„Ги повикувам жителите на Газа да не влегуваат во зоните под контрола на IDF. Почитувајте го договорот и обезбедете ја сопствената безбедност“, порача Дефрин.Изјавата доаѓа во момент кога илјадници расеелени Палестинци се враќаат во своите домови, откако во петокот стапи на сила прекинот на огнот постигнат со посредство на САД. Израелските сили започнаа делумно повлекување од повеќе делови на Појасот Газа, а ситуацијата на теренот се смирува по две години интензивни борби.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп во понеделник пристигнува во Израел на прославата за ослободувањето на заложниците

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник ќе допатува во Израел, каде што ќе присуствува на официјалната прослава по повод враќањето на заложниците кои беа држени во Газа, јавуваат израелските медиуми.Неговиот авион треба да слета на аеродромот Бен Гурион кај Ерусалим околу 9 часот наутро, што се совпаѓа со истекот на рокот што го постави Хамас за враќање на последната група заложници.Израелската полиција потврди дека се подготвува за неговата посета, а Трамп, според најавите, ќе одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, по официјална покана од неговиот претседател.Сè уште не е познато дали американскиот лидер ќе може да го посети и Плоштадот на заложниците во Тел Авив, каде што секојдневно се собираат семејствата на ослободените и исчезнатите. Тие побарале лична средба со Трамп, а дел од нив предложиле токму таму тој да одржи јавен говор.Посетата на Трамп доаѓа во чувствителен момент за регионот, по постигнувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој се смета за првиот чекор во американскиот мировен план за Газа.

Свет | пред 3 месеци

media-librarysagpfqt65ok18iZj3cv

Израелската војска се повлекува од Газа, уште 72 часа до ослободување на заложниците

Со договорот меѓу Израел и Хамас за враќање на заложниците и прекин на војната во Газа, силите на Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска почнаа да се повлекуваат кон договорените линии. ИДФ го заврши расклопувањето на стражарските пунктови и статичните одбранбени позиции во Појасот Газа и се очекува да го заврши повлекувањето денеска – за да започне одбројувањето, од полноќ, на 72-те часа што Хамас ги има според договорот за враќање на заложниците, во понеделник напладне.Напладне стапи на сила и прекинот на огнот, со што завршува војната. Војската сè уште е претпазлива во врска со формалното прогласување на тоа, поради тензиите на теренот што се одразуваат во честите пукања.Како дел од огромна логистичка операција на Јужната команда и Дирекцијата за логистика, беа демонтирани илјадници инфраструктури од различни видови – индустриски генератори, антени, сместување на војници, набљудувачки места, борбени позиции и друго. Стотици камиони, булдожери и инженерски возила учествуваат во логистичката операција. Силите на Израелските одбранбени сили (ИЗД) ќе се распоредат на нови одбранбени позиции во зајакнатата тампон-зона во близина на границата.Според сведочењата на офицерите во Јужната команда, најмалку две од новите позиции што се воспоставуваат во близина на границата се наоѓаат источно од „жолтата линија“ на мапите објавени од политичкиод политичкиот ешалон.Во меѓувреме, командантот на Бригадата 188, полковник М., им рече на своите борци по напуштањето на Газа:Во меѓувреме, командантот на Бригадата 188, полковник М., им рече на своите борци по напуштањето на Газа: „Станици 188 – еве го врвот, време е да ги држите главите високо. Од 7 ноември 2023 година работевте со решителност, другарство и посветеност на целта – ја исполнивте мисијата. Блесокот во вашите очи не згасна ниту за момент, а моралниот компас беше присутен во секоја задача што ја извршувавте. За време на операцијата бевме физички блиску до заложниците; сè што направивте создаде услови за враќање на нашите браќа дома. Ова е најдлабокото значење на нашата борба – да ја претвориме воената моќ во надеж“.Сепак, повлекувањето не значи и целосен излез од Газа. Израел ќе задржи контрола над таканаречената „тампон-зона“, која се протега по целата граница на Газа, вклучувајќи ги северните населени места Беит Ханун и Беит Лахија, источните падини кај градот Газа, како и значителни делови од Рафа и Кан Јунис во јужниот дел од територијата.Според проценките, Израел ќе ја заврши операцијата во рок од 24 часа од ратификацијата на договорот.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvgjve5sogd29e31WJ3C

Израел најавува крај на војната, исполнети сите стратешки цели

Израел ја постигна „клучната точка“ во војната во Газа и ги реализира сите поставени цели, изјави денеска портпаролката на кабинетот на израелскиот премиер, Шос Бедросијан.Стигнавме до пресвртна точка во оваа војна. Од првиот ден, премиерот постави три главни цели — враќање на сите заложници, пораз и уништување на Хамас и обезбедување дека Газа повеќе нема да претставува закана за Израел, изјави Бедросијан, пренесува The Times of Israel.Таа додаде дека сите цели се исполнети, што може да биде најава за објава на израелска победа.Изјавата доаѓа во момент кога се очекува израелската влада да го ратификува договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците, кој беше претходно постигнат.

Свет | пред 3 месеци

netanjahu

Одложен почетокот на примирјето во Газа, Нетанјаху бара владина ратификација

Иако светските медиуми пренесоа дека во појасот Газа стапил на сила прекин на огнот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека договорот ќе почне да се применува дури вечерва, по неговата ратификација од израелската влада.Вистинската примена на договорот започнува кога владата ќе го одобри, а седницата е закажана за 18 часот по локално време, соопшти Нетанјаху.Да потсетиме, доцна синоќа беше објавено дека Израел и Хамас постигнале договор за првата фаза од планот за прекин на војната во Газа, предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.Според првичните најави, двете страни требаше во 12 часот по локално време во Шарм ел Шеик и официјално да го потпишат договорот, по што веднаш би започнал прекинот на огнот.Сепак, „ладен туш“ следеше само неколку часа подоцна, кога Нетанјаху соопшти дека спроведувањето на примирјето се одложува сè додека не биде официјално потврдено од израелската влада.

Свет | пред 3 месеци

erdogan-1

Ердоган: Турција ќе помогне во спроведување на мировниот договор и обнова на Газа

Откако Израел ја започна офанзивата во појасот Газа пред две години, Турција најчесто учествуваше индиректно во мировните напори. Но, последните недели Анкара зема сѐ поистакната улога во процесот за прекин на огнот.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека неговата земја ќе се приклучи на „работна група“ која ќе го надгледува спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Газа и ќе помогне во пронаоѓањето на телата на загинатите заложници.Ако даде Господ, Турција ќе учествува во групата што ќе ја следи примената на договорот на теренот, изјави Ердоган во Анкара, додавајќи дека Анкара ќе придонесе и за обновата на Газа.Иако не е целосно јасно дали Ердоган и високиот функционер зборуваат за иста работна група, некои извори ја поврзуваат оваа иницијатива со планот за стабилизациски сили што го предлага администрацијата на Доналд Трамп.Ердоган на платформата X порача дека е „задоволен што разговорите меѓу Хамас и Израел во Шарм ел Шеик, со придонес на Турција, довеле до прекин на огнот во Газа“. Тој му се заблагодари на Трамп „за политичката волја да ја поттикне израелската влада на компромис“, како и на Катар и Египет, нагласувајќи дека Турција нема да застане сè додека не се воспостави суверена палестинска држава.Во соопштение на турското Министерство за надворешни работи се наведува дека Анкара се надева дека новиот импулс во мировните преговори ќе води кон решение со две држави и дека Турција ќе ја надгледува строга имплементација на договорот за да се „стави крај на геноцидот во Газа“.Шефот на турската разузнавачка служба, Ибрахим Калин, присуствувал на разговорите во Египет, каде што ги пренел ставовите и насоките на Анкара до Хамас, без директни контакти со израелската страна. Турција, според официјалната позиција, го смета Хамас за движење на отпор, а не за терористичка организација.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryq6bfbsi9e9p0fT71wbM

(Видео) Израелски тенкови пукаа кон Палестинци на плажа во Газа

Неполни неколку часа по објавата на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, над Појасот Газа повторно се слушнаа експлозии. Според снимки објавени од Reuters, израелски тенкови отворија оган со гранати кон крајбрежниот пат во близина на градот Деир ал-Балах, додека по тој дел од плажата се движеле десетици палестински цивили.На видеото јасно се гледаат детонации и облаци густ чад, предизвикани од тенковската палба, во непосредна близина на луѓето кои пешачеле по песокливиот терен. Засега нема потврдени информации за евентуални жртви или повредени лица.Инцидентот се случува во момент кога меѓународната заедница го поздравуваше постигнатиот договор за примирје како прв чекор кон прекин на двегодишниот конфликт.

Свет | пред 3 месеци

netanjahu

Израел го одложува почетокот на договорот со Хамас – се чека официјално одобрување од Владата

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека договорот за ослободување на заложниците во Газа ќе стапи во сила дури по негово официјално одобрување од израелската влада, јави агенцијата AFP.Во соопштението од кабинетот се наведува:„Спротивно на наводите на арапските медиуми, броењето од 72 часа ќе започне само по одобрувањето на договорот на седницата на Владата, која се очекува во вечерните часови.“Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Израел и Хамас постигнале договор за првата фаза од планот за Газа, кој предвидува размена на заложници и палестински затвореници.Според договорот, размената треба да се реализира во рок од 72 часа од почетокот на спроведувањето на договорените мерки.

Свет | пред 3 месеци

media-library71493e7e3udo7ZFYL58

(Видео) Се воспоставува прекин на огнот во Газа

Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, кој предвидува прекин на огнот и размена на заробеници. Според дипломатските извори, овој чекор би можел да го отвори патот кон конечно завршување на двегодишниот крвав конфликт на Блискиот Исток.Според официјалното соопштение од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, прекинот на огнот во појасот Газа ќе стапи во сила вечерва, веднаш по ратификацијата на договорот од страна на израелската влада.„Состанокот на безбедносниот кабинет е закажан за попладне, по што ќе следи владина седница на која договорот ќе биде официјално одобрен,“ соопштија од кабинетот на премиерот.Потврда за договорот дојде и од египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, кој ја имаше клучната посредничка улога во преговорите што се одржуваа во Шарм ел-Шеик, градот кој тој го нарече „град на мирот и колепка на дијалогот“.„Светот сведочи историски момент. Овој договор не само што го затвора поглавјето на војната, туку отвора врата на надеж за иднина исполнета со правда и стабилност,“ изјави ал-Сиси.Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека прекинот на огнот претставува позитивен развој и пресвртница во војната. Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, ќе отпатува во Париз, каде што ќе учествува на министерски состанок организиран од Франција, посветен на идните чекори за стабилизирање на состојбата во Газа.Според дипломатски извори, ова е почетната етапа од мировниот план со 20 точки на Трамп, кој предвидува постепено запирање на огнот, ослободување на израелските заложници и воспоставување меѓународен надзорен механизам во Газа, како вовед во долгорочен мировен договор меѓу Израел и Палестинците.Договорот доаѓа еден ден по втората годишнина од нападот на Хамас со кој започна разорниот израелски одговор и двегодишниот судир што предизвика илјадници жртви и хуманитарна катастрофа. Со потпишувањето на оваа прва фаза, Блискиот Исток добива можност за прекин на циклусот на насилство и надеж дека регионот конечно може да направи чекор кон траен мир.

Свет | пред 3 месеци

gaza44

Историски договор меѓу Хамас и Израел, ќе почне спроведува првата фаза од мировниот план на Трамп

Израел и Хамас имаат договор за спроведување на првата фаза од мировниот план на Трамп за прекин на вбојната во Газа.Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека е договорена првата фаза од мировниот план за Газа.„Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план“, рече Трамп. „Ова значи дека СИТЕ заложници наскоро ќе бидат ослободени, а Израел ќе ги повлече своите трупи на договорената линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир. Сите страни ќе бидат третирани праведно! Ова е ПРЕКРАСЕН ден за арапскиот и муслиманскиот свет, Израел, сите околни земји и Соединетите Американски Држави, и им се заблагодаруваме на медијаторите од Катар, Египет и Турција кои работеа со нас за да се случи овој историски и без преседан настан. БЛАГОСЛОВЕНИ ДА БИДАТ МИРОТВОРИТЕ!“Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху подоцна изјави дека договорот е „голем ден за Израел“.Рече дека ќе ја свика владата во четврток за да го одобри договорот и да ги врати дома, како што рече, „сите наши сакани заложници“.Хамас потврди дека се согласил со предложениот мировен договор со Израел, велејќи дека го сторил тоа „со цел да се стави крај на војната на истребување на палестинскиот народ и да се повлече окупацијата од Појасот Газа“.Во соопштението за медиумите, тие им се заблагодарија на медијаторите од Катар, Египет и Турција и на американскиот претседател Доналд Трамп за нивните напори.Тие ги повикаа Трамп и другите земји да обезбедат Израел да ги исполни своите обврски според договорот: „Окупациската влада треба да биде принудена целосно да ги спроведе барањата од договорот и да не ѝ биде дозволено да го избегнува или одложува спроведувањето на она што е договорено“.

Свет | пред 3 месеци

gaza1

Израел и Хамас блиску до договор за прекин на огнот

Прекин на огнот меѓу Израел и Хамас би можел да биде прогласен уште вечерва, доколку двете страни постигнат договор, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.Доколку денес се постигне консензус, примирјето ќе биде воспоставено преку посредување. Страните покажаа силна волја за ослободување на затворениците и заложниците“, изјави Фидан, пренесува The Times of Israel.Тој додаде дека преговорите во египетското одморалиште Шарм ел Шеик се фокусирани на четири приоритети: ослободување на израелски и палестински заробеници, повлекување на израелските одбранбени сили, обезбедување хуманитарна помош и условите за евентуален прекин на огнот.Фидан предупреди дека секогаш постои можност израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се обиде да го саботира процесот, додека, како што рече, пристапот на Хамас во преговорите бил „рационален“.Во меѓувреме, висок претставник на Хамас, Тахер Ал-Нуну, потврди дека израелските и палестинските преговарачи веќе размениле списоци со затвореници и заложници кои би можеле да бидат ослободени доколку дојде до договор.

Свет | пред 3 месеци

media-library5ue07116gere7SDKOfg

Мајки и бебиња делат кревети во преполнети болници – УНИЦЕФ бара итна евакуација

Израел повеќепати одбил барања за пренос на инкубатори од евакуираните болници во северна Газа, изјави претставник на УНИЦЕФ, што дополнително ги оптоварува преполнетите болници во јужниот дел на Појасот Газа, каде што новороденчињата сега се приморани да делат маски со кислород.Двегодишната војна меѓу Израел и Хамас доведе до сериозна хуманитарна криза – трудниците се сè почесто вознемирени и потхранети, а бројот на предвремено родени и недоносени бебиња значително се зголеми. Според Светската здравствена организација, секое петто новороденче во Појасот Газа е потхрането или родено предвреме.Минатиот месец, поради израелската офанзива на градот Газа, повеќе болници во северниот дел на енклавата беа затворени, што создаде дополнителен притисок врз преостанатите здравствени установи на југот.Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, изјави дека во болницата Насер, на југот на Газа, мајки и бебиња лежат по ходниците, а предвремено родените деца делат ист извор на кислород.Во една од детските соби имаше три бебиња и три мајки на еден кревет, со еден извор на кислород. Мајките го ротираа кислородот на секои 20 минути за секое дете. Тоа е нивото на очај со кое се соочуваат денес, рече Елдер.Во исто време, животоспасувачка педијатриска опрема останала заробена во болниците на север кои биле евакуирани.УНИЦЕФ побара итна евакуација на болните и предвремено родените бебиња кои сè уште се во болниците на северот. СЗО минатата недела успеа да префрли три од нив во побезбедна болница на југот, но едно бебе починало пред извршување на операцијата за евакуација.Во моментов, според СЗО, само 14 од 36 болници во Појасот Газа се барем делумно функционални.

Свет | пред 3 месеци

gaza-palestina-zname

Војната во Газа: Шансите за мировен договор се навистина добри, тврди Трамп

Разговорите за постигнување конечен мировен договор со кој ќе се стави крај на војната во Газа ќе продолжат во вторник во Шарм Ел Шеик во Египет. Палестински и египетски претставници изјавија за Би-Би-Си дека сесиите се фокусирани на „создавање теренски услови“ за можна размена што би довела до ослободување на сите израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници, пренесува Би-Би-Си.Израелскиот премиер изјави дека се надева дека ќе го објави ослободувањето на заложниците „во наредните денови“, а американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот рече: „Имаме навистина добри шанси да постигнеме договор и тоа ќе биде траен договор“.Хамас изјави дека делумно се согласува со предлозите за мировниот план, но не одговори на неколку клучни барања – вклучувајќи го и разоружувањето и немањето никаква идна улога во управувањето со Газа. Висок израелски безбедносен извор изјави дека разговорите првично ќе се фокусираат само на ослободувањето на заложниците и ќе му дадат на Хамас неколку дена да ја заврши таа фаза.Британскиот премиер, Кир Стармер ја повтори својата поддршка за мировниот план, велејќи:„Ја поздравуваме иницијативата на САД за мир на Блискиот Исток и оваа влада ќе направиме сè што е во наша моќ за да се оствари денот кога секое дете на Израел ќе може да живее мирно, заедно со своите палестински соседи, во безбедност и сигурност“.Се очекува овие дискусии да бидат меѓу најзначајните од почетокот на војната и би можеле да одредат дали конечно е на дофат патот кон завршување на конфликтот.

Свет | пред 3 месеци

gaza2

Исламските држави го поздравија мировниот план на Трамп: „Ова е вистинска шанса за мир во Газа“

Високи дипломати од неколку исламски држави го поздравија мировниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, нарекувајќи го „вистинска можност“ за постигнување трајно примирје во овој густо населен регион.Министрите за надворешни работи на Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Пакистан, Турција, Саудиска Арабија и Катар во заедничка изјава го оценија позитивно одговорот на палестинското движење Хамас на планот на Трамп за решавање на кризата во Газа.Дипломатите го поздравија и повикот на Трамп до Израел веднаш да го прекине бомбардирањето на Газа и да започне реализација на размената на израелските заложници, кои се држат во Газа, за палестински затвореници во Израел.„Овој развој на настаните претставува вистинска можност за воспоставување сеопфатно и одржливо примирје, како и за решавање на критичната хуманитарна состојба со која се соочува населението во Појасот Газа“, се наведува во заедничката изјава.Министрите повикаа и на итно започнување на преговори со цел да се усогласат механизмите за спроведување и реализација на мировниот план.Хамас во петокот најави дека ќе прифати делови од планот на Трамп, но сè уште нема став за барањето за разоружување. По ова, Трамп го повика Израел веднаш да го прекине бомбардирањето на Газа за да се овозможи ослободување на заложниците.Денеска во Египет се очекува одржување непосредни преговори меѓу израелски и палестински претставници, на кои ќе се разговара за деталите околу размената на заробеници и заложници.Како посредници во процесот дејствуваат Египет, Катар и САД, кои последниве месеци интензивно работат на дипломатски решенија за конфликтот што трае речиси две години.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања