„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Војната во Газа: Шансите за мировен договор се навистина добри, тврди Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
gaza-palestina-zname
Unsplash/Ahmed Abu Hameeda

Разговорите за постигнување конечен мировен договор со кој ќе се стави крај на војната во Газа ќе продолжат во вторник во Шарм Ел Шеик во Египет. Палестински и египетски претставници изјавија за Би-Би-Си дека сесиите се фокусирани на „создавање теренски услови“ за можна размена што би довела до ослободување на сите израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници, пренесува Би-Би-Си.

— реклама —

Израелскиот премиер изјави дека се надева дека ќе го објави ослободувањето на заложниците „во наредните денови“, а американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот рече: „Имаме навистина добри шанси да постигнеме договор и тоа ќе биде траен договор“.

Хамас изјави дека делумно се согласува со предлозите за мировниот план, но не одговори на неколку клучни барања – вклучувајќи го и разоружувањето и немањето никаква идна улога во управувањето со Газа. Висок израелски безбедносен извор изјави дека разговорите првично ќе се фокусираат само на ослободувањето на заложниците и ќе му дадат на Хамас неколку дена да ја заврши таа фаза.

— реклама —

Британскиот премиер, Кир Стармер ја повтори својата поддршка за мировниот план, велејќи:

„Ја поздравуваме иницијативата на САД за мир на Блискиот Исток и оваа влада ќе направиме сè што е во наша моќ за да се оствари денот кога секое дете на Израел ќе може да живее мирно, заедно со своите палестински соседи, во безбедност и сигурност“.

Се очекува овие дискусии да бидат меѓу најзначајните од почетокот на војната и би можеле да одредат дали конечно е на дофат патот кон завршување на конфликтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

gaza44

Историски договор меѓу Хамас и Израел, ќе почне спроведува првата фаза од мировниот план на Трамп

Свет | пред 3 месеци

Нема фотографија

Иванов: Со договорот од Преспа го негирате македонскиот народ, а со Законот за јазици ја демонтирате државата

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања