Историски договор меѓу Хамас и Израел, ќе почне спроведува првата фаза од мировниот план на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
gaza44

Израел и Хамас имаат договор за спроведување на првата фаза од мировниот план на Трамп за прекин на вбојната во Газа.

— реклама —

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека е договорена првата фаза од мировниот план за Газа.

— реклама —

„Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план“, рече Трамп.

— реклама —

„Ова значи дека СИТЕ заложници наскоро ќе бидат ослободени, а Израел ќе ги повлече своите трупи на договорената линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир. Сите страни ќе бидат третирани праведно! Ова е ПРЕКРАСЕН ден за арапскиот и муслиманскиот свет, Израел, сите околни земји и Соединетите Американски Држави, и им се заблагодаруваме на медијаторите од Катар, Египет и Турција кои работеа со нас за да се случи овој историски и без преседан настан. БЛАГОСЛОВЕНИ ДА БИДАТ МИРОТВОРИТЕ!“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху подоцна изјави дека договорот е „голем ден за Израел“.

Рече дека ќе ја свика владата во четврток за да го одобри договорот и да ги врати дома, како што рече, „сите наши сакани заложници“.

Хамас потврди дека се согласил со предложениот мировен договор со Израел, велејќи дека го сторил тоа „со цел да се стави крај на војната на истребување на палестинскиот народ и да се повлече окупацијата од Појасот Газа“.

Во соопштението за медиумите, тие им се заблагодарија на медијаторите од Катар, Египет и Турција и на американскиот претседател Доналд Трамп за нивните напори.

Тие ги повикаа Трамп и другите земји да обезбедат Израел да ги исполни своите обврски според договорот: „Окупациската влада треба да биде принудена целосно да ги спроведе барањата од договорот и да не ѝ биде дозволено да го избегнува или одложува спроведувањето на она што е договорено“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Израелска авиокомпанија може да биде казнета за високи цени на билетите

Свет | пред 1 ден

media-library74fi481gt6i71Q1oAw4

Тешки израелски напади врз Газа, загинати најмалку 32 лица

Свет | пред 1 седмица

izrael-vojska

САД одобрија продажба на оружје за Израел вредна 6,7 милијарди долари

Свет | пред 1 седмица

Iran

Иран го погуби обвинетиот за шпионажа за Израел

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања