Промени тема
Контакт

Прегратки и солзи, последните заложници на Хамас се со семејствата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-librarysl47erbhktib6ZA9dWo
YouTube/Print Screen

По точно 738 денови заробеништва, Хамас повеќе не држи заложници. Денеска се ослободени последните живи, како дел од мировниот план за Газа.

Некои од заложниците успеале да остварат краток видеоразговор со своите семејства непосредно пред ослободувањето, а снимките од тие моменти се појавија и на социјалните мрежи.

— реклама —

Мајката на 25 годишен заложник, Ејнав Зангаукер, кој беше ослободен во претходните мировни договори со Хамас, денеска за Тајмс ов Израел изјави:

„Сите доаѓате дома – сите! „Војната заврши.“

— реклама —

Во следните часови се очекува ослободување и на 250 палестински затвореници и 1.700 лица, кои ги држи Израел, а меѓу нив има и 22 деца.

— реклама —

Според израелските медиуми, затворениците се подготвуваат за напуштање на затворот Офер, лоциран на окупираниот Западен Брег.

Списокот на ослободените затвореници беше објавен од израелското Министерство за правда во петокот.

Во него не се вклучени седумте високи палестински функционери, меѓу кои Марван Баргути и Ахмад Саадат, кои Хамас ги бараше како дел од размената.

Десетици семејства од утринските часови се пред затворот да ги пречекаат своите блиски. Според планот, околу 100 затвореници ќе бидат ослободени на Западниот Брег, други ќе бидат депортирани во Газа или Египет, а мал дел ќе биде ослободен во Источен Ерусалим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gaza1

Тројца убиени во израелски напади во Газа, меѓу ранетите и девојче

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

Во Газа расте насилството врз жените и девојчињата, нагло се зголемени раните бракови

Свет | пред 2 седмици

gaza44

Најмалку 73.919 загинати во Газа од почетокот на конфликтот

Свет | пред 2 седмици

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Бројот на загинати во Газа достигна 73.910, повредени се 174.914

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања